Помош: Фотоапарати, сервис, општи прашања околу опрема и фотографија

  • Креатор на темата Креатор на темата Tyson
  • Време на започнување Време на започнување
Aко некој има таков апарат па да каже да не имаш случајно наместено нешто погрешно, мануал некој мод , ф бројче... Значи прво види дали на ауто ќе слика исто темно. Ако и на ауто така слика - сервис али прашај пошто знат да наплатат колку што вреди апаратот поправката.

Да, на ауто не ни пробувам да сликам повеќе - на ништо не личи. Сега милион подесувања правам во зависност од светло, блиц обавезно исклучувам (ако се уклучи блицот сликата е или скроз црна или скроз бела).
Сепак, неделава ќе го носам на сервис, испадна еден од компјутерџииве на татко ми и со тоа да се разбирал. Ако и тој не знае, ќе го носам на др место.

Криво ми е што апаратот е стар пола година, уште е под гаранција, само што поефтино ќе ме фати нов да купам него со тоа да се занимавам.
 
Можи софтверски да е па само да апдејтуват фирмверот. Најубо сервис ќе ти кажат
 
Де бе не мислев до таа цена :icon_mrgr: Некоја разумна ко за почеток докај 20.000 ... :)
Одговорот е на место, ти погрешно го постави прашањето.
--- надополнето: 12 април 2013 во 19:12 ---
За од поголема далечина, да има добар зум, претежно за стадиони.
Разгледај наоколу со која опрема фотографираат репортерите на стадион и ќе ти стане јасно дека тоа е најскапиот можен дел од фотографијата - спортски настани. И да најдеш евтин телефото објектив на таа светлина нема да можеш да фотографираш без f/2.8 или во најмала рака f/4 за пак да се вратиме на скапи објективи.
 
Кратко и глупаво прашање можеби, но како се прават подвижни фотографии еве за што зборам:
neverojatni-oziveani-fotografii-1.gif
 
Кратко и глупаво прашање можеби, но како се прават подвижни фотографии еве за што зборам:
neverojatni-oziveani-fotografii-1.gif
Тоа се GIF фајлови, значи на гугл побарај how to make GIF file jaс имам праено али многу одамна, избледе од сеќавањата.
 
може ли некој да ми објасни како да напишам текст на една обична фотографија?
 
може ли некој да ми објасни како да напишам текст на една обична фотографија?
Ако имаш и знаеш фотошоп, лесно е, имаш Т (текст алатка) лево во палетата, со неа селектираш каде ќе биди текстот, бираш големина на фонт, фонт, боја, ... куцаш.... Имаш и во ACDsee програмата алатка за текст... веројатно и во други програми за обработка на фотографии има можност да пишуваш текст
 
Апаратот е Canon PowerShut A420.
Сликите надвор, под светлина што е таман, се осветлени и имаат хоризонтални линии. Домаќинот вели дека е можно да е отиден сензорот.
Има ли чаре и колку чини?
 
Апаратот е Canon PowerShut A420.
Сликите надвор, под светлина што е таман, се осветлени и имаат хоризонтални линии. Домаќинот вели дека е можно да е отиден сензорот.
Има ли чаре и колку чини?
То само у сервис, или Пиксплус или во Генел, знае да биде мнооогу скапичко (барем према мои до сегашни сознанија. Али како и да е најубо е таму на сервис нек ти кажат шо му е и коку чини па или фрли го или поправај го. На еден познаник овде му побараа 12.000 денари за оправка на едно идиотче кое ново толку не кошташе, мене за ламба за блиц ми побараа 70 евра (на ибеј беше 10 долари)
 
И јас мислам дека ќе ми побараат повеќе за поправката, отколку што чини апаратот. Фала.
 
Сервис за двогледи во МК?
 
Let 3 о, господаре на фотографијата, те замољавам за совет. Имам два објектива за канонот (rebel xsi), едниот е канон 18-55 is, другиот е 55-200, тој е без стабилизација. Бидејќи ме нервира цело време да ги мењам, сакам да си земам еден што би ги заменил и двата. Има ли некој таков добар објектив што нема да ме кошта бубрег и белодробно крило? И имаш ли отприлика идеја колку би можела да ги продадам овие два објектива? И двата се во одлична состојба, не се ни гребнати.
 
@Let 3

Предлог за апарат со окце?
окце?
--- надополнето: 14 мај 2013 во 14:26 ---
Let 3 о, господаре на фотографијата, те замољавам за совет. Имам два објектива за канонот (rebel xsi), едниот е канон 18-55 is, другиот е 55-200, тој е без стабилизација. Бидејќи ме нервира цело време да ги мењам, сакам да си земам еден што би ги заменил и двата. Има ли некој таков добар објектив што нема да ме кошта бубрег и белодробно крило? И имаш ли отприлика идеја колку би можела да ги продадам овие два објектива? И двата се во одлична состојба, не се ни гребнати.
многу захтевно ти е барањето али ај да почнеме од почеток кажи најчесто што сликаш (пејсажи, портрети, концерти, спортски настани, улична...), и во какви услови најчесто сликаш (затворен простор, темница, денско светло, сала...)
Инаку јас мојот 18-55 го давам 4000 денари добар, остар и се уште го имам додуша не ми се ни требни толку парите колку што џаба ми седи.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom