ЕКСКЛУЗИВНО---Вистината за „Диво Насеље“-Куманово!
Кој и зошто сакаше да направи нова војна на 9ти мај оваа година?
Неколку дена, пред да се случат немирите на 9-ти мај 2015 година, 2 вооужени групи влегле на територијата на Република Македонија(никој од УБК, МВР, БЈБ не ја известува јавноста). Едната криминална банда ја предводеле командат Нато од УЧК, поточно Мирсад Ндрецај од Косово и Бек Ризај, човек близок на влијателен функционер на огранокот на ДУИ од Скопје(Чаир). Оваа вооружена група претходно неколку денови била во с.Слупчане(БЈБ тоа го знае, но го крие) обидувајќи се да придобие жители од селото да им се приклучат, нудејќи им пари, но биле одбиени!
Другата криминална банда донесена и платена за инциденти се криминалци од Косово предводени Сабит Геци од Косовска Дреница, кој моментално е во затвор во Приштина.Тој бил близок човек и послушник на Хашим Тачи.
За овие 2 вооружни групи знаеле и косовските тајни служби кои (по дојава дека спремаат напади), почнале да ги прислушуваат припадниците на косовската група уште од 2ри Април(цели 37 дена пред битката во Диво Насеље). Според тие разговори (кои косовската агенција за разузнавање ги има во аудио и видео форма) 4-ца припадници на косовската група(Мирсад Ндрецај, Бег Ризај, Сами Укшини и Дем Шеху) контактирале со припадник на македонската тајна служба. Станува збор за АРИФ АСАНИ! Тој е заменик директор на УБК, а на таа функција е назначен од сегашниот заменик министер во МВР, Митко Чавков(тогашен директор на БЈБ поставен пак од Сашо Мијалков и Фордана Јанкулоска) Ариф Асани бил во постојан контакт со еден од припадниците на групата (Сами Укшини). Укшини е близок пријател со Али Ахмети(за што доказ е една од сликите/бр3). Ариф Асани во целата ситуација играл двојна улога. Манипулирал со информациите и намерно давал погрешни насоки на македонските служби. Тој е директно одговорен за загинувањето на македонските припадници на полицијата. Вториот контакт на косовската група бил вработен во агенцијата за разузнавање, Тој им ја дал информацијата на криминалната група од Косово дека во караулата во Гошинце македонската полиција имало запленето 60 калашникови, 60 пиштоли и 3 сандуци со муниција. Станува збор за Ш. Мемети(вработен во агенција за разузнавање), кој пак имал неколку контакти со пратеникот на ДУИ, Рафис Алити. Имено оваа група за сума од над 2 милиони евра, исплатена во неколку трансфери уште во месец Април, добила задача да прават инциденти во Кумановскиот регион, а стратешки објекти во градот им биле полициската станица и зградата на општина Куманово. Целта на оваа акција е да се направат мултиетнички граѓански судири за да се спречи објавување на понатамошните бомби од опозицијата, кој требало да откријат голем криминал на челници од ДУИ и Сашо Мијалков. За овие настани знаел лично Митко Чавков, кој тогаш бил Директор на бирото за јавна безбедност. Подоцна Чавков за да не проговори, е поставен за министер во МВР, и директно управуван од Мијалков. На самиот ден(9ти мај) нападот на вооружената група го „организирал“ началникот на СВР Куманово, Моме Јакимовски. Тигрите, биле повикани подоцна(по усна наредба) со цел да има загинати, а ДПМНЕ и ДУИ да предизвикаат граѓанска војна и да прогласат полициски час во Македонија. Во таква ситуација(полициски час) настапува целосно медиумски мрак, згаснување на социјалните мрежи, ТВ и радистаниците. Инаку оваа криминална група во Куманово престојувала неколку дена.
--КОЈ ОД МВР ДОЗВОЛИЛ ИЛЕГАЛЕН ВЛЕЗ НА КОСОВСКАТА ГРУПА ВО МАКЕДОНИЈА?
За влегувањето на групата во Македонија знаеле и дел од пониските структури на МВР(подолу се напишани сите) кои “не биле заинтересирани“ зошто групата влегува, која им е целта и имаат ли оружје. Тие лица се директни соучесници на масакарот. Објавуваме со име и презиме:
-МОМО ЈАКИМОВСКИ-началник на СВР Куманово
-ГОРАН ТРАЈКОВСКИ-началник на РЦ Север при сектор за гранични работи и миграции (инаку брат на градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски и внук на градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски)
-АРИФ АСАНИ-сегашен заменик директор на УБК. главна врска со косовската група
-МАРИЧЕ МАРКОВА- главен инспектор во одсек за граничен надзор
-МЕМЕТ ХАЛИМИ(брат на Ејуп Халими)-инспектор во РЦ Север
-ЕЈУП ХАЛИМИ(вработен во секретаријатот за спроведување на рамковен договор). Ејуп Халими е втората врска помеѓу ДУИ и косовската група. Тој постојано соработувал со 4цата водачи на косовската група која нападна во Диво Насеље. Ејуп Халими и Мемет Халими се братучеди на Бекир Асани(функционер од огранокот на ДУИ во Чаир). ДУИ како политичка партија била во постојан контакт со Халими, кои секојдневно им давал информации(кој ги добивал од Ариф Асани) каде точно се движи косовската група, кога ќе нападне и што ќе прави понатаму.
---3ца ОД ГРУПАТА НА НДРЕЦАЈ ПРЕТХОДНО БИЛЕ ВО СИРИЈА--
Бајрам Елшани, Хајруш Авдија и Бетим Кабаши, според информации на косовската агенција за разузнавање, во периодот од септември 2014г. до декември 2014 година престојувале на територијата на Сирија, токму во период кога се случуваат терористички напади од Исламска Држава. За нивната поврзанос со ИД, постојат докази кои косовската агенција ги поседува(овие податоци ги знаеле и од УБК).
По трагичниот крај во Куманово, Мијалков и Јанкуловска си поднесуваат оставка. Но на нивно место поставуваат личности кои може да се контролираат за да не ги издадат.
Докази за соработка и поврзаност со косовската група:
-Слика 1-Сами Укшини познат како командант Соколи.
потекнува од семејство во Морина, Ѓаково(Đakovice). Неговото семејство било база на УЧК, УЧПМБ и УЧК-Македонија. Сами Укшини учествувал во војната во Македонија во регионот на Липково. Близок пријател на Мендух Тачи и соработник со ДУИ!
-Слика 2-Доказ за блискиот однос и соработка на двајцата пријатели-Сами Укшини и Мендух Тачи(Претседател на ДПА)
-Слика3- Али Ахмети(Александар Антиќ-неговото име и презиме пред влегувањето во Македонија) и Сами Укшини!
-Слика 5-Дем Шеху од Дечани, учествувал во војнaта на УЧК на Косово, но и во војната во Македонија 2001. После војната во Македонија бил бодигард на лидерот на ДУИ, Али Ахмети!
СПОДЕЛЕТЕ! ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ!