Топшоп производи - задоволни или не?

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Exotic^
  • Време на започнување Време на започнување

^Exotic^

Wanderstruck
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5.969
Поени од реакции
1.061
Значи темава е за сите толкурекламирани Топшоп производи.

Дали поседувате некој нивни производ?
Задоволни сте од него?
Колку ви помогнал да ја остварите целта за која што сте го купиле?


Јас имам Пауер Џусер и можам да се пофалам дека сум доста задоволен од него.
 
Ако кажам дека имам Контур перница, Дормео душек и дека тие ми помогнаа да ги ублажам болките од сколиозата, колку пари ќе ми платат од Студио Модерна?
 
Да....
Иаме две од тие перниците,не знам како се викаат.Премногу се за греови за мене,неможам да легнам на нив,не па да спијам.Ама на мама многу и се свигаат,па така да...веројатно вредат за нешто.
И некаков декоратор за храна,шо беше најголемиот шит шо воопшто у животот сме го купиле.Ама пошто бев мал,и ако не ми го купеа,ке досаѓав секој ден.Коа го донесоа,го видов еднаш,и го остаив.
Мое мислење е дека повекето,ако не и 98% од тоа шо го рекламираат,е безвезно.Уствари,насекаде ги има истите работи(ко на пример тоа за вежбање,или пегла за коса и уште мн. други),само поентава е шо вие од Топ Шоп,им ставаат некакви flashy имиња,ги рекламираат како да се некаков дар од Рајот и се надеваат дека некој ке биде доволно глуп да ги купи.
едит:Ето,Контур се викале перниците:)
 
Што сум слушнал вака од луѓево, задоволни се само од Power Juicer, демек вредел за парите и стварно бил продуктивен за другото незнам...
 
Еее децо мои...
тато пош е болен по блендери, соковници и такви булшит ствари се затрча на презентација на некој соковник мислам Пауер Џусер или Меџик Булет.. ич не ми текнува како беше името... соковник/блендер кој да не речам сам се чисти... и тато се врати дома бескрајно разочаран...
зашто?
Па сечилата у чудото беа исти како на соковникот кој го имаме дома и со кој мака мачи да го исчисти... само дизајнот поинаков и нормално... несвест името...
 
Сестра ми си купи од оние кинеските стегачи за коса со кои се прават фризури. Кога ги донесоа, бидејќи самата тешко ќе си ја направеше фризурата, па ај јас да испробам да и ја направам, и замислете, направив фризура. Беше неверојатно, личеше на вистинска.... вештерка :)
Сега сериозно, не и направив фризура јас, ама и не се сеќавам воопшто дали некаква фризура беше возможно да се направи со оние "магичните" стегачи. И секако, лесно би претпоставиле дека после една недела останаа да собираат прашина во првата фиока која сестра ми ја виде.

Ја имаме купено и онаа тавата за pancakes, супер е таа. Си ја плативме евтино од грција(фејк производи, мај факинг ес) и се прават убави палачинки, но не ко што ние знаеме да ги правиме тенки, туку само дебели :)

Во секој случај, се на се се катастрофа. Но ако подобро размислам, сепак имаат 1 од 20 производи кој вреди, а сепак не вреди за парите што ги бараат.

(Однапред сори за малку офтопик).
И секако, имаат реклами заради кои вреди да си го сокршиш телевизорот од глупавоста, претераното давање и секако иритирачките реченици кои ги има кога рекламираат било каков производ како: "Но тоа не е се....", "можете да го купите за само(посебно овој зборов само)...."... "Нема да изгубите ништо освен....(калории,килограми,болки,а се прашувам само зошто не ги спомнуваат и парите овде), а ќе добиете(здравје, среќа тинтири минтири..)...."

и така.... :helou:
 
“... а доколку се јавите во следните 5 минути, добивате сет ножеви од не-знам-ти-што и сето тоа за САМО 100000 денари + ДДВ + ПТТ“

Не дека ми се нешто одбивни производите, ама знаат да им ги развлечат презентациите по цел час на телевизија и има една спикерка која што ги рекламира која ужасно ми оди на нерви со нејзиниот глас и начинот на презентација. Тоа е најобична тава а ја рекламираат како да е семоќна: може и да пржи палачинки ем од една ем од друга страна, по потреба и од лево и од десно, па ако додадете сол не знаете какви чудеса ќе се случат, може да ви користи и за декор во вашата кујна а исто така нејзината црна боја совршено се совпаѓа со сите други во кујната :pos:
 
дедо купи космодиск!
и за жал не се најде меѓу тие 88% на кои им поминале болките во грбот,стомакот,главата,вратот,половината и мускулите!
 
дедо купи космодиск!
и за жал не се најде меѓу тие 88% на кои им поминале болките во грбот,стомакот,главата,вратот,половината и мускулите!
Мислам дека Космодиск не е од Топ Шоп...
Дедо ми има еден,мајка ми исто и се прилично задоволни од него...
 
Не поседувам никаков производ од Топ Шоп, ама имам пријатели кои поседуваат, и право да ви кажам, воопшто не се задоволни. Не знам за Пауер Џусер, јас имам размислувано за тоа да го купам, ама ми имаат кажано дека се од Топ Шоп е лажачка, освен евентуално Дормео душекот.
 
Не поседувам никаков производ од Топ Шоп, ама имам пријатели кои поседуваат, и право да ви кажам, воопшто не се задоволни. Не знам за Пауер Џусер, јас имам размислувано за тоа да го купам, ама ми имаат кажано дека се од Топ Шоп е лажачка, освен евентуално Дормео душекот.
куписи ја онаа тавата за готвење,мене ми се погоди:smir:
 
Ги имам наочарите за сонце могхаве или ако и да се викаа...булшитс не купувајте
 
аааа имаше пред некоја година средство за чистење флеки и мајка ми се јавува го купи и го донесоа и го отвори луѓееее не знаете колку смрдеше аууууууу отров жив. Какви флеки тоа може теписонот да го изгори. И проба на едно парче ништо не помогна и се фрли одма.
Ама во последно време некако ги снема не се актуелни како порано жива среќа, само си ги гледав на моменти да видам што глупост измислиле.
 
Му се мислам да купам Paint Runner

pml0000593jv8.jpg


Искуства?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom