Од денес НОВА ЗОРА во егејскиот дел на Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Македонцки
  • Време на започнување Време на започнување

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
635
201005061002482.jpg


Почнува да циркулира првото масовно средство за информирање за Македонците од Егејот. Историски ден за македонското движење и за сите грчки граѓани кои посакуваат европска и демократска Грција- пишува во соопштението редакцијата на весникот на македонски јазик „Нова Зора“ што го пренесува СМК.

Нова Зора е весник кој се обраќа пред се на Македонците кои сакаат да држат контакт со нивниот мајчин јазик, кои посакуваат да го научат подобро и тие и нивните деца, кои сакаат да ги бараат нивните права, да научат за нивната историја и култура.

Пораката е јасна: времињата на стравот поминаа. Нашата земја не може веќе да се крие зад прст. Мора да се согласи и да се прилагоди на тоа што се случува во другите европски земји- пренесува СМК.

Истовремено, велат во редакцијата, весникот се обраќа и кон пошироката публика, кон тие кои не можат веќе да трпат заговор за неинформирање.

Затоа, Нова Зора ќе им понуди на читателите теми што не се наоѓаат на друго место. Непознати страни на познати случувања кои намерно останаа во темнината со децении, обични секојдневни приказни, анализирања и мислења без маски, зависност и дотерувања. Ова е нашиот аманет.- велат од „Нова Зора“.

Според редакцијата на „Нова Зора“ доста позитивно е што циркулирањето на весниккот се совпаѓа со најдлабоката криза од создавањето на новогрчката држава.

Од весникот повикуваат Грција да го остави безизлезното минато кое, како што велат ја доведе земјата во економско, политичко и социјално банкротирање, да ги испита релациите со нејзините граѓани кои имаат различно национално и јазично потекло и истото да го направи и со соседните земји.
 
Прекрасна вест ,со весников многу луѓе ќе се свестат за некои работи затоа што всушност нај зажарените грци од таму се уствари со македонско потекло арно ама со многу испран мозок
 
Поддршка и само успех на целата екипа на весникот, да истраат на сите предизвици и притисоци што допрва ќе им престојат! За многу години нека им е и од ден на ден тиражот нека им се зголемува!
 
Македонски весник во Грција- „Нова Зора“ во рацете на читателите

Честитки до редакцијата на весникот. :aplauz:

Еве ја адресата :

http://www.novazora.gr
 
Македонско претседателство, Македонски весник. Работите доаѓаат на свое место. Се надевам со ова започнува ново минато различно од досегашното .
 
Честитки до браќата Македонци од Беломоскиот крај, сега го разгледувам весникот на интернет, само би забележал повеќе текстови на Македонски да има.
 
Историски ден за Македонците во Егејот. Одличен почеток, 20.000 примероци од старт не се малку, напротив делуваат доста охрабрувачки. Со среќа, браќа и нека весникот биде читан и коментиран од сите Македонци, но и од сите жители на мултиетничка Грција.

Горе главата!
 
Историски ден за Македонците во Егејот. Одличен почеток, 20.000 примероци од старт не се малку, напротив делуваат доста охрабрувачки. Со среќа, браќа и нека весникот биде читан и коментиран од сите Македонци, но и од сите жители на мултиетничка Грција.

Горе главата!

и тоа како, 20.000 е тиражот на Дневник за половина милионското Скопје
 
Честитки за браќата во Егејот ! Тие се правите Македонци !
Само нека продолжат така вистина на крајот ке излезе на виделина.
 
Прекрасна вест :oeoeoe:
 
Честито весникот, го исклористија периодот во кој Грција има поголеми проблеми одколку решавањето на малцинството, ова е доказ дека во Грција има уште Македонци кој се декларираат како Македонци и така сакаат да останат БРАВО
 
Супер е весников баш сега ја рагледав и веб страната баш е одлично ,а и на вести прееска слушнав податок дека во Грција имало пола милион жители кои го разбирале македонскиот јазик ,а уште колку има Македонци кои не го разбираат , а и уште колку има Грци со Македонски корени ... бре бре :tv: ситуацијава е бонбона таман се да почне полека да си искача на виделина
Им посакувам успех и да го зголемат својот тираж т.е да почне ко алва да се троши :)
 
Честито весникот, го исклористија периодот во кој Грција има поголеми проблеми одколку решавањето на малцинството, ова е доказ дека во Грција има уште Македонци кој се декларираат како Македонци и така сакаат да останат БРАВО

Сега ако не го искористиме периодот максимално тогаш или немаме држава или имаме држава со кунта кинте дипломатија
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom