Во градот каде што јас живеам пред 1,5 година вработија како инспектор лик кој има завршено некаков приватен факултет за менаџмент во времетраење од 3 години во Врање, па што да се прави? Ликот за пари го заврши тој приватен факултет, во меѓувреме цело време си живееше и работеше во градот каде живеам во државава, и одеше во Врање само да му пишат оценки во индекс и да му издадат диплома.
Вработија и една како инспекторка со факултет 3 години студии по новинарство, но таа барем во Скопје во оваа држава заврши студии.
Отворен Балкан и во пракса финкционира и ете се признава таква диплома од Врање, иако во реалноста и не би требало да се признава таква диплома од странски приватен факултет од Врање.
Ги има еден куп низ цела држава вработени како инспектори со дипломи од 3 години и еден куп со дипломи од приватни факултети за пари земени дипломи.
Но не можеме ништо да промениме, која и да е партија на власт тоа постојано се случува и ќе продолжи тоа.