- Член од
- 8 ноември 2008
- Мислења
- 2.172
- Поени од реакции
- 1.267
Како се викал Септември за време на Александар?
Багдад е главен град на денешен Ирак. Го основал во 762 година калифот Абу Џафер ал Мансур на бреговите на реката Тигар и го претворил во нова престолнина на Абасидскиот калифат.
Името БАГДАД кое му го дал калифот Ал Мансур поради тоа што на тоа место постоело Сасанидско село (постоело и пред Сасанидите) со истото име и кое име значело : “БОЖЈИ ДАР“ (во близина на некогашната “сасанидска“ престолнина Ктесифон - Филип Хити : “Арапска Историја“)
Е сега, да те прашам јас тебе, од каде дошло такво име кое, очигледно, потекнува од “словенската јазична група“ и тоа веројатно од сличните изрази на него : “БОГ ДАДе“ или “од БОГа ДАТ“?
Па нели “Словените“ само еден век порано дошле на Балканот? Како, на кој начин стигнале во Ирак оформиле село со такво име и тоа неколку векови порано (не мора да се 1000 години, еве, нека бидат два века).
И немој да ми кажуваш дека името не е со словенска (Македонска) етимологија, оти секој што тоа ќе го прочита ќе ти се смее.