Олимпијада, Beijing 2022

  • Креатор на темата Креатор на темата dace@mkd
  • Време на започнување Време на започнување
Нека забранат женски хокеј на Олимпијада, нека направат една утакмица САД-Канада и кој победи злато, кој изгуби сребро, за бронза немора. Ова е брука што го гледаме на цел турнир, како да играат со мали деца на еден гол. Неколку нивоа е женскиот тимски спорт во Европа подолу од САД, Канада.
 
за разлика од жените, во машка конкуренција ги елиминираа во 1/4 финале и Канада и САД, без НХЛ играчите тешко се стигнува до медал. за некои изненадување победата на Словачка над САД.
1/2 финале
Словачка - Финска
Шведска - Русија

според мене Финска е сигурна во финалето, за вториот финалист интересна борба ќе гледаме меѓу Шведска и Русија.
 
Кај жените е очекувано таква разлика во квалитет затоа што во Европа левелот на женскиот хокеј е аматерски на некој начин ги гледав квалификационите турнири и видов доволно знаев шо да очекувам тек на Олимпијада. Кај маживе денес бар очекувано Русија имаше најлесна задача,Финците искористија исцрпеноста на Швајцарија и шо глупакот Од тренер непочна на гол со Џенони,Шведска ја очекував после 1/3 впрочем Канаѓаните се репка шо ако на почеток напаѓаат јако прават разлика иако една грешка ја одлучи.Словаците се изненадување иако ова е репрезентација која шо ќе е интересна во иднина имаат доста добра млада генерација. Финците ги гледам ко златни од почеток затоа што играчите се познаваат доста добро поставите скоро па и во клубовите да им играат заедно првата им е оган со триото од Уфа. Се надевам само дека овај Тони не ќе коментират до крај чоеков е тежок смор кога е во прашање коментериње хокеј.
 
Еве една убава приказна да пробуди малку надеж за македонскиот зимски спорт. Имено денес Јапонија има претставници во финалето на женскиот дел од турнирот во Карлинг, што претставува фантастична приказна. Карлингот е доста непознат спорт во Јапонија, но во 1980 доаѓа некој тим од Алберта, Канада да го претстави спортот во малото градче на северот на Хокаидо, Токоро (Китами). После тоа е формиран мал надворешен ринг за карлинг и импровизирана сала за карлинг во зимските месеци во 1988. Освен ова Карлингот е направен задолжителен за двете основни и средни училишта од градчето. Ова после некое време вродило со плод и играчите кои излегле од тие две училишта ги дале скоро сите карлинг играчи на Јапонија, почнувајќи од зимските игри во 1998. Целиот тим на Јапонија, вклучително и Сатсуки Фучисава капитенот, доаѓа од тоа градче и игра за локалниот тим Loco Solare. Така да спремајте го карлингот во Валандово или Крушево кои се тука некаде со големина. Има надеж и за нас.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom