За тебе сум кажал и пак ќе ти кажам: ТИ СИТЕ И СЕ КРИТИКУВАШ . Затоа си ми нејасен.
Има ли нешто што сметаш дека е исправно, дека некоја држава се развивала правилно, или сега се на прав пат, нешто да кажеш РЕШЕНИЕ итн итн.
А кој ти рекол дека постои рецепт за правилен развој ?
Не постои совршенство - барем јас лично не верувам во совршенство.
Причината поради која критикувам е бидејќи со некои работи се согласувам, а со некои работи не се согласувам.
Се согласувам со намалување на даноци, давање на социјална помош, изградба на социјални станови и прифатилишта за безомници и долгорочно невработени, но само ако економските услови го дозволуваат тоа.
Венецуелските социјалисти предводени од страна на Хуго Чавез, а сега предводени од страна на Николас Мадуро, практикуваа вакви социјални политики, но со туѓи пари, односно со билдање на долгови и испразнување на државните резерви.
Како резултат на тоа, еве до кое дереџе се дојдени Венецуелците.
Јас не верувам во совршенство, а од тука по автоматизам не верувам ниту во совршено општество, ниту во совршено општествено уредување, ниту во совршен политичар/совршена политичка партија/совршена влада, а најмалку па во совршен народ.
Единствено ќе се согласам дека дефинитивно секогаш во Македонија имаме ако не совршена, тогаш речиси совршена опозиција, без разлика кој е на власт.
Или ако не ти смета да издвоиш 16 минути и 11 секунди од твојот живот за да го изгледаш наредниот видео запис, Рон Перлман убаво ќе ти ги објасни моите ставови.