Купирање уши / сечење опавче (општа дискусија)

SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.851
Поени од реакции
2.408
Темата се однесува генерално, значи и за оние што имаат кинолошки познавања и ги пратат случувањата на изложбите кај нас и во светот, но и општи импресии и мислења на сопствениците/љубителите.

Кратко појаснување од мене: Кинолошки гледано, ФЦИ се на некој начин има оградено од тоа дали купираните кучиња треба да бидат изложувани или не, цитирам „Dogs with docked tails or cropped ears are to be admitted in accordance with the legal regulations of their home countries and those of the country where the show takes place. The judging of docked and undocked or cropped and uncropped dogs must be done without any discrimination and solely in accordance with the valid breed standard. The organizing country’s regulations concerning showing docked or cropped dogs should be stated in the show schedule or on the entry forms as well as in the show regulations.„

Во превод ФЦИ вели дали ќе се дозволи изложување на такви кучиња зависи од правилата на самата држава. Гледано во Македонија, постои закон за благосостојба на животните во кој е наведено дека било каква козметичка интервенција која не е медицински поткрепена, е забранета, но на изложбиве сеуште гледаме купирани кучиња.

На големиве изложби веќе е забрането сеуште можат да се видат кучиња со такви измени кои се постари, значи кучиња родени пред воведувањето на ваквите правила и закони.

Е сега, колку Вие сте за, а колку сте против овие зафати и зошто?
 
L

Lu

Гостин
Зависи за која раса станува збор.

На пример, според мене Доберманот мора да има купирани уши и сечен опаш, бидејќи во спротивно ќе личи на загар ... едноставно „природниот“ Доберман ја нема таа фаца и изглед како што ја има купираниот Доберман.

Ротвајлерите, некако ги навикнав со долги опашки, и сега кога и да видам Ротвајлер со купирана опашка, некако некомплетно ми изгледа.

А најглупо нешто е половично да го оставиш кучето (најчест случај е сечена опашка и несечени уши).
Тоа никако неможам да го сфатам, али комплет среди го кучето, или не го чепкај.

Нема споредба ...



 

TheQueen

Поларна мечка од цвет на цвет
Член од
26 ноември 2013
Мислења
584
Поени од реакции
791
Јас сум против ваквите зафати бидејќи тоа го сметам за малтретирање на животното.
А друго, природно си е природно, па мене ваквите животни со кренати уши и скратени опашки воопшто не ми изгледаат убаво.
 
Член од
12 април 2010
Мислења
491
Поени од реакции
143
Според мене скроз непотребно е да се подложуваат на трауми, само за да им се убави на сопствениците.
Како би било родителите да ги носат децата на на 3-4 години на пластични операции?
 

мкд владе

Гостин
Член од
21 ноември 2009
Мислења
12.297
Поени од реакции
9.008
Пошто моето куче не ми е за на изложба сакам да прашам нешто.
Кога беше мало двете ушиња му беа испраени нагоре кога ке ги начулеше.
Сега е малце распар. Едното му е исправено другото симпатично подвиткано на половина.
Има некое чаре и другото да му биди такво подвиткано на половина или природно си е природно.
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.003
Замисли ти да си куче па на твојот господар да му теке дака си поубав со пресечени уши.Како ќе се чуствуваш?
 

мкд владе

Гостин
Член од
21 ноември 2009
Мислења
12.297
Поени од реакции
9.008
Замисли ти да си куче па на твојот господар да му теке дака си поубав со пресечени уши.Како ќе се чуствуваш?
Ако беше за мене, не планирам да му сечам ни уше ни опавче. Ако има некоја финта која не е со сечење ок , ако не арно е и такво.
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
31.900
Поени од реакции
36.476
Нешто подебилно од ова нема.... како би сме се чувствувале ние луѓето ако некој ни го прави ова..............., нема потреба од нешто такво!
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.003
Ако беше за мене, не планирам да му сечам ни уше ни опавче. Ако има некоја финта која не е со сечење ок , ако не арно е и такво.
Уживај не беше наменето за тебе.Кажав мислење во врска со темата
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.283
Јас сум строго против осакатувања врз животни, без разлика на оправдувања. Факт е дека некои се поубави после оперативни зафати, но тоа не значи дека треба да бидат изложени врз истите, ако се земе во предвид дека сепак станува збор за оперативен зафат, колку и да е малечкот сепак е ризичен, посебно поради анестезиите. Ротвајлеркава ја најдов со купиран опаш, во спротивно никогаш не би дозволила врз мое куче да се прави операција која е, реално, избор на сопственикот а не на животното. Нејзината лузна е огромна, што можам и да претпоставам дека на поголемка и ја сечеле опашката... :facepalm:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
16.860
Поени од реакции
10.223
А зашто им се сечат ушите и опашките? Сум гледал кучиња кои не се за изложба па се со вакви интервенции. Естетски, медицински причини?
 

SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.851
Поени од реакции
2.408
А зашто им се сечат ушите и опашките? Сум гледал кучиња кои не се за изложба па се со вакви интервенции. Естетски, медицински причини?
Естетски причини главно.

Инаку Lu не би можела да се сложам со тебе. И боксерот некогаш беше исто со купирани увца и опавче, а денес не е. Се е до навика. Мене некупиран доберман воопшто не ми изгледа на птичар.

И јас не го сакам купирањето. Ако требало тоа куче да има шпиц и исправени уши- мајка природа ќе го направела такво.

Пошто моето куче не ми е за на изложба сакам да прашам нешто.
Кога беше мало двете ушиња му беа испраени нагоре кога ке ги начулеше.
Сега е малце распар. Едното му е исправено другото симпатично подвиткано на половина.
Има некое чаре и другото да му биди такво подвиткано на половина или природно си е природно.
Така ги носи, не знам што раса имаш, ама обично тоа секогаш се средува во раст, бидејќи тогаш му се појачува калциумот заради формирање на `рскавицата. Сега ако е постаро нема фајда и да даваш калциум. Уживај и така, мене ми се смешни со прекршени увца.
 

мкд владе

Гостин
Член од
21 ноември 2009
Мислења
12.297
Поени од реакции
9.008
Така ги носи, не знам што раса имаш, ама обично тоа секогаш се средува во раст, бидејќи тогаш му се појачува калциумот заради формирање на `рскавицата. Сега ако е постаро нема фајда и да даваш калциум. Уживај и така, мене ми се смешни со прекршени увца.
Раса ДОЏ :) а личи на пинч, пошто мајкаму е пинч, или барем и таа личи на пинч.
Старо е 10 месеци.
И не ми е проблем мене дали му се кренати или превиткани, туку едното му е превиткано а другото исправено, да не речам распар му се кога ке ги начули. Во нормална состојба двете му се долу.
Така да ме интересираше дали и другото можам да му го превиткам барем да биди симетрично без да го носам на сечење или што и да му се прави.
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.283
А зашто им се сечат ушите и опашките? Сум гледал кучиња кои не се за изложба па се со вакви интервенции. Естетски, медицински причини?
Во минатото, опашите и ушите се купирале од практични причини. Денес веќе тие причини не постојат, туку постои човековата себичност.
На доберманите, за да добијат пострашен изглед, затоа што тоа и и била намената на расата кога се измислила, да го брани собирачот на даноци.
На ротвајлерите, за да можат да влечат колички и притоа, опашите да не им влагаат под количките.
Денес овие раси конкретно ја имаат намената миленици, така да практичните причини не постојат.
 

SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.851
Поени од реакции
2.408
Раса ДОЏ:), а личи на пинч пошто мајкаму е пинч или барем и таа личи на пинч.
Старо е 10 месеци .
И не ми е проблем мене дали му се кренати или превиткани туку едното му е превиткано а другото исправено, да не речам распар му се кога ке ги начули. Во нормална состојба двете му се долу.
Така да ме интересираше дали и другото можам да му го превиткам барем да биди симетрично без да го носам на сечење или што и да му се прави.
И веќе кога сме тука колку се движат операциите за кила и дали се опасни и деликатни пошто има кила на стомачето( така го зедов) а е кучка. Се си мислам кога ке му дојди време за парење а ќе му додји кај да е, кога ке затрудни да не се искомплицира работата.
Не го малтретирај кутрето да му ги сечеш увцата само затоа што едното му е клапнато едното не, јас не би го малтретирала. Нека си ги носи така.
 
На врв Bottom