Како ќе реагирате ако ја/го виделе вашиот/а партнер/ка со друг/а?

  • Креатор на темата Креатор на темата Strumi4an4e
  • Време на започнување Време на започнување
Колку општо и лесно одговарате, а ова е прекомплицирано прашање.
Значи зависи прво кој ми го кажал тоа. Има луѓе што ќе ми го кажат тоа од злоба, а има и такви кои со препотување би ми го изустиле истото, на што ќе морам да размислам.
А и да, како го виделе? Што правел? Пиел кафе? Се држеле за рака? Се гушкале? Се е*еле на клупа? Што?
Мислам, дефинитивно јас неможам да дадам одговор на темава, а ако дадам на сите мои потпрашања, заминав на долгометражен пост.:toe:
 
Ќе одам и културно и фино ќе се поздравам до двајцата..притоа на него ќе му кажам "Браво злато, еден нула за тебе":vozbud::vozbud::vozbud:
Се цитирав самата за да се дообјаснам. Горниов цитат е во случај ако самата го видам со некоја друга девојка.

Инаку се додека не видам сама не верувам во ништо. Кој колку сака нека зборува сосем е различно јас да видам и друг да ми каже.:pipi:
 
Дур не видам со свои очи не верувам ама баш никому, а ако го видам ништо нема да искоментирам само ќе дојдам и ќе се поздравам, па макар после тоа да отидам на страна и да се изнаплачам од мака, е од кога ќе ми поминат првите пет минути може комотно да си замине и повеќе никогаш очи да не му видам, толку од муабетот, не ме бивало никогаш за сцени каде се гледам себеси како се дерам ја кубам особата со која сум го зачекала партнерот, има и поболни работи од тоа, не би сакала на некој таков кој е спремен се да фрли во вода само за да ебне плус една женка во животот, да му одавам толку големо значење и да се чувствува како незаменлив.
 
Ќе се напрам дека не сум видела....ќе заминам и ќе раскинам со него веднаш без да му ја кажам причината...
 
Ќе отидам кај нив за да види тој дека сум го видела со друга и само ќе се поздравам со него демек ништо не ми е и ќе си отидам (и покрај тоа што во тој момент би била крајно накурчена).
 
Мене не би ми рекле туку би ме однеле на местото на настанот да видам. А после...подобро да не пишувам оти ќе ми го избришат постот.
 
Џабе е ова силење од другите дека ќе ја/го затепаат па ќе му се развикаат, ќе прават сцени и слично. Ако некого вистински сакаш и видиш како тој со друга ужива и како се смеат заедно ќе немаш сила да се помрднеш од местото, а не пак да правиш сцена.
Ако го видам во таква ситуација ќе пробам да ги скријам солзите и ќе си заминам.
Веројатно некогаш ќе престанам да го сакам, од љубов никој не умрел.
 
го видов го фатив на дело си поминав бев повредена тридупло вратив и веднаш расчистив, и во иднина пак да ми се случи исто истото пак ке го направам и око нема да ми трепне:toe:
 
Ќе се напрам дека не сум видела....ќе заминам и ќе раскинам со него веднаш без да му ја кажам причината...

Да не му ја кажеш причината?Јас би и пукнал еден врел шамар,ама онака цел живот на лице да и се познаваат 5 прсти, а кога ќе се види у огледало цело време да се потсеќа на мене!
 
Ако излегла на кафе со некој и јас ќе си излезам со некоја на кафе .... ако се мувала или еб*ла со некој

20070820_p20.jpg
 
Нема да реагирам. Едноставно некои луѓе по таква работа за мене не постојат. Нема назад, нема извини нема ништо..... Толку.


Tacnoooooooo :P
More ako ne me vidi ke se pozaebavam malce so nejze ke ja prasuvam kade bila kako si pominala da vidam sto ke mi kaze pa na kraj bi zavrsil so nejze i nema da i kazam zasto za da ja kopka cel zivot :D
 
ако сакат ке ги замолам за тројка:pos2::pos2::pos2::pos2:
 
Секој би можел само да знае како би сакал да изреагира во таква ситуација.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom