Amaterasu
123123113
- Член од
- 17 април 2012
- Мислења
- 1.238
- Поени од реакции
- 1.297
Aма неколку пати напоменав дека зборуваме за просечен случај. Просечен пар пензионери нема "милиони" за да може лесно да го израсне детето. Просечен пар пензионери едвај преживува од месец за месец тука. Недај боже да треба дел од лековите што ги земаат да ги плаќаат приватно.Пола и повеќе од нас немаше да сме тука ако требале нашите да чекаат идеални услови.
Штом 10ти пат прават инвитро на 61 години и ред други операции и се друго мислам дека не треба да им се секираш од финансиски аспект и дека се само на пензија. Не ми делуваат на просечни пензионери
Законот е за посвојување кое мора државата да го одобри и држвата ти дава дете за посвојување. И не е законот дека треба да си 45 години стар за да посвоиш дете. Комшии постари(кои имаа веќе возрасни деца кои се иселени) привремено(10тина години, додека да наполнат 18) исчуваа две деца за кое се пријавија да ги чуваат зашто татко им реши да ја убие мајка им и додека да одлега 11 години затвор.
Ова ти е инвитро каде можеш да направиш во добар број на приватни клиники и можеш колку сакаш да направиш. Зашто државата да ограничува кој смее и кој не смее да има деца?
Некако ова го гледам како општ проблем на кајгана. Луѓето се фокусираат на конкретна ситуација и не сакаат да ги дисктураат работите во општ случај.
Пример некој имаше пишано дека луѓе пијат/пушат/се дрогираат па имаат деца. А што мислите, овие старите на 60 години што сакаат да имаат деца не живеат нездрав живот?
Ако веќе сакаме да фантазираме за тоа колку пари има овој пар приватно, од кај знаеме дека не ги лупнале последните пари на ова ин витро и дека сеа се на 0?
И уште едно прашање за вие што викате дека 60+ е ОК време за раѓање деца. Тогаш што правиме со луѓе што можат да родат на 70, 80? Ставате ли граница некаде или додека може да роди, нека роди?