MajMyH
EngineereD Fr0m DarknesS proTected by Divini✞Y ☤
- Член од
- 11 септември 2011
- Мислења
- 2.630
- Поени од реакции
- 2.256
Мене ми се гади од дуплата хипокризија кога некој како овој член ми пререкува за првата намена на животните.
Модерно општество демек не требало да се јаде месо, човекот е трево(о)пасен, има супституција за хранливи материи... Ајде, а целото човештво што се бавело со сточарство, демек само ради млеко? Не бидете смешни.
Друго ме интересира, колкава е цената на тој безбоен отров во земјоделските аптеки? Пошо ако има висока цена, се знае причината за негова продажба - црн пазар.
околу 200 денари се движи не е исплатливо да се шитка на црн пазар сеуште го има во земјоделски аптеки

Една дигресија, не гледам дека некој спомна за ~500.000 илјади јагниња што секоја година се колат/извезуваат да се колат од Македонија? А солжи крокодилски се ронат за кучињата ? Оние што шират зарази, беснило и напаѓаат во глунтици навечер?
Ми се гади просто од хипокризијата на луѓето.
Јадете пилешко, свинско, јунешко, јагнешко?
А не сакате да знаете од каде доаѓа месото? Кога е во аморфна форма на хамбургер, и вие не гледате кога говедето во кланица е удирано со чекан по глава, дури му прска крв од очите, паѓа на земја во агонија од болка, но поради смачканиот мал мозок е одземено во краците неспособно да мрда, а потоа со нож е заклано, тогаш е во ред нели? Или просто не ви е грижа, само затоа што вие не го гледате, и го галите вашиот мил пекинзер в скут, хранејќи го со конзерва првокласно месо.
Дволични бесрамници.
Сурова класификација друже, ова ти е исто ко класите кај луѓето, оние со кеш во џебот и „сина крв“ можат да прават што сакаат око да не им трепне, ако скине конци некој од нив го плачи целиот свет небаре голем човек бил, а од нас „обичните“ луѓе може да сме многу попаметни и поинтелигенти од тие копилиња али за нас ги боли само најблиските, а во светот сме смо една мала дамка. Кога замине некој политичар, водач, естраден уметник сите квичат наоколу е мене од тоа ми се гади, релативна работа е колку тие биле способни и надарени, меѓу обичните луѓе има многуууу попаметни и понадарени за било која работа од тие таму, но родени во погрешно време на погрешно место, така да заеби ја етиката.
Така е и со животните ете луѓето си ги класифицирале и му дале ранг и нив, кучето ќе биде чувар и другар и ќе го жалат, мачката исто, украсните птици пак исто (значи скоро се по надворешен изглед), овцата, свињата, живината.... се во тој низок дел од пирамидата фрлени и ќе служат само за храна.