Сутоморе

  • Креатор на темата Креатор на темата cleverguy
  • Време на започнување Време на започнување
извини ама од Црна Гора заминав во Грција и да те информирам дека во Суто Море единствено на плажата Слама беше поефтин чадорот и лежалка по 6 евра, секаде на друго место беше над таа цена, плус нема ништо во тие пари.
Второ во Грција е 6 евра, ама на песочна плажа и со пијачка во вредност од 6 евра, а не без оние патики за во вода да неможеш да влезеш, ноги ке искршиш.Бечиќи и Будва -секоја чест и да платиш да не ти е криво...
Сутоморе е за деца од 16 до 26 години.
Водата е солза чиста, ама е загадена.Недај Боже да осетиш.Тие што осетиле знаат.Познавам четворица што завршија со зарази.
Во врска со сладоледот и пиците на парче од 1 евро - жал ми е што децата се лажат и купуваат.Детенце повракаше како лудо на сред шеталиште од пицата, таткото сакаше да се тепа !!
Јас бев 15 дена и едвај издржав.Да бев без кола и да мораше секој ден да одам на плажите во Сутоморе, незнам како ке беше....
Јас искрено не го препорачувам.

Ние претежно идевме на плажата Чил Аут, таа е послем Слама и Куба Либре, со вештачки песок. Две лежалки со чадор беа 5 евра. За пиците и сладоледите јасно е. Цел ден се печат на сонце како нема да бидат расипани.
Зависи каде во Грција. Ако си бил во Паралија, Олимпик бич и надоле, цените се поевтини на лежалките со пијачка 6-8 евра. Ама водата послем 12 саат е ужас, матна неможеш носете да си ги видиш.
За разлика од Солун па накај Халкидики цената на лежалките ти е од 8 па до 12 евра. Е таму е веќе друга приказна, чисто и топло море.
 
На чил аут бев едно попладне само.
Во Грција во Потидеа бев, на почеток на прв крак, па после во Полихроно па во Калитеа.Единствено Калитеа дели со скапотија, другото се е приступачно.
 
На чил аут бев едно попладне само.
Во Грција во Потидеа бев, на почеток на прв крак, па после во Полихроно па во Калитеа.Единствено Калитеа дели со скапотија, другото се е приступачно.

И јас бев во Потидеа, полно е со Македонци. Тоа е класичен одмор, за фамилијарни луѓе. :D
 
Дали Сутоморе е поефтино од Будва и дали е топла водата?
 
Поефтино е, и за смештај и за излевање, а не е далеку и Будва, 30 км, за протешка и излевање неколку пати. Водата си е добра, многу пријатна клима, не прежешко денње, пријатно ноќе. Лани бевме у Сутоморе стационирани, ама стално бевме у движење, ги посетивме и Будва, Св.Стефан, околните плажи, Дубровник.

Бевме сместени во Вила Јадранка http://www.sutomore-info.com/index.php?option=com_k2&view=item&id=20:vila-jadranka-2&Itemid=436, можда е малце над просекот во цените ама вреди, се ново, чисто, квалитетно, газдите беа екстра фини и љубезни, генерално некако во Ц.Гора ептен сме им симпатични ние Македонците, таков беше мојот впечаток.
 
Дечки некој да ми препорача апартмани/вили каде што сте биле.
Планираме да одиме со друштво годинава и бараме смештај каде што претежно одат млади. Резервиравме во апартмани Гутич преку букинг.ком али таму гледам ривјус оставаат претежно луѓе што биле со фамилии, а неќеме да се погодиме на такво место каде што после 9 некој ќе ми тропне на врата и ќе ни рече "тише мало, деца спавају". Имаме free cancellation уште некој ден па ако има некој да ни препорача друг смештај би му бил благодарен :D

Планираме да одиме од 6ти јули и друга работа што не мачи е да не ја утнеме сезоната, да нема живо пиле по улици, па ако некој бил овој период добро би било да сподели искуство :D

Фала ви однапред :)
 
Колку е од прилика студио во Сутоморе за 2ца по вечер, некој искуства?
 
Дечки некој да ми препорача апартмани/вили каде што сте биле.
Планираме да одиме со друштво годинава и бараме смештај каде што претежно одат млади. Резервиравме во апартмани Гутич преку букинг.ком али таму гледам ривјус оставаат претежно луѓе што биле со фамилии, а неќеме да се погодиме на такво место каде што после 9 некој ќе ми тропне на врата и ќе ни рече "тише мало, деца спавају". Имаме free cancellation уште некој ден па ако има некој да ни препорача друг смештај би му бил благодарен :D

Планираме да одиме од 6ти јули и друга работа што не мачи е да не ја утнеме сезоната, да нема живо пиле по улици, па ако некој бил овој период добро би било да сподели искуство :D

Фала ви однапред :)
Луѓе за луѓе ќе има, ние бевме 2 год по ред малце покасно од 15ти, фул е со срби/србинки ке се погоди и некоја црногорка, кафичите сите до 1 саат по полноќ работат после тоа е штама, цените у маркет се буквално ко кај нас негде и поефтини, пијачка у диско беше пиво евро ипол, водка исто, имаше промоции 2 пива 2 евра, 2 вискози 3 евра и такви глупости, на плажа идевме на Q2 (questo quello) 6 евра беше чадор
 
Ха Сутоморе , само што се вратив од таму , кој е југоносталгичар да си оди таму ! Одмаралиштето ги има сите катактеристики на српска паланка . Толпи луге кои галамат по улица со над 100 децибели иако одат еден до друг , на плажите бројот на пикавци и песочни зрнца е егал , немојте да го пропуштите познатото утринско пливање со парчиња од кеси , паломи и влошки ( впрочем баш на Квесто -Квело која ја спона членот над мене).
Ако случајно сте се зезнале и сте уплатиле однапред за таму , купувајте екскурзии ке си го спасите одморот , нас највеке ни се допадна еднодневната со брод до Будва , со попатни застанувања во Петровац , Хаваи и плажата на кралицата ( не таа у Милочер каде што Ѓоковиќ правел свадба).
 
Дечки доколку некој има контакт од проверени места ако може нека ми пушти контакт, ние најдовме една понуда 8евра по лице од ноќ, што е супер за во сред сезона , но секако сакам и друго нешто да погледнеме може ке ни се засвиѓа повеќе.
 
AJ I MENE PRATETEMI PO PP
 
Za kolku pari se naogja smestaj vo sutomore za vo avgust, nekoe iskustvo pozz
 
Za kolku pari se naogja smestaj vo sutomore za vo avgust, nekoe iskustvo pozz
Јас би те советувала да не одиш таму...плажа на која нема место корка леб да фрлиш и кебапчиња што плутаат во вода...бљак.
Еднаш бев и никад више:vozbud:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom