Дете сум кое не требаше да се роди, многу пати тоа ми го кажа мајка ми.
Ти не требаше да се родиш, ти ми го уништи животот, со овие зборови ми се обраќа кога
и да се видиме. Додека пак татко ми ме сака, си кажувавме
дека се сакаме, кога го цртав како помала ко блокче ми беше. Али сега ваљда немањето време
си го прави своето, мада со дела гледам дека ме сака, татко ми е секогаш тука за мене.
У било кое време. Да го разбудам у 3 часот, да ми донесе кросанче,ко нездрав ќе стане и
тука е. Додека за мајка ми не можам истото да го кажам, неа и не сум ја видела со години
наназад. Забораив како изгледа
Јас ко би имала деца никогаш не би им праела така,
никогаш нема да им ги заборавам родендените, без едниот родител е многу потешко, секогаш
фали еден дел, таа празнина не може само едниот тоа да го надополни, мора двата да се тука.
И мораат и двајцата да му дадат до знаење на своето дете дека си го сакаат. Како знаеле
да го направат, дали строг или нестрог, тоа е твое дете, детето сака да слуша дека е
сакано. Некогаш недостасуваат тие зборови толку многу...
Зошто се тешки за изговарање, само едно те сакам... Колку би променило, колку среќа би
придонело во срцето на детето...
Колку би било посреќно, е тие два е**** збора. ТЕ САКАМ