Проблеми со ЕВН

I

INFECTED

Гостин
Здраво на сите

Поради моето недоволно познавање на законите во Македонија,...
...темава ја отворам тука наместо во делот "право и закони". За што станува збор?

Јавна тајна е дека многу села во Македонија (скопски Грчец, велешка рамина ромскиот дел итн) не плаќаат електрична енергија па, ние останатите плаќаме за нив. Плус, ако не се платена една сметка на време, стигале некои пеесет шеесет денари "казна", Боже сачувај.

Јавна тајна е истотака дека, неколку пати во годината доаѓа сметка со неколку илјади денари плус од вообичаено, кај сите нас, а за тоа уредно вработените во таа фирма ќе нѐ известат дека пеглата и електричното ѓезве знаат да донесат 1500 денари плус...

Има уште многу јавни тајни со ЕВН, но на темава сакам секој да ги сподели своите патешествија и секој да објасни стручно, што се fuc*in случува со таа ЕВН и какви мерки да се превземат за да не нѐ краде!

Живеам со моите и татко ми никако не сака правна постапка а јас не можам ништо бидејќи се води на негово име па, ми требаат било какви информации за ЕВН, од приватни ситуации па сѐ до незаконски наплаќања!

Ова со нив мора да се реши, луѓе се отепаа од работа за да плаќаат двојно повеќе!
Молам за помош, да ја прошириме темава.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.253
Поени од реакции
18.072
Исто така сакам да нагласам дека идат одвреме навреме посебно ако ја намалиш сметката за струја некако со нова изолација, дограма или бојлер на плин, да ти го 'проверат' струјомерот, и потоа ќе си имаш пак исти сметки како и да не си заштедувал.

Ова мене ми се случи откако наместив нова дограма, а имам и примери од пријатели што ова истото му го направија.

Дали има независно тело кај што може да се провери струјомерот ?
 
iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.183
Не гледам да имаш некое конкретно прашање поставено. Како што и самиот кажа ова се "јавни тајни" кои се прават од страна на ЕВН и сите ги знаеме и сме ги почувствувале на своја кожа. Мислам дека не вреди да се оди на суд за сума од 2-3 илјади денари затоа што трчањето по судови и адвокати со години ќе те кошта многу повеќе и на крај не се знае дали ќе го добиеш случајот или не.

Единствено логично решение според мене на долг рок и кое полека но сигурно во Македонија почнува да се применува е електрична енергија од соларни панели. Последниве 2-3 години неколку мои роднини и пријатели направија такви инвестиции и се презадоволни. Да, доста скапо е и мораш да го платиш одма или на неколку рати ако имаш можност за тоа, ама на долг рок е многу поисплатливо, поефтино и што е најважно нема да те боли глава од ЕВН. Пријател мој има "викендица" на три спрата во село и инвестицијата му излезе некаде околу 10 илјади евра за панелите и дел од апаратурата потребна за инсталација бидејќи сам си направи се, а фирма да ти ги намести се сигурно ќе излезе поскапо. Но поентата ми е дека е презадоволен, струја му се складира во батерии во случај на дефект или по потреба и што е најважно не го боли глава со сметки секој месец.
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Aбе што има да се каже за ЕВН т.е. ЕБН (ЕБаНа) крадат л'жат сушат ... измислуваат некакви си заостанати долгови од пред 5, 10 или повеќе од 10 години, некогаш по 2-3 илјадарки "заостанат долг", некогаш и по 5-6 илјади "заостанат долг", во принцип ако треба да се платат цирка 100 евра месечна сметка за потрошена електрична енергија плус и некое долгче ќе ти опнат кое треба да се плати во некаков си рок од толку и толку дена, јбг јас сфаќам дека мора така да биде, некој треба да им ја плаќа струјата и на оние "социјалните случаи" како и на некои ај така да се изразам "загрозени малцинства во државава" ... такозвано нели овозможување на социјален мир во државата :tapp:
 
Член од
12 март 2015
Мислења
1.569
Поени од реакции
3.215
Баш денес бев да прашам за приговор на сметка. Конкретно, истата сметка за ноември што ја добив од 4000 денари ја препишале во декември, али буквално.
и одам му викам на таа тетката да ми кажи дали е прочитано броилото и дали е пишан паушал, па откако ми кажа дека е прочитано ја прашав која опција ми останува на располагање да ја обжалам сметката *бидеји пола декември НЕ бев дома.

Ми вели госпожа дека можи да побарам броилото да го „баждареле“ т.е. да го проверат повторно, али пази сега финта... проверува ЕВН, проверува не знам кое ти тело таму друго (државно нормално) и кој со здрав памет ќе чукни 2500ден за проверка на броилото за на крај да ти речат дечко сеќ е океј.
Кадија те суди, кадија те тужи.

Подобро да ми речеше, види, еби се, не ни можеш ништо.

АРНО им правеа порано на сатовите со магнети па не плаќај струја или пред саатот кога има ја земаа.... додуше и сега со овие новите (дигитални) отчитувачи има еден куп марифети што можи да се направат ама оди најди некој да ти стори таква услуга...
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.029
Поени од реакции
14.908
Ако некому му е треба стручна помош...тука сум. Хонорарно работам за скопската Агенција за судски вештачења, и досега сум имал многу спорови со ЕВН...и засега тие што се завршени сите сум ги добил, а има уште неколку за кои се во тек судски постапки.

не е евтино да се тужиш со ЕВН ....но некогаш мора, послебно ако ,,те ластат,, со голема фактура од разно разни причини
 
Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.141
Поени од реакции
2.792

Toa така го прават бидејќи го набркаа народот во радиус од 3.000 км и преку океан. Илјадници куќа во Македонијава се скроз празни нормално струја ич не трошат и од тие ЕВН ја надокнадуваат буџетската дупка...
 
ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.259
Поени од реакции
3.612
Регистрирајте акаунт на ЕВН сајтот, проверете дали и од кога имате застанати сметки за да знаете дека не ве лажат... имајте на ум дека она што пред 10 и нешто години не „лажеа“ да струјата ја плаќаме преку уплатница и сами да си ја одбиваме телевизијата која тогаш беше дел од сметката значи граѓаните свесно не ги доплаќаа сметките за струја сега таму си стојат во архива како неплатени суми и токму тоа е она што викате дека ЕВН ќе ве почести со сметка поголема за некоја илјадарка еднаш годишно. Тоа е каматата на тие заостанати долгови кога се пресметува и додава во постоечката сметка.

ЈАс имав друг случај како ме налепи ЕВН со куќата на бабами во село... сметки неплатени, камати на камати долг на долг... бабами почината 10 години... ЕВН гаси струја и вика ние не го бараме долгот ама нема да има струја додека не се префрли броилото на жив човек и веднаш имате струја не е проблем... финтата е ти земи на тебе и утре на извршител ... а струја гајле им е тебе не ти ја кинат кога знаат дека таму нема никој постојано и дал освен паушалот ќе има сметка до 300-400 ден максимум... ама за плаќање на долг стар 10 и повеќе години, со камати со се кај 1400 и нешто евра и извршителот ќе те бапни уште толку... и така... морав да ја „воскреснам“ бабами да платам 86000 на гладно срце во нејзино име, да потпишам преземам долгови, од кога веќе ги платив сам претходно значи се на нула, за да од кога ќе се префрли на жив човек не ми дојде другиот ден блокирање на сметка во банка ...
 
I

INFECTED

Гостин
Баш денес бев да прашам за приговор на сметка. Конкретно, истата сметка за ноември што ја добив од 4000 денари ја препишале во декември, али буквално.
и одам му викам на таа тетката да ми кажи дали е прочитано броилото и дали е пишан паушал, па откако ми кажа дека е прочитано ја прашав која опција ми останува на располагање да ја обжалам сметката *бидеји пола декември НЕ бев дома.

Ми вели госпожа дека можи да побарам броилото да го „баждареле“ т.е. да го проверат повторно, али пази сега финта... проверува ЕВН, проверува не знам кое ти тело таму друго (државно нормално) и кој со здрав памет ќе чукни 2500ден за проверка на броилото за на крај да ти речат дечко сеќ е океј.
Кадија те суди, кадија те тужи.

Подобро да ми речеше, види, еби се, не ни можеш ништо.

АРНО им правеа порано на сатовите со магнети па не плаќај струја или пред саатот кога има ја земаа.... додуше и сега со овие новите (дигитални) отчитувачи има еден куп марифети што можи да се направат ама оди најди некој да ти стори таква услуга...
Имам пријател шипо, електричар ѕидар и криминалец :) за 500€ вградува склопка зад дигиталниот саат, повлекуваш рачка и земаш ел.енергија која не минува низ броилото.[DOUBLEPOST=1548987690][/DOUBLEPOST]
Ако некому му е треба стручна помош...тука сум. Хонорарно работам за скопската Агенција за судски вештачења, и досега сум имал многу спорови со ЕВН...и засега тие што се завршени сите сум ги добил, а има уште неколку за кои се во тек судски постапки.

не е евтино да се тужиш со ЕВН ....но некогаш мора, послебно ако ,,те ластат,, со голема фактура од разно разни причини
Штета што се води на име на чале а тој се води на народната "со држава не си играј"... Јас да бев не една голема туку за секоја сметка тужби ќе пуштав. До лудило. Со предходни мерења со сѐ, затоа што имам мерено 2015та година неколку месеци и милион посто сум сигурен дека околу 1500 денари месечно нѐ крадат.
 
Член од
7 март 2009
Мислења
1.132
Поени од реакции
793
Имам пријател шипо, електричар ѕидар и криминалец :) за 500€ вградува склопка зад дигиталниот саат, повлекуваш рачка и земаш ел.енергија која не минува низ броилото.[DOUBLEPOST=1548987690][/DOUBLEPOST]
Штета што се води на име на чале а тој се води на народната "со држава не си играј"... Јас да бев не една голема туку за секоја сметка тужби ќе пуштав. До лудило. Со предходни мерења со сѐ, затоа што имам мерено 2015та година неколку месеци и милион посто сум сигурен дека околу 1500 денари месечно нѐ крадат.
Да,татко ти донекаде е во право затоа што акции во ебената ЕВН има и државава,заедно си делат од профитот со газдите од Австрија,ама знаејќи ги какви лопови се,немој да ги жалиш ниту секунда,ако ти се укаже шанса ти нив да ги крадиш не му ја мисли,погледни што се случи на македонскиот пазар откако ги инсталираа тие новите дигитално-лоповски броила,струјомерот не краде за 30% сто-посто,се што се штелува однадвор дигитално може да краде,биди сигрен во тоа,лично ми кажа вработен таму кој бил на приемот и работел со новите лаптопи и дигитални струјомери,еве грциве сеуште си имаат од старите,иди било каде на одмор во Елада ќе видиш,ем се во ЕУ замисли,затоа ние денес немаме саглам држава,каков народд-таква држава=такви компании
 
Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.096
Поени од реакции
3.290
морав да ја „воскреснам“ бабами да платам 86000
Ако баба ти имала имот и вие сте имале нешто да наследете, мораш да платиш, оти со прифаќањето на наследството го прифаќаш и долгот.
Имам пријател шипо, електричар ѕидар и криминалец :) за 500€ вградува склопка зад дигиталниот саат, повлекуваш рачка и земаш ел.енергија која не минува низ броилото.
Па затоа во тие делови не смее да припари некој од ЕВН, но онаму каде смее стават струјомери многу понапред од каде зимаш струја, кај нас пред некоја година на главната бандера од каде сме приклучени ставија кутија со броило, па после 50-тина метри пак има едно кутивче (мини трансформатор ли е немам поим) од каде делат струја на 10-тина фамилии.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.029
Поени од реакции
14.908
Vo maalskite trafostanici ima postaveno broila. Koga Evn ke registrira deka vkupnite Kw na site priklučoci se pomali od Kw na broiloto vo trafostanicata...imaat siguren pokazatel deka vo toa maalo nekoj kradi.
Togaš gi angaziraat tehničarite i podetalno zagleduvaat vo sekoje broilo i faktura i se baraat somnitelnite
Ako fatat nekogo....go merat vlezniot kabel i mu fakturiraat kako cela godina maksimalno da go opteretuval kabelot

Plus krivicno se goni

E sega ako se raboti za Aračinovo....Grčec....bože moj....
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.716
Поени од реакции
6.915

Не е плус кривично се гони, туку прво кривично се гони. ЕВН издејствува измени во Кривичниот Закон, па било која кражба на електрична енергија се гони по службена должност. И, тука Законот е многу ефикасен и ригорозен и, токму заради кривичниот прогон, луѓе се принудени да платат. Инаку, се рачуна периодот од последната званична контрола до моментот на констатирање на кражбата, но не повеќе од една година.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.029
Поени од реакции
14.908
Nivnite veštaci redovno odat so maksimalni presmetki za nadomest.
Sum se sretnuval i so frapantni gluposti...kako na primer na eden čovek vo Skopje....mu fakturirale 28 000 kw samo za 1 ( eden) den
I tvrdat...da...gi potrosil...daval na komšiite so kabel

A za toa deka treba nad 4000 Amperi struja za toa(monofaznoto broilo drzi max 40 A) ....nikoj ne mu e gajle
 
Член од
12 март 2015
Мислења
1.569
Поени од реакции
3.215
Имам пријател шипо, електричар ѕидар и криминалец :) за 500€ вградува склопка зад дигиталниот саат, повлекуваш рачка и земаш ел.енергија која не минува низ броилото.[DOUBLEPOST=1548987690][/DOUBLEPOST] милион посто сум сигурен дека околу 1500 денари месечно нѐ крадат.
мислам дека сега тоа не може пошто сите броила се надвор од куќите т.е. по бандери. барем кај мене е така.
Инаку да имаше начин ќе му поебев мајчето, пет минути не се думав.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom