Цени на станови во Скопје? Колку се реални?

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.628
Поени од реакции
34.881
Не би рекол дека е ова едноставна одлука на политичар. Класичен пазар е во прашање. Кога ќе снема логика во купување празни станови пошто рентата е мизерна, нема туристи, нема миграција од други држави пошто Скопје не е никаква дестинација за expats, тогаш ќе почнат парајлиите да гледаат други "проекти" за инвестирање. Ќе се деси Банско убаво вика Индијанец, значи веќе прошле другите низ тоа. Нема логика плативе да не се мрднати, а стан што коштал 900 еур/квадрат пред 5 години сега да е 1200 еур/квадрат. Ни па каматите се нешто драматично намалени или условите олеснети. Економија малтене и да нема. Класична перална се становите, и чат пат по некој млад брачен пар што ќе се заглави на 20 години кредит.
Инфлацијата оди нагоре, цените нема да им паднат, може да им забави растот ако нема побарувачка.
Други проекти додека не влеземе во ЕУ тешка работа.
Политичар/влада може да го промени ако ги зголеми даноците за повеќе од една недвижност, во моментот данокот е смешен.
 
INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373

И да ги зголемат трикратно пак не е некој трошок, јас плаќам 2500 ден годишно и да дојде да плаќам 7.500 пак не е нешто страшно за цела година.
 
SkimSkam

Full Stack Говнар
Член од
26 август 2021
Мислења
2.119
Поени од реакции
5.667

Зборам тука за луѓе што купуваат по 10-20 стана. Не зборам за некој што штедел 10 години и собрал 50к еура да купи гарсоњера, тие се небитни и малце ги има. Овие што купуваат на големо со прљави пари а во богзнае какви кеш колатерал договори со банките у четири очи, тие се кључните играчи. Нив кога ќе им се понуди некоја подобра опција од недвижнина тогаш ќе биде крајот. Данокот нив не им игра улога, а инфлацијата иде на нивен трошок директ. Ама се си има крај, па така и ова. Тврдам дека кај нас цените на квадратот не отидоа нагоре раади инфлација на материјали, него ради шпекулација и незнаење да се инвестира во нешто друго освен во земја. Останато од турско е тоа у генот :)
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.633
Поени од реакции
4.934

Крахот ќе биде кога ќе неможе државата да ги исплаќа обврзниците тогаш ќе колабира целиот пазар на недвижности. А ако продолжи растот сега може и само по себе зошто нема да има логика да се купува. А и најверојатно ќе има рецесија за 3-4 години и ќе немаат вишок пари граѓаните.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.628
Поени од реакции
34.881
И да ги зголемат трикратно пак не е некој трошок, јас плаќам 2500 ден годишно и да дојде да плаќам 7.500 пак не е нешто страшно за цела година.
И основниот треба да оди нагоре, не само тој за луксуз, со години се токмат за тоа, во претходната влада на Груевски затоа започна и проектот за Легализација.
Зборам тука за луѓе што купуваат по 10-20 стана. Не зборам за некој што штедел 10 години и собрал 50к еура да купи гарсоњера, тие се небитни и малце ги има. Овие што купуваат на големо со прљави пари а во богзнае какви кеш колатерал договори со банките у четири очи, тие се кључните играчи. Нив кога ќе им се понуди некоја подобра опција од недвижнина тогаш ќе биде крајот. Данокот нив не им игра улога, а инфлацијата иде на нивен трошок директ. Ама се си има крај, па така и ова. Тврдам дека кај нас цените на квадратот не отидоа нагоре раади инфлација на материјали, него ради шпекулација и незнаење да се инвестира во нешто друго освен во земја. Останато од турско е тоа у генот :)
За такви зборувам и јас, и да видиш како ќе им игра улога ако растот намали, а секоја година фрлаат по 1000 евра за даноци и одржување на тој стан.
За последниот дел се согласувам.
 
INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Зборам тука за луѓе што купуваат по 10-20 стана. Не зборам за некој што штедел 10 години и собрал 50к еура да купи гарсоњера, тие се небитни и малце ги има. Овие што купуваат на големо со прљави пари а во богзнае какви кеш колатерал договори со банките у четири очи, тие се кључните играчи. Нив кога ќе им се понуди некоја подобра опција од недвижнина тогаш ќе биде крајот. Данокот нив не им игра улога, а инфлацијата иде на нивен трошок директ. Ама се си има крај, па така и ова. Тврдам дека кај нас цените на квадратот не отидоа нагоре раади инфлација на материјали, него ради шпекулација и незнаење да се инвестира во нешто друго освен во земја. Останато од турско е тоа у генот :)
Баш тоа и јас го мислам, покрај странски банки државава е дебело задолжена и во нашите, па мора парата да врти.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.633
Поени од реакции
4.934
И основниот треба да оди нагоре, не само тој за луксуз, со години се токмат за тоа, во претходната влада на Груевски затоа започна и проектот за Легализација.

За такви зборувам и јас, и да видиш како ќе им игра улога ако растот намали, а секоја година фрлаат по 1000 евра за даноци и одржување на тој стан.
За последниот дел се согласувам.
Краткорочно инфлацијата може да се намали, среднорочно може да има рецесија и да снема побарувачка и извор на пари, долгорочно државата може да банкротира и да настрадаат банките а со тоа и све. Така да не е паметно на долг рок воопшто недвижност.
 
Член од
27 октомври 2017
Мислења
512
Поени од реакции
743
Кириите се во моментот ниски ради пандемијата, нема студенти. Очекувајте од септември дуплирање на кириите.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.628
Поени од реакции
34.881
Краткорочно инфлацијата може да се намали, среднорочно може да има рецесија и да снема побарувачка и извор на пари, долгорочно државата може да банкротира и да настрадаат банките а со тоа и све. Така да не е паметно на долг рок воопшто недвижност.
Па не е паметно, било кој ЕТФ ќе им даде поголем раст на долг период.
 
SkimSkam

Full Stack Говнар
Член од
26 август 2021
Мислења
2.119
Поени од реакции
5.667
Кириите се во моментот ниски ради пандемијата, нема студенти. Очекувајте од септември дуплирање на кириите.
Сакаш да кажеш дека стан што сега оди 250 евра, од септември ќе биде 500? Кој студент ќе ти плаќа 500 евра жити се, или да ако се уселат 10 души па амортизација на станот да ти искочи поише него ли ќарот.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.628
Поени од реакции
34.881
Кириите се во моментот ниски ради пандемијата, нема студенти. Очекувајте од септември дуплирање на кириите.
Абе можат да пробаат и да ги направат тројно повисоки, ама оди види ги коментарите на фб под становите што се изнајмуваат.
Студенти ќе има се помалку и помалку, едноставно мали се генерациите кои доаѓаат, плус интересот за факултетите е паднат, голем дел од дечките се опаметија дека е попаметно да земат пусулче од некоја академија/сертификат од некоја ИТ област, отколку некој да се изживува врз нив 5 години на факс.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.633
Поени од реакции
4.934
Па не е паметно, било кој ЕТФ ќе им даде поголем раст на долг период.
Јас не верувам во долг рок се може да се смени. А само 2 клика е разликата меѓу две сретства.
Автоматски споено мислење:

Сакаш да кажеш дека стан што сега оди 250 евра, од септември ќе биде 500? Кој студент ќе ти плаќа 500 евра жити се, или да ако се уселат 10 души па амортизација на станот да ти искочи поише него ли ќарот.
Сите купија стан во СК и тоа по два така да студентите ќе си седат во стан на мама и тато. Ретко кој ќе оди под кирија.
 
INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Кириите се во моментот ниски ради пандемијата, нема студенти. Очекувајте од септември дуплирање на кириите.
Студентите си одат на факултет, него се помалце студенти има, општо млада популација нема во државава, ќе видиме од пописот што ќе излезе.
 
Член од
27 октомври 2017
Мислења
512
Поени од реакции
743
Скопје сепак се зголемува годишно 5000 жители, иако остатокот од РСМ се испустува. Тоа се нови 1500-2000 станови годишно во скопје
 
INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Скопје сепак се зголемува годишно 5000 жители, иако остатокот од РСМ се испустува. Тоа се нови 1500-2000 станови годишно во скопје
Ако погледнеш статистика живородени/умрени само некои општини во Ск имаат позитивен раст. Карпош, Кисела Вода, Центар и Ѓорче имаат негативен прираст. А тоа 5000 што вадат лични карти не значи ништо, некој после 10 год живеење во Ск вади лична карта и се рачуна како зголемување.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom