раднаскела
Wubba lubba dub duuuub
- Член од
- 7 февруари 2011
- Мислења
- 1.684
- Поени од реакции
- 1.990
Имам проблем со левото колено веќе 2 месеци. Значи некаде средината на август, на обична баскет партија при наскок, со поголема сила на спуштање на левото колено, почувствував како нешто направи поп, т.е. како нешто да се скина. Одморив 1 минута и пак си продолжив пошто бев загреан. Но откако се разбудив наредното утро, 2 часа не можев да ја левата нога. Едноставно како да не ја чувствувам. Паузирав 3 недели и повторно отидовме на баскет, но при скок повторно добив силна болка, и од тогаш натаму не сум играл, само трчав по 5 километри два пати и кога удрив спринт, повторно ми се јавуваше болка. Исто така и воопшто не можам да скокам, дури и при обичен скок како да ми се одделува бутот од под коленицата. Некои да не знае што би можело да биде, јас се сомневам во менискусот или можеби некој истегнат лигамент.