Не ми текна посоодветно место да се отвори темава, слободно нека се премести ако не е на добро место.
Не знам дали има уште некои вакви апликации, ако има слободно нека се додадат во насловот, не е целта реклама да правиме некому, туку чисто да се споделат позитивни/негативни искуства со користење на објекти кои ги има во понудата на 2те апликации, особено ме интересира делот дали некаде не сте биле третирани подеднакво како некој што си плаќа редовно чланарина (ви даваат да ги користите само во 'бош' термини итн).
Накратко, овие 2 се апликации, работат на принцип така што си ја симнуваш апликацијата, правиш акаунт и имаш за цел месец листа на објекти (теретани, базени, спа, пинг понг, куглање, тенис., функционални тренинзи студиа, кикбокс, масажи..) каде што можеш да одиш без да плаќаш за нив, односно единствено плаќање е еднаш месечно на апликацијата. Не знам колку е редовна регуларна цена (сигурно има по страниве), бидејќи најчесто фирми ги нудат овие апликации/профили, кај некои фирми се скроз бесплатни, кај некои се плаќа некоја помала сума одредена од фирмата (остатокот фирмата ги покрива). СпортМастер според мене има помалку атрактивни објекти, ама солидни се, можеш да вежбаш по еднаш дневно секој ден во месецот во кој објект сакаш, значи можеш сите 30 дена во месецот различен објект или сите 30 ист објект, ти си бираш, не можеш 2 пати во ден само. ФитКит како што знам (не го користам јас), има поатрактивни локации и работи на принцип секој објект вреди одреден број на поени и месечно секој има одреден број поени колку може да искорсити, пример некој има 30 поени, обично вежбање во теретана би му било 2 поени (и ако оди само во теретана ќе може 15 пати), додека пак масажа би му била 15 поени и би можел 2 пати на масажа само да отиде, секако може да се комбинираат поените масажата+вежбање+тенис итн. Различни објекти се нудат иако има што се заеднички во двете апликации.
Па темава нека е за споделување искуства со апликацииве, со објектите кои ги нудат, прашања. Еве за почеток, дали нешто од ова користите, од кои објекти сте задоволни, од кои не сте?
Листа на локации кои ги нудат 2те може да најдете тука:
sportmaster.mk
fitkit.app

СПОРТСКИ ОБЈЕКТИ - Sportmaster

Locations - Fitkit

Последно уредено: