Приклучете се на Кајгана радио - Е, неее...! [Сезона 2013/2014]

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.255
Поени од реакции
34.575
Возраст
40
Локација
Скопје
Веб-сајт
www.kajgana.com
Епа момци и девојки,

По неколку годишна пауза и по неколку месеци убедување да се крене радио серверот, @Bidikov конечно попушти на модераторската собиранка во петокот и ни овозможи техничка можност да почнеме повторно да го водиме нашето он-лајн радио :vozbud:

Моментално радиото е во тест фаза и може да се слуша преку следниве линкови:

1) Директен линк за слушање преку Winamp или друг плеер;

2) Виџетот на почетната страна на форумот
kgn-radio.JPG
(кликнете на икончето до името на радиото ако сакате да ви се отвори pop-up прозорец);

3) Преку апликацијата TuneIn за iPod/iPad/iPhone или Android уреди...
Или едноставно преку нивниот сајт :)


Што се плановите за во иднина:
- Дефинирање на неделна програма;
- Дедициран сајт за радиото (на кој ќе биде објавена програмата, диџеите и тн);
- Коментирање на спортски натпревари во живо;
- Late night емисии во живо, со вклучување на форумџи(к)и во програма;
- Продуцирање на нови џинглови;
- Дневна (викенд?) програма посветена на одреден музичар/бенд;
- „Слушаме филм“ кај што ќе одат саундтраци од филмови;
- Ваши идеи?


Знаеме дека сите сакаме да учествуваме во проектот и да бидеме „диџеи“, ама се' уште не се пријавувајте на темата. Ќе отвориме посебна тема за тоа кога ќе дојде време. Остајте прво да ги испегламе техничките работи...

Сега, слободно закачете се за да направиме мал „стес тест“ на радиото и да видиме како ќе поднесе повеќе слушатели :)
 
Без жалопојки ве молам, иначе нема да го слушам.
 
Без жалопојки ве молам, иначе нема да го слушам.
Пиштол да не ти стаи некој над гла да го слушаш. Не кликај плеј, едноставно е.
 
Важи, сега ќе опнеме CECA само за да се развеселиш :)
Пријателе, ако гледаме да му го погодиме на секој вкусот, тогаш подобро уште сега да го убиеме серверот.

Ако не ти се слуша, не слушај. Ене ти Јутуб, Јупорн и останато. Или стави го на Mute, ако си на радиото само за време на тестирањето и сакаш да дадеш придонес :)

Темава е за идеи околу развој на радиото, не за програмата. Не знам дали забележа, ама песните кои идат во моментов се „расфрлани“ и течат само за да го истестираме серверот. Во моментов нема програма по која се водиме, нема се' уште џинглови (ќе има подоцна) и нема диџеи (освен мојот Winamp) :) За програмата во некоја наредна тема, кога официјално ќе почнеме со радиото.

Server Status: Server is currently up and private.
Stream Status: Stream is up at 128 kbps with 15 of 512 listeners (15 unique)
 
Важи, сега ќе опнеме CECA само за да се развеселиш :)
Пријателе, ако гледаме да му го погодиме на секој вкусот, тогаш подобро уште сега да го убиеме серверот.

Ако не ти се слуша, не слушај. Ене ти Јутуб, Јупорн и останато. Или стави го на Mute, ако си на радиото само за време на тестирањето и сакаш да дадеш придонес :)

Темава е за идеи околу развој на радиото, не за програмата. Не знам дали забележа, ама песните кои идат во моментов се „расфрлани“ и течат само за да го истестираме серверот. Во моментов нема програма по која се водиме, нема се' уште џинглови (ќе има подоцна) и нема диџеи (освен мојот Winamp) :) За програмата во некоја наредна тема, кога официјално ќе почнеме со радиото.
Добро што ја тргна жалопојката готов бев да го исклучам. :) И како е колку има конектирано сега? Ќе го биде ли? (y)
 
Само за 512 луѓе има место? Одма проширете го.
 
Само за 512 луѓе има место? Одма проширете го.
За ширење е најмал проблем, ако стигнеме 100 слушатели треба да бидеме среќни :)
 
Само за 512 луѓе има место? Одма проширете го.
Чил брату, полека, ти пишаа дека не се уште испеглани деталите.

Каква напнувачка моќ сме имале Корун, Пеџа989, Ејсид, Олимпија, Супервајзр и јас, за еден ден го среди Бидик радиото :cool:
 
Пошто работам во интернет кафе ќе бидам верен слушател :icon_mrgr: така да ајде со среќа некае се надевам дека ќе кажувате кога ќе пуштате српско да го исклучам радиото :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom