Помош, проблеми, прашања, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата StenmarC
  • Време на започнување Време на започнување
Дали C2D, 4GB RAM DDR2 би биле добар тандем со R7250 1GB GDDR5? Дали би имало ботлнек и на какви сетинзи би се играле игрите на 720p? Комплексно прашање, се надевам некој ќе одговори :D Фала однапред.
Мислам дека би можело да се појави мал ИНТЕРНЕТ БОТЛНЕК (не обичен ботлнек) ако сетинзите би ти биле на ВЕРИ ХАЈ!;)
Се шегувам де, немам појма што пишувам, само некако интересна ми беше „спојката“ помеѓу Англиски и Македонски ИТ термини!:):):)
 
Ааа извини, друг пат ќе го користам изразот "тесно грло". Не е проблем така?

Дали C2D, 4GB RAM DDR2 би биле добар тандем со R7250 1GB GDDR5? Дали би имало ТЕСНО ГРЛО и на какви сетинзи би се играле игрите на 720p? Комплексно прашање, се надевам некој ќе одговори :D Фала однапред.

П.С се самоцитирав да дополнам дека се работи за Core2Duo E7400.
 
Дали C2D, 4GB RAM DDR2 би биле добар тандем со R7250 1GB GDDR5? Дали би имало ботлнек и на какви сетинзи би се играле игрите на 720p? Комплексно прашање, се надевам некој ќе одговори :D Фала однапред.

Не верувам дека ќе имаш bottleneck, а за перформанси најдобро да си провериш benchmarks на google
 
Склопував делови од нов компјутер и налетав на неколку проблеми. Ќе бидам многу благодарна ако некој одвои енергија и време да ми помогне да ги решам.
Прво, без да знам дека пиновите кај процесорот не смеат да се чепкаат и искриват, чепнав таму кога го местев. Го склопив некако компјутерот(лаички) гледајќи јутуб видеа, компјутерот стартуваше една секунда. Мислејќи дека сум ги зезнала пиновите кај процесорот, отворив и гледав да исправам... Еве ги како изгледаат:
SAM_2691.JPG

Се сомневам дека овој доле е сеуште искривен. Енивеј, при затворање, приметив дека кулерот не сум го „заклучила“ добро првиот пат, го направив тоа сега. После ова, компјутерот стартува, но графичката не функционира, исто и усб-то(ни задни, ни предни). Се надевам дека проблемот е во грешно поврзување, а не во процесорот. Графичката, освен конекција со матичната плоча, нема друг приклучок. Еве ги имињата на сите делови:

LC Power Pro-Line PRO-925B - miditower - ATX
ASUS P8Z77 V-LX
Intel Core i5-4670K Haswell - Box
Kingston HyperX Fury DDR3-1866 SC - 8GB
Seagate Barracuda 7200.14 - 1TB
MSI GeForce GTX 750 Ti Gaming - 2GB
NVIDIA Game - F2P Warface/Heroes/Path
ASUS DRW 24F1ST - DVD±RW- (±R DL-) / DVD-RAM-

Еве и како изгледа во куќиштето:
SAM_2692.JPG
 
Утната ти е матичната со процесорот. Матичната ти е за 2ра и 3та генерација Intel процесори, а процесорот ти е 4та генерација
 
Утната ти е матичната со процесорот. Матичната ти е за 2ра и 3та генерација Intel процесори, а процесорот ти е 4та генерација

Сакаш да кажеш дека морам да купувам нови делови? :icon_lol:
 
Сакаш да кажеш дека морам да купувам нови делови? :icon_lol:

Ке треба нова матична да зимаш Z87, а она што си ги искривила пинот е лоша работа ако имаш живци и трпение да не ти се тресат рацете и со игла и многу нежно можеш да го средиш ако малце го мрднеш лево десно ке се скине така да таа матична тргни ја настрана и не ставај никаков процесор на нејзе додека не ги средиш иглиците
 
Каде менуваат екрани за таблети?за асус посебно.

п.с колку е отприлика цена?
 
mhl со hdmi каде има најефтино низ скопјево?
 
Имам едно прашање. Скоро два месеци Local disk C ми губи меморија... неконтролирано :(, иако нема нови фајлови или програми кои би можеле да ја зафаќаат меморијата. На пример пред два месеци имав околу триесет и нешто гига меморија сега имам 456 мегабајти во моментот, и се чини дека опаѓа секоја минута. Дали проблемот е во софтверот или нешто не е во ред со самиот диск?
 
Незнам дали е за овде овој проблем , но ако знае некој да помогне.

Ми се изгаси лаптопот , и сега кога пробувам да го оклучам ова ми се појавува. Одам Ctrl+Alt+Del, но само се рестартира и пак истото.

error.jpg
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom