Рецензија : Braid

  • Креатор на темата Креатор на темата Mac))
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Многумина ќе се запрашаат,зашто баш за некоја аркадна,независна и навидум детска игра,би се решил за рецензија?

Не се срамете,истото го мислев и јас за играта.

Gamespot и имаат доделено 9.5/10,кога првпат видов заедно се смеевме и сеиревме со Корун.
Впрочем,како може која било аркада да се мери со премиум Xbox360 наслови како GTA IV,Halo 3 и Gears of War 2?

Gamespot и слични сајтови очигледно тврдат дека може.
Дали се во право,дознајте од оваа рецензија.


braid_title.jpg



Добредојдовте во светот на Braid.
Ако ве потсетува на Super Mario,тоа е бидејќи креаторите (поточно,креаторот) сакал и да изгледа така.
Braid е концепт игра целосно на Jonathan Blow,сакајќи да докаже своја поента за видео игрите.И навистина,еден програмер/дизајнер и artwork артист се доволни за ремек-дело.
Ќе пробам да ви доловам дел од приказната без премногу спојлери...

Braid се фокусира на Tim,човек кој ја бара својата принцеза,одејќи и поминувајќи препреки во 6 различни замоци.Звучи едноставно,и мора да признаете,на прв поглед глупо и неинвентивно.

Она што ја разликува Braid од другите платформски игри е току нејзината иновативност.
Низ различните замоци,добивате различни моќи.

braid-game-screenshot-xbox-360-arcade-big.jpg


Единствена моќ која ја имате низ сите замоци е можноста да враќате време.
Следни на листата се меури во кој времето се успорува,потоа fast forwarding и една специфична за објаснување моќ.
Хмм...како да пробам да објаснам.
Можете да го вратите времето,со тоа што оставате ваш дупликат,кој ќе ги повтори вашите потези кои сте ги вратиле.

Комплицирано?

Don't get me started.

braid.jpeg


Комбинирајте го тоа со времето,кое освен напред,на некои нивоа оди наназад (феноменално изведено во ефекти),како и предмети и животинчиња кои не ги тангира времепловот,добиваме прилично захтевна игра.
Но,на добар начин.
Како што се гледа и од сликите,Braid е прекрасно графички изведена и ве внесува во приказната.

braid-tim-house.jpg


Ова не е типично поделена рецензија на приказна/гејмплеј и аудио/видео,бидејќи Braid не е типична игра.
Braid е мало ремек-дело,а единствена замерка може да оди на тоа што е прекратка.

Слободно симнете ја,бидејќи оваа игра заслужува 10/10 во нејзината категорија.
А потоа,можеме да зборуваме за приказната и ваши гледишта на неа.


А,да...запомнете,ако запнете,имате доста walkthroughs на youtube.


overview08.jpg



П.с.Сите кои не ја поминале,не го читајте спојлерот.
Not kidding!
И на крај,кој би помислил дека оваа игра е за креирањето на атомската бомба?
 
Играта е прекрасна, немам зборови
+приказна топ
+графика интересна
+зараза до бесвест
+многу малку место зафаќа - 150мб
 
Хехе изгледа смешно но изненаден сум од оценките па ќе ја слегнам. Обожавам игри со добри приказни.:)
 
Вчера седнав да ја играм во 22:30 и играв до 02:30, едноставно се забораваш кога играш вакви игри, успеав 2от и 3от world да ги свртам, а од 4тиот ми фали уште последното делче:vozbud:
 
Сабајлево ја пробав, онака забавна и релаксирачка игра.
Али сепак мислам дека 9.5/10 оценка е премногу за ваква игра, со оглед на тоа дека ГТА 4 доби 9.0 од Gamespot.
 
Зараза е играта, мора секој да ја проба!!:vozbud:
 
Сабајлево ја пробав, онака забавна и релаксирачка игра.
Али сепак мислам дека 9.5/10 оценка е премногу за ваква игра, со оглед на тоа дека ГТА 4 доби 9.0 од Gamespot.

Не можеш да кажеш дека 9.5 е преголема оцена. ГТА4 спаѓа во сосема друг жанр и нема никаква врска со оваа игра. Оваа споредувај ја со останатите платформски игри. Ево види Tony Hawk's Pro Skater 3 има 10/10 на гејмспот, и што сега? Да го споредуваме Метал Геар Солид 4 со Про скејтер?

Или исто така има кај некои игри разлика во оцена на PC, PS3, Xbox360 итн. ГТА 4 има 10/10 на PS3 и X360 додека на PC ima 9.
 
Не можеш да кажеш дека 9.5 е преголема оцена. ГТА4 спаѓа во сосема друг жанр и нема никаква врска со оваа игра. Оваа споредувај ја со останатите платформски игри. Ево види Tony Hawk's Pro Skater 3 има 10/10 на гејмспот, и што сега? Да го споредуваме Метал Геар Солид 4 со Про скејтер?

Или исто така има кај некои игри разлика во оцена на PC, PS3, Xbox360 итн. ГТА 4 има 10/10 на PS3 и X360 додека на PC ima 9.


Потполно си во право, али како што кажа максовизија секој си има свое мислење :).
 
Потполно си во право, али како што кажа максовизија секој си има свое мислење :).

Поентата на мојот пост не беше за твоето мислење. Нормално дека секој си има свое мислење и јас го поштовам тоа, али мене муабетот ми беше за споредбата.

Иначе сега ја спуштам играта :)
 
Кратка и јасна рецензија и поволни оценки и од авторот на темата и од членовите. Ова ме натера попладне да испробам каква е.
 
Фала Мац :) супер игра.
 
World 4 сега ја поминав првата врата :)
 
Ги поминав сите worldovi и пак на крајот принцезата ја нема, што да праам?

И конечно после долги часови играње, ја свртев
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom