Скопје се дави во ѓубре

  • Креатор на темата Креатор на темата Tex
  • Време на започнување Време на започнување

Го собира ли КСХ ѓубрето од кај вас?

  • ДА

    Гласови: 4 28,6%
  • НЕ

    Гласови: 10 71,4%

  • Вкупно гласачи
    14
  • Гласањето е завршено на .

Tex

Член од
29 октомври 2023
Мислења
4
Поени од реакции
1
Дали има некој некакви информации на што се должи тоа што КХС - Скопје не го собира ѓубрето веќе втора недела? Пријавено преку мејл и телефонски во КХС и град Скопје, но секако без никаква реакција. Што е најтрагично КХС тврдат дека фотографиите од несобраното ѓубре се стари и лажни. 21 век 2025 година...


Буквално Скопје се удави во ѓубре...
 

Attachments

  • 3.png
    3.png
    609,9 KB · Прегледи: 18
  • 4.png
    4.png
    982,6 KB · Прегледи: 18
  • 1.png
    1.png
    735,2 KB · Прегледи: 18
  • 2.png
    2.png
    1,2 MB · Прегледи: 18
  • 5.png
    5.png
    691,4 KB · Прегледи: 17
  • 6.png
    6.png
    763,9 KB · Прегледи: 15
Катастрофа...нема што да се прави муабет. Цел град е депонија.
 
Страшно, а тек па кога ќе фати топлото...
У неколку месеци 5 пати дојдоа, две комбиња више фрливме има уште едно тамче да се наполни....корпа со ѓубре не ја празнам нема каде а се јавуваат за долг хахахахах
 
У неколку месеци 5 пати дојдоа, две комбиња више фрливме има уште едно тамче да се наполни....корпа со ѓубре не ја празнам нема каде а се јавуваат за долг хахахахах
Скопска идила :D
 
КХС не го собира ѓубрето редовно поради недостиг на возила, персонал и слаба организација. Голем дел од механизацијата е застарена, бројот на вработени е недоволен, а инспекциската контрола очигледно дека не функционира. Градот тоне во ѓубре, а институциите as usual наместо решение – негираат проблем. Главен град…
 
треба да се среди откако ќе си замине градоначалничката.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Tex
КХС не го собира ѓубрето редовно поради недостиг на возила, персонал и слаба организација. Голем дел од механизацијата е застарена, бројот на вработени е недоволен, а инспекциската контрола очигледно дека не функционира. Градот тоне во ѓубре, а институциите as usual наместо решение – негираат проблем. Главен град…
Ја открија граѓаните пеколната завера, се е ова испланирано сценарио :sneaky:
 

Attachments

  • resena misterijata.png
    resena misterijata.png
    11,7 KB · Прегледи: 53
Секогаш за проблемот крива е спротивната партија. Членови на Х одат навечер и фрлаат ѓурбе, пуштаат кучиња по улици и газат пешаци за да ја саботираат партијата У која е најдобрата партија што постои и се грижи најдобро што може за сите нас и затоа Х ги саботира. Затоа гласајте за У за да нема ѓубре како што има сега со У на власт.
 
Кога ги отпуштија од работа оние кои од странство чесно и поштено си работеа у КХС ќе нема персонал. Епа ќе нема.

Како беше она со македонскиот пекол-или нема кофи или нема г...
 
Последно уредено:
Ќе си фрлате во Вардар и за неколку дена грците ќе си го чистат:pos:
 
Кога ги отпуштија од работа оние кои од странство чесно и поштено си работеа у КХС ќе нема персонал. Епа ќе нема.

Како беше она со македонскиот пекол-или нема кофи или нема г...
Абе правевмуабет и со некои шефчиња нивни, распад систем е...нема возила. Сигурно се заглавени у кредити, недомаќинско работење, местење тендери, пљачка од нафта до големи суми за сервисирање. Стари возила.....се собрало се на куп. Треба Скопје да финансира за да излезат од кал ама кај попрво...до скоро автобуси немаше....
 
Градов никогаш не бил на подолно ниво од ова, од комунално претпријатие до јавен превоз .. ништо не фукционира од кога дојде оваа "независнава" и уште од прв ден се скара со тие што ја поставија. Советот кур го боли за основните работи што им требаат на жителите и затоа одат контра секое можно решение, одсега нека ставаат градоначаници што ќе играат топка со своите мастери наместо да бидат саботирани.
 
Ѓубрето се дави во Скопје...
 
Значи цел град труе на ѓубре, и контејнерите се преполни, Карпош и Кисела Вода особено, Центар не толку бар кај што движам. Нели е срамота бе.
Викаат немало камиони за собирање. Кој и да е одговорен у КХС, нека си набави.

На 40+ степена се фаќа болест, смрди, не се проаѓа на улица бидејќи го разнесуваат.

Плус, сеуште ( не знам како кога не знаеме да чуваме) доаѓаат туристи. Прееска баш видов неколку Германци.
Малце не ви е глупо во каква состојба е ,,метрополава”?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom