Промени на сметање на времето (следно летно сметање 30.10)

Член од
26 октомври 2010
Мислења
24
Поени од реакции
12
Во недела на 31 октомври треба да ги поместите стрелките на часовниците еден час наназад-почнува зимското сметање на времето.

Со тоа зимските денови ќе почнуваат порано, но како да ќе се скратат, бидејќи 17 часот попладне кога почнува да се смрачува, со зимското сметање станува 16 часот.

Европската унија и останатите земји во Европа од 2002 година одредија летното време да почнува последната недела од март и да завршува последната недела од октомври.
Поместувањето на времето во повеќето случаи се врши ноќта меѓу сабота и недела, со цел да не предизвика поголеми проблеми за работното население.
Исланд е единствената европска земја, која не го воведе зимското и летното сметање на времето.
Некои астрономи меѓутоа се против поместувањето и вештачкото продолжување на денот, бидејќи сметаат дека „природата не треба да се измачува“, дури и доколку како оправдување се користат економските причини.

http://www.time.mk/read/52c0a2db7a/2d32dbbe41/index.html
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Некои астрономи меѓутоа се против поместувањето и вештачкото продолжување на денот, бидејќи сметаат дека „природата не треба да се измачува“, дури и доколку како оправдување се користат економските причини.
Природата не треба да се измачува... ама луѓето треба.

Арно ни е вака.
 
С

сашенко

Гостин
Шо им требаше ова бе се поебав сабајле.Како и секоја недела си отидов у црква арно ама светата литургија почнува у 8 саат а јас не си го сменив саатот синоќа и у 7 отидов таму никој немаше и клисарот ми вика дечко си подранил малку и ти како мене,саатот а?А чудам ја жива душа по пат немаше и пак си продолжив никако да ми текне дека саатот се смени.Глупаво е ова со менување на саатот.Треба да си биде едно време секаде и секогаш...
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.113
A

Auditore

Гостин
Синоќа си ги наместив сите часовници и сега немам никаков проблем, како уопште да не се мењало. :pipi:
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.760
Поени од реакции
9.883
Мислиш покасно...кога ќе биде 6 (ново време), додуше ќе биде 5 (старо време), значи покасно ќе се стемнува.
Грешка другар..до вчера се стемнуваше у 5 и пол-6, а сега у 4,5-5 ќе се стемнува :smir:
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.113
летно сметање на времето од 27 март :vozbud:
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.113
русите го укинаа летно- зимско сметање на времето:aplauz:. Кажаа дека ова поместување на саатот, саат нанапред или наназад е неприродно и животните имаат проблем
и други држави се во размислување-дали да го сторат истово

ноооооооо, ние од 27.03 ќе чекориме наааааааапред:wink:
 
P

Princ

Гостин
русите го укинаа летно- зимско сметање на времето:aplauz:. Кажаа дека ова поместување на саатот, саат нанапред или наназад е неприродно и животните имаат проблем
Како може животните да имаат проблем со зимското/летното сметање на времето кога они немаат саат?
 
Г

Господ

Гостин
Од кога уствари поместувањето на часовникот има влијание на времето?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom