To е затоа што денешните сфаќања и знаења им ги ставаш на совест на луѓето кои живееле пред 2-3-4 иљади години. Им замеруваш што немале фејсбук, интернет, што биле писмени само грст луѓе што немале лабаратории и сателити, печатени книги и ајподи. Си станал денес наспан, климата ти бучи ако ти е жешко, (или ако ти е ладно) во фрижидерот си нашол нешто да поткаснеш, си се напил витамин ц или парацетамол оти нешто како поднастинат се осеќаш си проверил мејл и пораки на профил и се мислиш дал да одиш негде на кафе или вечер дал да останеш и гледаш некој филм или излезеш. И се чудиш како тоа не му било јасно на човек кој пред 2000 години се надевал дека ќе доживее старост од 40 години, немал ни социјално ни пензиско, ни струја ни фрижидер, ни лаптоп, умирал од сипаници, тифус, колера, дизентерија, воспаление кое денес ќе го излекуваш со 100 денари антибиотиок, од сабајле до вечер се трудел да си извади парче леб не патувал подалеку од 20 километри од дома и не познавал никој подалеку од неговото место ниту бил свесен за земјата, континенти, цивилизации, ниту имал време кога да размислува за нив. Пред 150 години не помислувавме дека ќе се лета во челични машини со по 200-300 луѓе внатре од континент до континент, научници пред 200 години пресметувале дека патници во тогаш новото чудо наречено воз ќе умрат поради тоа што при брзина од 40 км/час цел воздух од вагоните ќе бил исцицан.........