Исхрана

  • Креатор на темата Креатор на темата devillss
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
10 ноември 2020
Мислења
3
Поени од реакции
0
Возраст
25
Може ли помош околу тоа насабалје во 9 отприлика што да се јаде ако се има фудбалски тренинг во 12 ми здосадоа овесните некој други здрави работи како овесните насабалје ако може да ми кажете
 
Може ли помош околу тоа насабалје во 9 отприлика што да се јаде ако се има фудбалски тренинг во 12 ми здосадоа овесните некој други здрави работи како овесните насабалје ако може да ми кажете
Напрај ги да ти бидат интересни. И мене ми здосадија, сменив малку и сега ми се омилени за јадење :D
Направи си шејк веј протеин уште до вечерта и стај го во фрижидер. Сабајлето стави ги овесните во чинија и додај чиа семе, цимет и малку нес кафе и на крај истури го протеинот и размешај, почекај некое време да омекнат и ете ти вкусен оброк. Само овесни снегулки се бљуткави, многу брзо можат да здосадат.

Ако не, би ти препорачал оризови галети, јајца (на пример 2 цели јајца и 3 белки) и урда (Ѓорѓиеви, Здравје Радово).
 
Јас овесните ги мешам со јогурт од Бучен Козјак, додавам чиа семе и една шака шумско овошје (претходно одмрзнато). Највкусни ми се така.
 
Јас овесните ги мешам со јогурт од Бучен Козјак, додавам чиа семе и една шака шумско овошје (претходно одмрзнато). Највкусни ми се така.
Тоа заборавив да кажам, во шејкерот пред да го ставам протеинот со рачен блендер блендирам замрзнати малини или јагоди, додавам вода и протеин, промешувам и оставам да стои цела вечер. Кога ќе се додаде во овесните другиот ден е милина за јадење :love:
 
Јас све и свашта ставам... сеа океј тоа да има смисла.
Еве претежно како ги праам.
Одмрзнувам вишни и малини, сецкам банана, истурам чиа,ленено(мелено), семки од тиква, суво овошје(претежно ставам брусница), овес, кокос и цимет.
Убаво сето тоа го мешам, малините и вишните пуштаат доволно сок и сето тоа го мешам убаво со лажица. Смесата е превкусна и доволно сочна, не ставам ништо од јогурт/млеко/вода дополнително.
 
Напрај ги да ти бидат интересни. И мене ми здосадија, сменив малку и сега ми се омилени за јадење :D
Направи си шејк веј протеин уште до вечерта и стај го во фрижидер. Сабајлето стави ги овесните во чинија и додај чиа семе, цимет и малку нес кафе и на крај истури го протеинот и размешај, почекај некое време да омекнат и ете ти вкусен оброк. Само овесни снегулки се бљуткави, многу брзо можат да здосадат.

Ако не, би ти препорачал оризови галети, јајца (на пример 2 цели јајца и 3 белки) и урда (Ѓорѓиеви, Здравје Радово).
Што е разликата дали ке го направи протеин шејкот вечерта или сабајлето?
 
Што е разликата дали ке го направи протеин шејкот вечерта или сабајлето?
Ништо, јас го правам на тој начин за да ми е ладен шејкот сабајлето.
 
Само јас ги варам овесните бе? Од оние хаферфлокен сините си земам и ги варам, после додавам веј или путер од кикири или замрзнато овошје ..
 
Значи пак јас сум најдосаден со јадењето :D Клот само со вода ги јадам, ставам мусли исто сините, турам ладна вода чешмовача и сркам. Деликатес.
Него, не е лошо модератори ако има да ја спојат оваа тема, со главната, да не се дуплира, таму за сите е подостапно, најгоре е темата цело време.
 
Мене припрема на појадокот ми зема 2-3 минути блендирање, специјално имам чаша за мелење семиња и маста и ја вадам :D

Инаку мојот „рецепт“ е следниот:

-мелам овес во чашата за семиња на блендер (жолтите од Кам).
-мелам микс: чиа семе, ленено семе, семки од тиква (по малку од сите).
-замрзнати малини или микс (ги има замрзнати во продавниците: аронија, малина, јагода).
-цимет и некогаш му ставам по неколку капки кокосово масло
-пола дозерка протеин (ако немам без протеин, некогаш за вкус ставам какао).
-млака вода или некогаш нискомасно млеко

Се ова во еден сад, го оставам 3-4 минути да отстои заедно и го јадам.

Со ситни варијации ова ми е појадокот скоро секој ден :)
 
Овес со млеко и малце несквик и терам. Некогаш и некој корнфлекс да не биде монотоно. Немам проблем секој ден да го доручкувам ова.
 
Скоро година дена правам смути од сабајле само не ставам овесни. Мојот рецепт е ваков:
- Банана
- лажица мед
- ореви
- ленено семе
- чиа семе
- афион семе
- сончоглед
- семки од тиква
- какао / цимет
- замрзнати вишни
- замрзната аронија (највеќе антиоксиданси има, мн битно за детокс)
- козјо млеко ставам (домашно) ама може и вода кој како сака
Некогаш ставам нешто дополнително овошје малку да сменам круша/јаболко/дуња итн што се најде.
Скоро сите овие работи ги има по кам/стокомак не мора по дупло цена од тинекс да се земаат.
Па и не некој "бодибилдинг" оброк, да ти кажам искрено.
Протеин никаде не гледам, а јаглехидратите само од овошје...

Да не ме разбереш погрешно, за невежбачи ќе помине оброков :D
 
Па и не некој "бодибилдинг" оброк, да ти кажам искрено.
Протеин никаде не гледам, а јаглехидратите само од овошје...

Да не ме разбереш погрешно, за невежбачи ќе помине оброков :D

Не видов дека ја ставиле темава во боди билдинг и откако го видов тоа си го избришав коментарот. Мислев чисто здрава исхрана.
Немам јас врска со боди билдинг.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom