Мистичен
Човек
- Член од
- 23 јануари 2005
- Мислења
- 13.578
- Поени од реакции
- 1.098
Општината "Св. Петка" на Македонската православна црква од Сиднеј испрати отворено писмо до архиепископот г.г. Стефан, со кое го повикува да ја земе судбината на МПЦ и да ја промени политиката кон епархиите во странство.
Секретарот на црковната општина "Св. Петка" Кире Циревски на вчерашната конференција за печат, информирајќи за состојбата во Австралиско-новозеландската епархија, чијшто администратор е битолско-преспанскиот митрополит Петар, рече дека во деветгодишниот спор со него во австралиските судови имало 158 рочишта и биле потрошени речиси 4 милиони долари.
Циревски покажа документи за да потврди дека имотот на епархијата на македонската заедница, проценет на околу 60 милиони долари, е пренесен на лично име на владиката Петар, кој е и австралиски државјанин.
Нарекувајќи го "најголемо зло за МПЦ на сите времиња ", "ментор на Вранишковски" и "креатор на нишкиот договор и политиката што се води против МПЦ", Циревски рече дека Петар го "одмакедончува" македонскиот народ, кој со својот труд ги изградил црквите.
- Не личи владика да отуѓува и присвојува имот како што е направено со административната зграда на епархијата - рече Циревски.
Од 1 до 5 август претстои нов судски спор, за на кој се очекува да присуствува Петар. Поради тоа, претставниците на општината "Св. Петка", објавувајќи го проблемот преку медиумите, бараат од архиепископот на МПЦ да ја преиспита работата на владиката Петар.