Труење на кучиња и мачки

Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.623
Поени од реакции
36.354
Ццццц... Пред некој ден - тема: во Данска убиле жирафа за да му ја дадат на лавот да ја јаде, денес тема: во Македонија трујат кучиња... Што им сметаат толку животните бе? Што си земаат за право да одлучуваат што не треба да живее? Јас на ваквите би им дал не 5 години затвор, туку многу повеќе! Само штета што никој од нив нема да заврши во затвор. Ама ако... Кармата е кучка... :mad:
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.507
Ова да земеш и да ги отруеш сите тие што фрлаат отрови, па да видат како е.

Тоа се луѓе т.е. дегенерици кои во опасност ставаат туѓ живот. Може ќе отрујат некое невино кутре, но можеби и ќе отрујат некое невино дете кое си игра надвор.

Нели само некои проекти прават, та за да се носело маска, та да се носело поводник, та кучето да не лаело......, а што правиме со дегенерициве штетни за општеството. Што не ги фаќаат трујачите.

До кај стигна светов, до кучиња да трујат им дојде... :facepalm:
 
Член од
22 ноември 2011
Мислења
376
Поени од реакции
454
Lanateto e zabraneto vo mnogu zemji (vklucitelno i kaj nas, ama pak go ima) ne oti nekoj mnogu se grizi za kucinja skitnici, tuku bidejki e navistina mnogu opasen preparat. Nasekade kadesto e zabranet porano masovno se koristel vo zemjodelieto, i utvrdeno e deka e sigurno opasen za lugeto - moze da se zatrues preku direkten kontakt so kozata, preku vdisuvanje, so hranata i so vodata. Opasnosta e osobeno vo toa sto vaka golemi kolicini frleni mamci so otrov, i da ne gi izede nekoe kuce ili da ne gi fati dete, ostanuvaat dolgo na pocvata i se infiltriraat vo nea i podzemnite vodi taka da golema moznost ima koga ke ja otvorite cesmata doma, da piete voda so tragi od lanate.
 

Cannabinoid

Cannabinologist, MMD
Член од
18 јануари 2008
Мислења
597
Поени од реакции
466
Труењето во никој случај не е решение.
Си постои шинтерска служба која што по пријава на граѓаните оди на терен и ги собира скитниците.
Со труењето на скитниците, настрадуваат и домашните миленици.
Постои служба ама истата не функционира како што треба. Башка истите кучиња/мачки подоцна повторно се пуштаат на улица, што не е перманентно решение.

Решението е фаќање на сите мачки и кучиња ситници од улиците, и нивно држење во шинтерска станица се додека некој не ги вдоми. Така ќе нема потреба од ставање отрови насекаде, кои се ризик за децата, но и за домашните миленичиња...

Така тоа функционира во поразвиените и поцивилизирани држави.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lu
Член од
23 ноември 2010
Мислења
1.837
Поени од реакции
2.104
Чував куче 13 години за на крај да ми биде отруено од некој си идиот кој што и самиот се мрзи што се буди секој ден:mad: Ми требаше доста време да се одлучам повторно да чувам куче и сега бидејќи живеам во непосредна близина на Острово, ме фаќа страв да го изнесам пред се детето а и кучето на прошетка. Како поминува времето овој наш народ се повеќе се збудалува, колку само треба да си ненормален да фрлаш отров со кој ги ставаш во опасност пред се децата а и животните:facepalm:
Како што кажаа погоре така и јас доколку видам некој да фрла отров само господ знае како ќе помине.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Без обзир дали намерно и ненамерно ставале отров - Се работи за кривични дела, еве некои одредби од Кривичниот законик
Загадување на добиточна храна или вода
Член 223
(1) Тој што со некоја штетна материја ќе загади добиточна храна или вода во реки, потоци, извори, бунари, цистерни или некоја друга вода што служи за поење на добиток, живина или дивеч и со тоа го доведе во опасност животот или здравјето на животните, ќе се казни со парична казна
или со затвор до три години.
(2) Со казната од став 1 ќе се казни тој што со некоја штетна материја ќе загади води на рибници, езера, реки и потоци и со тоа ќе предизвика опасност за опстанокот на рибите.
86 (3) Ако поради делото од ставовите 1 и 2 настапило пцовисување на животни или риби од поголема вредност, сторителот ќе се казни со затвор од три месеци до три години.
(4) Ако делото од овој член го стори правно лице, ќе се казни со парична казна.
Загрозување на животната средина и природата со отпадни материи
Член 230
(1) Тој што спротивно на прописите за заштита на животната средина и природата складира, остава или расфрла отпадни матерни или со нив постапува на начин со кој се менува квалитетот на воздухот, почвата, водата или водотекот, во мера што може да ги влоши условите за жнвот на лугето или животните или растенијата и да го загрози нивниот опстанок, ќе се казни со затвор од три месеци до три години.
(2) Со казна од став 1 ќе се казни тој што складира, остава или
расфрла отпадни материи или со нив постапува на начин со кој се менува квалитетот на воздухот, почвата, водата, водотекот и со тоа ќе предизвика уништување или значително оштетување на шуми, растенија или други насади.
(З) Тој што складира, расфрла или остава опасен отпад што содржи супстанции кои имаат својство на експлозивност, реактивност, запаливост, надразливост, токсичност, инфективност, канцерогеност, мутагеност, тератогеност, екотоксичност или својство на испуштање отровни гасови
преку хемиска реакција и биолошко разложување, ќе се
казни со затвор од
четири до десет години.
(4) Тој што делото од ставовите 1, 2 и 3 ќе го стори од небрежност, ќе се казни со парична казна или затвор до една година.

(5) Ако делото од овој член го стори правно лице, ќе се казни со парична казна.
Мачење животни
Член 233
(1) Тој што грубо злоупотребува животно или го изложува на
непотребни маки или му нанесува непотребни болки или заради изживување го изложува на страдање, ќе се казни со парична казна или со затвор до шест месеци.
(2) Тој што со нехранење, непоење или на друг начин изложува животно подолго време на тегобна состојба, ќе се казни со парична казна или со затвор до три месеци
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.414
Поени од реакции
87.005
Ако ништо друго барем јас неморам да ја гледам таа слика, дека во Чаир нема проблеми со труење на кучиња/мачки. Тука животните знаат на која територија се, и ако случајно некој нападнат, одма калашот ќе заигра :icon_lol:.

Шала на страна, стварно е греота ова што се прави, секој лудак може да купи отров. Ај тоа што страдаат животните на улица, ама и домашните миленици се во опасност. Пишав пред некое време кога на внука ми и ја отруја мачката (мачка им сметало на дебилите :facepalm: ), 3 дена неможела да се смири од загубата. И имате право за децата, и тие се потенцијални жртви на ова безумие. Може утре играјќи фудбал, детето да падне на земја, да вдише од тоа отровот и потоа ни Господ не го спасува. Да се разбереме, јас сум ЗА, тргање на скитниците од улиците, посебно ставам акцент на оние агресивните, ама не на ваков начин. Што е ова да се нема граница секога будала да прави што сака... :coffee:
Никогаш не сум ги видел "браќава" во Чаир нешто да направат на животно (ај да го изоставиме случајот со одераното куче, кое сигурно е дело на некој без мозок), напротив во секое маало/ зграда гледаш по некое куче чувар на тоа место. А за мачки да не зборуваме, нив никој не смее да ги чепне во контењерите :icon_lol:
 

MajMyH

EngineereD Fr0m DarknesS proTected by Divini✞Y ☤
Член од
11 септември 2011
Мислења
2.630
Поени од реакции
2.256
Поради масовните труења што се случија деновиве, ја отварам темава како генерална дискусија за труењата.

Во медиумите брзо се рашири веста дека деновиве има масовни труења низ целата држава.
А во Скопје најголем број на жртви (кучиња и мачки) од труењето се забележани во Аеродром и Острово.

Најчесто употребуван отров е „Ланате“ кој што е лесно достапен да се купи во земјоделските аптеки.
Овој отров е еден од најсилните отрови, и животното нетреба да го изеде за да се отруе, туку доволно е само еднаш да го вдиши (значи во ваков случај не помага дури ни заштитната маска на миленикот), и преку респираторниот систем да го внесе во организмот, за после само неколку минути од вдишувањето да настапи грчење и смрт.

Најстрашно од се' е што Ланате е невидлив отров, тој навлегува во почвата и се упива, и доволно е животното да душне на тоа место, за после само неколку минути да настапи смрт, нема време за реагирање.
А што е најстрашно, ваквиот отров се расфрла и низ парковите и низ школските дворови ... прашање на време е кога ќе се отруе некое дете.

http://telma.com.mk/index.php?task=content&cat=&rub=6&item=34871

Спас од Ланате НЕМА, до пред 2-3 години прашокот Ланате имаше бела боја, последно кога видов вакво чудо имаше има сина боја плус гледам фирмата што го произведува му зголемила рок на траење + 1 година. Eве го паковањето на слика. Лани се пофали еден дека мачките му ги јаделе гулабите и расфрлал рипчиња намачкани со Ланате 90, со свои очи видов мачка што изеде таква риба и сликата беше страшна бидејќи мачката не се оддалечи ни 5 метри од местото каде што го касна ова и падна како партал на земја.
Јас ова чудо морав да го користам летото при уништување на тутунска вошка како инсектицид со брзо дејство во комбинација со уште 2 инсектициди со одложено дејство и за малку ќе завршев трагично, пола саат не бев свесен каде се наоѓам и се струполив на земја, главата ја потурав со вода цело време и пробував да изжуборкам и прочистам цела усна шуплина и носот и едвај спасив жива глава и покрај тоа што носев заштитна опрема и прскањето го изведував од 5 до 6 наутро додека нема ни сонце ниту висока температура. За овој отров треба да се преземе мерки од страна на државата на кого се дава, но сепак е многу тешко и не гледам некое рационално решение како би се спречил било кој да го искористи за ваква намена.
 
Член од
12 април 2010
Мислења
491
Поени од реакции
143
Знае некој кога е снимано ова? Зошо Анастас отиде во Дубаи(мислам) пред може година дена, па дали се вратил ако знае некој? Иначе еден од подобрите ветеринари кај нас е.
 

Fiend

смут џезер
Член од
29 март 2012
Мислења
947
Поени од реакции
1.074
Само труење за скитниците. Ма какво сака нека е, не убаво не грдо не мирно, труј ги бе. Ако ти е жал земи го дома. Кога еднаш ќе те нападна куче од нигде никаде ќе видам дали уште ќе бидите против труење. Мене тоа ми се деси, значи не го задевав, т.с не го ни забележав и будалава ме нападна. Строго ланате му е мајката, деновиве ќе си ја добие.
 
Член од
27 февруари 2012
Мислења
64
Поени од реакции
48
Една дигресија, не гледам дека некој спомна за ~500.000 илјади јагниња што секоја година се колат/извезуваат да се колат од Македонија? А солжи крокодилски се ронат за кучињата ? Оние што шират зарази, беснило и напаѓаат во глунтици навечер?
Ми се гади просто од хипокризијата на луѓето.
Јадете пилешко, свинско, јунешко, јагнешко?
А не сакате да знаете од каде доаѓа месото? Кога е во аморфна форма на хамбургер, и вие не гледате кога говедето во кланица е удирано со чекан по глава, дури му прска крв од очите, паѓа на земја во агонија од болка, но поради смачканиот мал мозок е одземено во краците неспособно да мрда, а потоа со нож е заклано, тогаш е во ред нели? Или просто не ви е грижа, само затоа што вие не го гледате, и го галите вашиот мил пекинзер в скут, хранејќи го со конзерва првокласно месо.
Дволични бесрамници.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Една дигресија, не гледам дека некој спомна за ~500.000 илјади јагниња што секоја година се колат/извезуваат да се колат од Македонија? А солжи крокодилски се ронат за кучињата ? Оние што шират зарази, беснило и напаѓаат во глунтици навечер?
Ми се гади просто од хипокризијата на луѓето.
Јадете пилешко, свинско, јунешко, јагнешко?
А не сакате да знаете од каде доаѓа месото? Кога е во аморфна форма на хамбургер, и вие не гледате кога говедето во кланица е удирано со чекан по глава, дури му прска крв од очите, паѓа на земја во агонија од болка, но поради смачканиот мал мозок е одземено во краците неспособно да мрда, а потоа со нож е заклано, тогаш е во ред нели? Или просто не ви е грижа, само затоа што вие не го гледате, и го галите вашиот мил пекинзер в скут, хранејќи го со конзерва првокласно месо.
Дволични бесрамници.
Не се согласувам со твоето мислење.
Тие што ги трујат кучињата го прават тоа за да се изживуваат

Стоката која се коле по кланиците, се коле за да ја јадеме. Ние мораме да јадеме за да живееме. Затоа одгледуваме стока и растенија. А на крај и ние ќе бидеме изедени од црвите

Ако има некој кој ќе отруе куче или мачка за да ги изеде, не би му замерил.
Но да труеш животни за да се изживуваш е за секоја осуда и е кривично дело
 
L

Lu

Гостин
Само труење за скитниците. Ма какво сака нека е, не убаво не грдо не мирно, труј ги бе. Ако ти е жал земи го дома. Кога еднаш ќе те нападна куче од нигде никаде ќе видам дали уште ќе бидите против труење. Мене тоа ми се деси, значи не го задевав, т.с не го ни забележав и будалава ме нападна. Строго ланате му е мајката, деновиве ќе си ја добие.
И што сакаш да кажеш со ова?
Сакаш да се „пофалиш“ дека деновиве планираш да отруеш куче со ланате?

Еве јавно на форумов имаме нов потенцијален трујач на кучиња.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.706
Поени од реакции
13.376
Една дигресија, не гледам дека некој спомна за ~500.000 илјади јагниња што секоја година се колат/извезуваат да се колат од Македонија? А солжи крокодилски се ронат за кучињата ? Оние што шират зарази, беснило и напаѓаат во глунтици навечер?
Ми се гади просто од хипокризијата на луѓето.
Јадете пилешко, свинско, јунешко, јагнешко?
А не сакате да знаете од каде доаѓа месото? Кога е во аморфна форма на хамбургер, и вие не гледате кога говедето во кланица е удирано со чекан по глава, дури му прска крв од очите, паѓа на земја во агонија од болка, но поради смачканиот мал мозок е одземено во краците неспособно да мрда, а потоа со нож е заклано, тогаш е во ред нели? Или просто не ви е грижа, само затоа што вие не го гледате, и го галите вашиот мил пекинзер в скут, хранејќи го со конзерва првокласно месо.
Дволични бесрамници.
Мене ми се гади од дуплата хипокризија кога некој како овој член ми пререкува за првата намена на животните.
Модерно општество демек не требало да се јаде месо, човекот е трево(о)пасен, има супституција за хранливи материи... Ајде, а целото човештво што се бавело со сточарство, демек само ради млеко? Не бидете смешни.

Друго ме интересира, колкава е цената на тој безбоен отров во земјоделските аптеки? Пошо ако има висока цена, се знае причината за негова продажба - црн пазар.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom