Најдобри поволности за стан (банки)

  • Креатор на темата Креатор на темата b0j@N@
  • Време на започнување Време на започнување
Дали за одобрување кредит од банка мора имотен лист?

Ќе купуваме стан од изведувачот на зграда (не инвеститор), на кој станот му е даден во компензација и пријавен со предбелешка во катастер, и има предимотен лист. Имотни листови нема никој добиено бидејќи зградата е уште во градба, за некој месец треба да биде пуштена.

Прашањето ми е дали во банка ќе одобрат кредит со преддоговор, предбелешка и имотен лист од зградата/земјиштето кое е на инвеститорот? Или мора стриктно имотен лист, кој во овој случај не може да се извади.
Ќе одобрат во банка со преддоговор и предимотен лист.
 
Кратко прашање, дали кога земаш кредит на 20 години и тој кредит чини 50,000 евра. На крајот од тие 20 години регуларно плаќање ти ќе исплатиш пример 70,000 евра.

Дали доколку го вратиш кредитот во рок од 10 години вкупната камата ќе се намали или едноставно само периодот на отплата ќе ти се намали а ти секако каматата ќе си ја платиш?
 
Ke ti se namali.
 
Има ли некој земено или воочено во која банка има најмала камата? И кај не бараат учество?
Така од прилика за камативе најниска Шпаркасе па кооперативна ми се видоја..
 
Дали за станбен кредит мора да има и ко-кредитобарател?
 
Дали за станбен кредит мора да има и ко-кредитобарател?

Не, но зависи од повеќе фактори

Колкав кредит сакаш да земеш,
на колку години,
колку учество ќе упатиш,
колку месечно заработуваш

Банката ќе ти дозволи ~1/3 од месечните примања да ти бидат за рата ( доколку ти сакаш, се разбира )
 
Дали можам потврда за платен персонален данок да приложам како доказ за приход? Фриленсер сум, и не сум осигуран.
 
Jaс мислам дека до 40-50% може да ти биде ратата за кредит повеќе и законски не смее.. Другото е све добро кажано..
Автоматски споено мислење:

Дали можам потврда за платен персонален данок да приложам како доказ за приход? Фриленсер сум, и не сум осигуран.
Многу тешко.. Единствено некој друг имот да дадеш под хипотека како залог..
 
Не, но зависи од повеќе фактори

Колкав кредит сакаш да земеш,
на колку години,
колку учество ќе упатиш,
колку месечно заработуваш

Банката ќе ти дозволи ~1/3 од месечните примања да ти бидат за рата ( доколку ти сакаш, се разбира )
1/2 од месечните примања е за станбен кредит

Дали можам потврда за платен персонален данок да приложам како доказ за приход? Фриленсер сум, и не сум осигуран.
Јас сум во процедура за станбен кредит, пријавен сум во македонска фирма колку и плус фриленсам. За да ми го земат во предвид и девизниот прилив ми побараа годишна даночна пријава. Баш пред саат време ми се јавија од банка и ми потврдија дека и девизниот прилив ми е земен во предвид и вкупните примања ми се многу повисоки. Ако се водиш како невработен и имаш девизен прилив најубаво да отидеш до банка да прашаш. Јас аплицирав во тутунска
 
@vidooq
Обично е проблем за фриленсери, иако имаат прилив од странство и ги сметаат за поризични категории.
Даваат ама со поголема каматна стапка и сепак бараат некој друг начин на обезбедување за кредитот. Ова што го зборам е од личен разговор со директор на експозитура на НЛБ. Така да, ако е можно мини си плата кај некој со некоја задоволителна плата е јебига скоро 50% на нетото ќе имаш придонеси.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom