Што мислите за Жан Митрев?

Член од
7 септември 2016
Мислења
15.402
Поени од реакции
27.024
...не се криви приватните болници, ниеден пациент не е примен вон негова желба, нит со сила му се земени парите, сите пациенти било кај Жан Митрев, било Систина, Ремедика побарале приватна здравствена услуга доброволно и тоа е тоа.

... НО, кривец тука е државата и јавните државни институции, криви се тие сите директори на здравствени институции кои на перфиден начин ги кријат најновите софистицирани апаратури дадени како донација на јавното здравство по подрумите дали да нема можност пациентот да го искористи државното здравство, ал од незнаење и необученост да се користи таа апаратура, криво е министерство за здравство што инвестира на непостоечки респиратори и непостоечки специјализации, ништо плански како во трло, сите овци на една специјализација, треба нетреба, терај Мишко!
...веќе две години се пишува, се зборува дека Охрид НЕМА ПЕДИЈАТАР, алооо УНЕСКО град да нема детски лекар и сите да трчаат во Струга каде педијатрите се двајца без тројца веќе пред пензија, за тоа ли е крив Жан Митрев, кога мајката во штипската болница пишува на ќерката дека нема кој да и’ постави кислород и дека се гушела и починала без присутен медицински персонал ниту доктор ниту сестри, дали Жан Митрев е крив или пожарот во тетовската модуларна болница каде за само три минути изгорела во неа 5 соби по 5 пациенти, крив е кабелот или Жан Митрев или државата?
...без медицински персонал по болниците, на една сестра и доктор вработени се по еден правник, економист и советник, тоа не е медицинска установа, тоа е општинска установа со по некоја амбуланта и болничка соба, крив е Жан Митрев, што наместо инструментарка или акушерка да се вработи се вработува советник со завршено факултет за туризам, економисти, правници социјални работници психолози, само не здравствени работници, е па во приватни болници нема такви работи, само стручен кадар кој треба да се плати.
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
5.349
Поени од реакции
5.508
Болница во Прилеп = 390 кревета на 65 000 жители град.
Од кои 69 кревети на интерно одделение (тука се пациенти на кардио, гастро, ендокринологија, реума, пулмологија)
Нема коронароангиографија, нема специјално одделение за лечење на ХОББ, гастроскопија и колоноскопија хирурзи правеле??? Wtf???

Градче од 40 000 жители во Германија. Болницата има 500 кревета. Кардиологија има само 100 кревета, гастро 40, пулмологија 30, ендокринологија 20.

Одделението по кардиологија ги прави сите можни терапии на срце со исклучок на кардихируршки интервенции. Гастроентеролигија сите можни интервенции.

Иначе одделенијата во германските болници се полни со пациенти.

Спореди за која здравствена заштита станува збор, тука и таму.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
15.402
Поени од реакции
27.024
Болница во Прилеп = 390 кревета на 65 000 жители град.Од кои 69 кревети на интерно одделение (тука се пациенти на кардио, гастро, ендокринологија, реума, пулмологија)
Нема коронароангиографија, нема специјално одделение за лечење на ХОББ, гастроскопија и колоноскопија хирурзи правеле??? Wtf???Градче од 40 000 жители во Германија. Болницата има 500 кревета. Кардиологија има само 100 кревета, гастро 40, пулмологија 30, ендокринологија 20.Одделението по кардиологија ги прави сите можни терапии на срце со исклучок на кардихируршки интервенции. Гастроентеролигија сите можни интервенции.
Иначе одделенијата во германските болници се полни со пациенти.Спореди за која здравствена заштита станува збор, тука и таму.
... прва разлика е во староста на објектите, нашите болници се од југославенско време ништо реновирано, проширено, несоодветни болнички соби, освен приватните болници.

... прилепската болница е „Општа болница„, а како таква ги има тие одделенија и толку кревети, за да се има сето тоа што спомнуваш како и тие здравствени услуги треба да биде повисок степен на организација на здравствена услуга и соодветен објект со соодветни критериуми т.е. да биде „Клиничка болница“, а ги има само три во МКД (Битола, Тетово, Штип).
... или уште повисок степен од „Клиничка болница“т.е. „Клиника“ што има критериум и за вработениот персонал и за простор и за кревети и специјализирани за една болест со едни специјалисти и со највисоко ниво на давање здравствена услуга, односно уште повисоко „Универзитетска клиника“ како место за давање на најсофистицирана здравствена услуга, цела МКД е таа старата југославенска здравствена институција, единствено во Клинички Центар во Скопје каде се лоцирани Клиниките, Универзитетските клиники, па до некаде екс градска болница и екс воената болница „ 8 ми Септември можеш да го споредуваш со германското здравство т.е. тамошни болници,

bolnica-kicevo2.jpg 19184135_10212980958422404_1642050678_n.jpg

...другото во МКД е за жалење, јас кога ги посетував онака комбинирано службено, според условите на самите болници и на вработените јас само се крстев, повели пример од кичевската болница,

20141109_142003.jpg

а новата зграда која би била кичевска болница требаше уште 2018 година да биде готова, уште седи така,

Screenshot 01-24-2023 22.41.23.png 07072020_zpvrsm_shekerinska_mz_filipche_poseta_opshta_bolnica_kichevo_1.jpg

а се работи во ова штала од зграда, тука дури се вакцинираат децата, не знам како совеста им дава и на овие здравствени работници и политичари (РШ) и министерот (ВФ) што ја посетиле и ја оставиле така без да мрднат со прст, невидена работа!

...па после зошто пациентите одат во приватните болници, зошто бараат здравствена услуга кај Жан Митрев, па тој бил крив, не се гледа и решава последицата на проблемот, секогаш се гледа и се осудува причината на проблемот, ако сакаме да го решиме проблемот!

... и немој споредбено болнички соби во градовите според број на населението, тука држиме критериум и стандард само за обложувалници и казина и коцкарници.
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
5.349
Поени од реакции
5.508
... прва разлика е во староста на објектите, нашите болници се од југославенско време ништо реновирано, проширено, несоодветни болнички соби, освен приватните болници.

... прилепската болница е „Општа болница„, а како таква ги има тие одделенија и толку кревети, за да се има сето тоа што спомнуваш како и тие здравствени услуги треба да биде повисок степен на организација на здравствена услуга и соодветен објект со соодветни критериуми т.е. да биде „Клиничка болница“, а ги има само три во МКД (Битола, Тетово, Штип).
... или уште повисок степен од „Клиничка болница“т.е. „Клиника“ што има критериум и за вработениот персонал и за простор и за кревети и специјализирани за една болест со едни специјалисти и со највисоко ниво на давање здравствена услуга, односно уште повисоко „Универзитетска клиника“ како место за давање на најсофистицирана здравствена услуга, цела МКД е таа старата југославенска здравствена институција, единствено во Клинички Центар во Скопје каде се лоцирани Клиниките, Универзитетските клиники, па до некаде екс градска болница и екс воената болница „ 8 ми Септември можеш да го споредуваш со германското здравство т.е. тамошни болници,

Прегледај го приврзокот 363701 Прегледај го приврзокот 363702

...другото во МКД е за жалење, јас кога ги посетував онака комбинирано службено, според условите на самите болници и на вработените јас само се крстев, повели пример од кичевската болница,

Прегледај го приврзокот 363705

а новата зграда која би била кичевска болница требаше уште 2018 година да биде готова, уште седи така,

Прегледај го приврзокот 363703 Прегледај го приврзокот 363704

а се работи во ова штала од зграда, тука дури се вакцинираат децата, не знам како совеста им дава и на овие здравствени работници и политичари (РШ) и министерот (ВФ) што ја посетиле и ја оставиле така без да мрднат со прст, невидена работа!

...па после зошто пациентите одат во приватните болници, зошто бараат здравствена услуга кај Жан Митрев, па тој бил крив, не се гледа и решава последицата на проблемот, секогаш се гледа и се осудува причината на проблемот, ако сакаме да го решиме проблемот!

... и немој споредбено болнички соби во градовите според број на населението, тука држиме критериум и стандард само за обложувалници и казина и коцкарници.
Значи општата болница во Прилеп поседува околу 300 кревети кои "служат" за одделенија кои треба да ги има во универзитетска болница а ги НЕМА ниту во повисоко организирана устанува како клиничка. Ете ја имаат Битола за 30 километра а имаат, дерматологија, очни болести и еден куп одделенија кои не одговараат за општа болница. Единствен критериум за тие 300 кревета е само партиско вработување. За друга намена стварно не гледам причина.

Тука се гледа колку е здравството глупаво организирано, без план, сметка и стандард.

Покрај крадењето на финансии се гледа дека и еден степен на глупоќа игра улога кај надлежниве сите овие годин.
 
...дали си запознат дека прилепската Општа болница и битолската Клиничка болница половина од инфузиони раствори што ги применуваат за своите болни сами си ги произведуваат, во 21 век да имаат сопствено производство ејјј, а битолската дури и сопствени онколошки лекови, тоа во германско здравство нема!
 
Напрај реклама. На тие битолски и прилепцки производи.
Чекам :)
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
15.402
Поени од реакции
27.024
Напрај реклама. На тие битолски и прилепцки производи.
Чекам :)
... со закон е забрането реклама на лекови :D
...и кумановци такоџе, да не ги испуштам.
...ај бегаме од тука овде е абаут Жан Митрев.
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
5.349
Поени од реакции
5.508
... со закон е забрането реклама на лекови :D
...и кумановци такоџе, да не ги испуштам.
...ај бегаме од тука овде е абаут Жан Митрев.
Сеа муабетов рекла казала ти излезе
 
Член од
30 октомври 2022
Мислења
76
Поени од реакции
223
Добро е шо го имаме Жан Митрев.Многу животи спасии.Не знам зошто започнаа хајка против него.По се изгледа во прашање е рекет.Демек се во државава е супер за Жан се фатија.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom