Поделба на имотот во брак со нотарски договор ?

Член од
18 јуни 2020
Мислења
1
Поени од реакции
0
Сакаме имотно и правно да се разделиме со жената, без да се разведеме.... Јас ќе и исплатам одредена сума пари за станот кој ќе го префрлиме на име на синот (15.год) во кој јас ќе останам да живеам како плодоуживател, а таа ќе излезе да живее во друг стан. Ова планираме да го регулираме со нотарски договор каде ќе ги прецизираме сите работи, па дури и поделба на покуќнината.... Прашањето е следно: дали во случај на развод таа ќе има право да побарува половина од станот и од се што сме стекнале заедно, иако во нотарски договор се откажува од истото за одреден надоместок. Ви благодарам.
 
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.304
Поени од реакции
919
Мислам само адвокат за ваква работа, пошто не е заебанција
 
Член од
1 мај 2019
Мислења
97
Поени од реакции
120
Прашај адвокат дали ќе се важи нотарскиот договор иако се сомневам во тоа и ми изгледа многу сумнително. Ме интересира што е натерало на вакви заврзлами...
 
Член од
30 септември 2015
Мислења
203
Поени од реакции
290
АКо целта е да го отстапите имотот на детето, тогаш направето го тоа со договор за подарок или договор за распределба на имот за време на живот (овој вториот има појака правна тежина), со клаузули за користење додека си/сте жив/и и забрана за продажба (за да не живееш еден ден на улица).
Околу парите, кога имотот е веќе префрлен, ирелевантен е трагот на парите, ама ако неформално сте согласни дека треба да се исплатите еден на друг тогаш во најмала рака нека оди трансакцијата во преку банка. Се на се, ова не е доказ за на суд дека си ја исплатил жена ти, од едноставна причина што сеуште си во брак.
Инаку, најчистиот дел е развод, па делба на имот во ВПП постапка, така ќе се знае кое чиво е без понатамошни облигации на еден спрема друг, ама ако сметате дека заради Х причини треба проформа да бидете во брак, тогаш запамти дека префрлање на пари во брак не значи исплата за стан.
Среќно.
 
Член од
11 декември 2019
Мислења
30
Поени од реакции
26
Dali posle razvod, edniot partner moze da go tuzi drugiot I da bara vrakanje na pari sto do deka bile vo brak, mu gi prefrlil na transakciona smetka na drugiot?
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
1.868
Поени од реакции
2.226
Dali posle razvod, edniot partner moze da go tuzi drugiot I da bara vrakanje na pari sto do deka bile vo brak, mu gi prefrlil na transakciona smetka na drugiot?
Можеби може, можеби не, правник подобро ќе каже. Ама, сигурен сум дека ако за тоа има судење, парите ќе се потрошат по адвокати и нема да има никакво фајде
 
Член од
30 септември 2015
Мислења
203
Поени од реакции
290
Dali posle razvod, edniot partner moze da go tuzi drugiot I da bara vrakanje na pari sto do deka bile vo brak, mu gi prefrlil na transakciona smetka na drugiot?
Не. Во брак, се тргнува дека имотот е заеднички 50:50, нема тужби наспрема еден друг зарати тоа што едниот на другиот префрлил пари. Може да се намали соодносот доколку судот утврди дека едниот заработувал енормно многу а другиот не бил вработен. После разводот се се сведува на докажување што од каде потекнува за да се подели. Не се предмет на делба лични имоти (пример опрема за сликање ако некој е сликар или опрема за вајање сфаќаш). Имот кој е наследство од родители се изема (мајковина/татковина што го викаат) или имот стекнат пред брак. Институтот предбрачен договор не постои у македонскиот позитивно правен систем (тоа у америка барај, тука не). Така што, неможеш да префрлиш имот и да исплатиш пари и да бидеш чист се до развод. У бракоразводна парница можеш да бидеш у непривилиграна положба (паричките потрошени, а предметот на делба не започнот сеуште, тука е штосот, ќе те заебат). Правник сум, у порака ако ти треба дополнително инфо...
 
На врв Bottom