Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Наспроти, баш добро е што пејат само на матрица. Сите ѕветски натпреварувачки талент шоуа, па и сите шоуа од соседниве држави, им ја пуштаат само матрицата. Редно време е да ги оставиме виолините, гитарите и останатите лонци за на Скопски фестивал и да одиме напред со музичката индустрија.И мене ме изненадија али слабо публика и немаат бенд или оркестар во позадина да ги прати натпреварувачите.
Треба натпреварувачите да осетат што значи целосен настап во живо со оркестар, со голема публика. Публика можеле да соберат повеќе бројна. Ете жирито да собереа пријатели и одма ќе се зголемеше публикат.
Водителите Тино и Атанас и водителкава Цаци слаби ептен немаа хумор интересен али Тања Кочовска беше ептен позитивна и ги учеше многу добро учесниците.
Точно пиша Сунѓер Боб дека може да направиме добро музичко шоу но само треба подобра организација и повеќе маркетинг.
Мислиш на Тања. Лидија е сестра и.Шоуто како шоу не е лошо. Кандидатите и жирито се повеќе од добри. Водителите мислам дека на Тино и Дино (или како и да се викаат двајцата) не им е место во шоуто (но не се ни до толку трагични) а Цаци е ок. Андријана Јаневска како експерт многу ја ценам од неа може да се научи нешто, а особен шмек на шоуто му даде Лидија Кочовска царица е жената.
Целта е одбирање на едно машко и едно женско за учество во мјузиклот Тајно моја, но исто така беше кажано дека на победниците ќе им се помогне да направат добра кариера во државава, а под кариера не се подразбира само играње на сцената на МОБ, туку снимање на песни, спотови и се останато што се подразбира под музичка кариера.Сунѓеру мој за какви песни и спотови ми зборуваш??? ... шоуто не е Икс Фактор, Идол или овие балканските па кога ќе победиш да ти снимаат песни и спотови да ти прават ... ајде поубаво прочитај тоа таканаречено шоу зошто го направи овој кастинг![]()
За тоа што не ги ставаат редовно настапите на Јутуб се согласувам, но не и за телевизијата. Ако сакаш да направиш гледан телевизиски производ кај нас, истиот мораш да го емитуваш на Сител или на Канал 5, затоа што во спротивно тешко дека народот ќе дознае дека го емитуваш на телевизија, посебно ако го емитуваш на Нова, МТМ, Алфа, па дури и МТВ.Шоуто како шоу не е лошо. Кандидатите и жирито се повеќе од добри. Водителите мислам дека на Тино и Дино (или како и да се викаат двајцата) не им е место во шоуто (но не се ни до толку трагични) а Цаци е ок. Андријана Јаневска како експерт многу ја ценам од неа може да се научи нешто, а особен шмек на шоуто му даде Лидија Кочовска царица е жената. Но онаа што е ДНО е продукцијата која не го смислила концептот баш како што треба. Сепак најголема ТРАГЕДИЈА е телевизијата на кое се пренесува шоуто. Едноставно за вакво шоу си треба телевизија која има капацитет за реализација на вакво нешто а не телевизија која нема капацитет да реализира пренос во живо. Телевизија буквално без концепт кога се пушта реклама, кога почнува шоуто, кога завршува. Телевизија на која разноразни балкански продукции на слични шоуа им се побитни од оваа нашето врз кое патем имаат есклузивитет. Едноставно неможе ваков настан да има споредна улога не а малечката невеста и ѕвезде гранда да се носители на програма. Па така ниту полуфинале, ниту финале нема да гледаме во живо и ќе ни г пуштат на лажичка во некој си термини во понеделник и вторник. Навистина е штета што телевизија НОВА не се занимава со забавна програма затоа што мислам дека се единстени кои технички можат да резализират ваков настан да изгледа колку толку светски. А тоа што не ги објавуваат комплетните настапи ни на фаце ни на youtube да не го ни спомувам.
Знам затоа пишав на лажичка ги сервираат и без никаков концепт. Кога им текне тогаш ги ставаат видеата и тоа само настапот без подготвителниот дел и коментарите на жирито. Се на се личи како канал 5 и продукцијата да се трудат што помалку луѓе да дознаат за шоуто. Јас случајно почнав да го гледам и тоа само затоа што познавам двајца од натпреварувачите а и затоа што е наша продукција.Настапите редовно ги ставаат на фејсбук страната.
https://www.facebook.com/CastingTalentShow
И јас го гледам ради тоа што има учесници кој предходно ги имам видено на телевизија, на фестивали, фејсбук и слично дека имаат талент. Исто така почнав да го гледам шоуто затоа што ми се гледа нешто наше македонско и ми се слуша македонска музика која за жал во шоуво ја има се помалце и помалце.Знам затоа пишав на лажичка ги сервираат и без никаков концепт. Кога им текне тогаш ги ставаат видеата и тоа само настапот без подготвителниот дел и коментарите на жирито. Се на се личи како канал 5 и продукцијата да се трудат што помалку луѓе да дознаат за шоуто. Јас случајно почнав да го гледам и тоа само затоа што познавам двајца од натпреварувачите а и затоа што е наша продукција.