Патот до пеколот е поплочен со добри намери

Член од
3 мај 2019
Мислења
19.840
Поени од реакции
11.823
Неколку одговори постојат што го објаснуваат значењето на оваа поговорка, но никако да ја сфатам, кое е правото, вистинското објаснување.
Имам некаде сретнато каде изрекава ја пишуваат - Пеколот е поплочен со добри намери.
Која е вистината,, кое е значението..... @liberij дали ќе може твоја интерпретација на оваа реченица, само поедноставно, а и секој друг што мисли дека знае.
 
...тоа што сметам јас дека е добро според мене не значи дека ќе биде добро за тебе
...секој човек има различни критериуми за тоа штто е добро,а што лошо
...секој човек е еден универзум за себе
 
...тоа што сметам јас дека е добро според мене не значи дека ќе биде добро за тебе
...секој човек има различни критериуми за тоа штто е добро,а што лошо
...секој човек е еден универзум за себе
Фала за обидот да ми одговориш, но тоа сето го знам а пак одговорот што го побарав не ми го даде.
Ако патот до пеколот е поплочен со добри намери, каков е патото до рајот?
Нема всушност такава изрека, нели?
 
Изреката да беше Патот кон рајот е поплочен со добри намери, на сите ќе ни беше јасно ко ден, но ова не ми иде у глава, никако.....ете, сите понекогаш имаме добра намера за нешто, но поради икс причини, ќе излезе наопаку...која е добра намера ако гревот е сокриен во неа, како ќе ја препознаеме??
Тешко за објаснување :toe: а толку луѓе ја употребуваат оваа поговорка, а кога ќе ги прашаш за нејзиното значење, немаат појма.:(
 
која е добра намера ако гревот е сокриен во неа, како ќе ја препознаеме??

Ќе ја препознаеш по гордоста.Гордоста е најголемиот грев и гревот кои води кон сите други гревови.

Значи не треба да правиш добри нешта/работи за да ти биде тебе убаво,за да се фалиш на нет или у лице колку ти си помогнал/а ,колку си добар итн.

Моли се и прави добри работи тајно за да бидеш награден јавно. - Тоа е контра изрека.
 
Неколку одговори постојат што го објаснуваат значењето на оваа поговорка, но никако да ја сфатам, кое е правото, вистинското објаснување.
Имам некаде сретнато каде изрекава ја пишуваат - Пеколот е поплочен со добри намери.
Која е вистината,, кое е значението..... @liberij дали ќе може твоја интерпретација на оваа реченица, само поедноставно, а и секој друг што мисли дека знае.
Летен распуст, внучето ти е тебе доверено на чување. Излегува да игра фудбал со другарчињата пред зграда, а ти го предупредуваш „немој внучко никако да пиеш ладна вода, ќе настинеш!“. Внучето се поти, се уморува и станува жедно. Другарчињата си купуваат сокче од продавница, ама грч ладно од фрижидер. Твоето внуче не купува, пошто сака да те послуша да не пие ладно. Продолжуваат да играат и твоето внуче колабира поради дехидрираност. Е, тоа е тоа.
 
Последно уредено:
Изреката да беше Патот кон рајот е поплочен со добри намери, на сите ќе ни беше јасно ко ден, но ова не ми иде у глава, никако.....ете, сите понекогаш имаме добра намера за нешто, но поради икс причини, ќе излезе наопаку...која е добра намера ако гревот е сокриен во неа, како ќе ја препознаеме??
Тешко за објаснување :toe: а толку луѓе ја употребуваат оваа поговорка, а кога ќе ги прашаш за нејзиното значење, немаат појма.:(
Имам впечаток дека не си го прочитала написот што ти го пратив.IMG_20211021_152724.jpg
 
Летен распуст, внучето ти е тебе доверено на чување. Излегува да игра фудбал со другарчињата пред зграда, а ти го предупредуваш „немој внучко никако да пиеш ладна вода, ќе настинеш!“. Внучето се поти, се уморува и станува жедно. Другарчињата си купуваат сокче од продавница, ама грч ладно од фрижидер. Твоето внуче не купува, пошто сака да те послуша да не пие ладно. Продолжуваат да играат и твоето внуче колабира поради дехидрираност. Е, тоа е тоа.
Баш тоа.

Пример 1: Хитлер имал најдобри намери за Германците и мислел дека прави добро дело, ама ете...

Колку и да имаш најдобри намери, некогаш твоите добри намери не се нужно добро за другиот.

Пример 2: родителите не му дозволуваат на детето да го студира тоа што го сака, затоа што не е профитабилно и врз основа на своите најдобри намери му бираат некој друг факултет. Притоа, тоа се одразува врз психолошката состојба на детето и на тој начин му прават лошо.
 
Оваа поговорка не мора секогаш да се сфати во религиски контекст. И не е премногу тешка за сфаќање.

Едноставно некогаш мислиме дека нашите постапки се исправни и дека правиме нешто добро за себе или другите. Но подоцна испаѓа дека нашите постапки им делуваат штетно на другите, или придонесуваат кон лоши ефекти, или па можат да бидат злоупотребени од некој друг. Така да крајниот резултат е обратен од оној што сме го очекувале.

Како историски пример ми текнува на Алфред Нобел, кој го измислил динамитот мислејќи дека луѓето ќе го користат за корисни работи, но набргу видел како неговиот пронајдок се користи меѓу другото и за војување и уништување.
 
Уште подобар пример ти е барутот.

Кинеските алхемичари кои барале еликсир за долговечен живот го направиле барутот кој скратил милиони животи.
 
Ако патот до пеколот е поплочен со добри намери, каков е патото до рајот?
Животниот пат е мистерија... Никој не знае што го очекува денес,утре или во некоја блиска иднина и тоа е сосема во ред...Ако го препознаваш патот до пеколот лесно ќе го откриеш патот до рајот...А на крајот на краиштата ако немаш рај на земјата тогаш што ќе ти е рај на небото?

Последно уредено:
The road to hell, along the way,
Is paved with good intentions or so they say
And some believe, that no good deed
Goes unpublished in the end or so it seems
Staind _ Little something to remind you
Thank me later
 
извадок од архива :
„Патот до пеколот понекогаш е поплочен со добри намери“. Ова е објаснувањето на шефот на македонската дипломатија Никола Попоски за општата аболиција која ја прогласи претседателот на државата Ѓорге Иванов. Во интервју за специјалниот магазин „Зона на Конфликти“ на Дојче Веле, Попоски меѓудругото, за политичката криза и прислушкувањето во земјата го обвинува лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Изборите биле одложени заради СДСМ, откако сите други партии сакале да учествуваат на нив, тврди министерот за надворешни работи. „Не мислам дека претседателската аболиција беше од корист. Мислам дека не требаше да се случи. За земјата ќе беше подобро доколку тој тоа не го стореше“, вели Попоски. Тој признава дека аболицијата ја влошила политичката состојба, но не мисли дека поради тоа Иванов треба да си поднесе оставка.
„Мислам дека неговите намери беа позитивни, но последиците беа многу негативни. Понекогаш патот до пеколот е поплочен со добри намери“, вели Попоски...“
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom