Каде се и што прават?

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Група Амбасадори?

Сеа група...двајца беа, у времето кога и ќоро и сакато снимаше песни и спотови, а тие одвратно го имитираа Хари Мата Хари, буквално у се'. Ги фатив на некоја рециклирана снимка на собраниски пред некој ден па ми текна....не станаа славни, а? :D
 
Каде е овој Александар Чамински (Љубо манијак)???

maxresdefault.jpg
 
Каде е овој Александар Чамински (Љубо манијак)???

maxresdefault.jpg
Малку е замрсена работата околу човеков и неговото заминување од Македонија.
Си оди од државава после тепачка во која го напаѓаат петмина (наводно полициски соработници) и во која го извлекува подебелиот крај. Како резултат на тоа се преселува во Словенија и ја тужи државава во Стразбур во врска со настанот.

http://biroescp.gov.mk/wp-content/uploads/2016/12/ЧАМИНСКИ-против-РЕПУБЛИКА-МАКЕДОНИЈА.pdf

Е сега зошто државата би организирала напад на него не знам, тоа би било интересно да се дознае. Чамински е ретко презиме, не знам дали е во некаква роднинска врска со Јован Чамински човек на ДБК, кој е еден од многуте луѓе од службите кои извршуваат „самоубиство“ во раните 90-ти. Член е на една позната група од ДБК „Осумтемина“ што во класична УДБА местенка е демек суспендирана од службата за наводен национализам на крајот на 80-тите, за да во 90-тите истите луѓе станат главни играчи и слуги на Белград во службата (тука се Слободан Богоевски, Павле Трајанов, Даштевски...) во најматните времиња за државава. Сите од групата остваруваат големи кариери во службата, како погоре наведените, освен овој Чамински кој се „самоубива“. Не знам дали се во роднинска врска со актеров и дали е тоа некако поврзано со тепачката и преселувањето на Александар од државава.
 
Каде е и што прави Верица Ристовска?
Сеа малку глупо е шо пишуам вака зошто сепак е повозрасна ама не можев ништо да најдам за неа, некоја статија по нашите портали.
 
Опасен хит беше :D

Ова повеќе личи на оние снобовите од Србија што снимаат вакви турбо-фолк срања,ова ако е рап нека си иби мамата
Автоматски споено мислење:

Поце едно време држеше продавница за музичка опрема.
Перо Камиказа има фирма за организирање настани: бина, светло, озвучување - опасен бизнис тера, а го гледаме и трча маратони.
Бане Поповиќ е сопственик на Томато-продукција, која продуцираше, (а веројатно уште го работи тоа) емисии, спотови исл.
Ристо Чили Вили работи во Шител, некој уредник на програма е.
Напредна поп-музика,штета што овој бенд остаре и не свират повеќе,ама и времињата се сменија,од снимањето на спотов до сега поминале фантастични 33 години,многу работи се променија оттогаш,така да како онаа прастарана поговорка-Се тече,се се менува.... :place:
Автоматски споено мислење:

Ламбе живее во Америка со сопругата и детето.
Сега видов за Ламбе,станал обезбедувач на аеродром,упм која метаморфоза,од поп-пејач до чувар на аеродром,ама не се живее од тезга тука ако немаш добар бенд и не свириш по свадби и народна музика
Автоматски споено мислење:

Во недостиг на волја за пишување долги постови, а со желба да учествувам во муабетот ќе се вадам на стара слава и ќе си цитирам стар пост кој мислам дека совршена се вклопува во темата:
Овој Сотир ако го сметаш за мега талент тогаш ти си некоја турбо-фолк шушумига
 
Последно уредено:
Ако не се лажам овој Били ѕвер го имаше пред неколку години низ медиуми, баткото одгледувал пчели. :pos: :pos: :pos:
 
У Америка,мажена е за продуцент., албанец.
Омилена,македонска пејачка,никогаш не ги изгустирав нејзините песни.Врв!
У бекстејџ рекоа за пилот е мажена, албанец, некој што бил херој во некој лет со расипан авион што се срушил, незнам цела емисија дали има
https://m.facebook.com/BackstageMacedonia/videos/752406145491802/?refsrc=http://www.google.com/&_rdr
 
У бекстејџ рекоа за пилот е мажена, албанец, некој што бил херој во некој лет со расипан авион што се срушил, незнам цела емисија дали има
https://m.facebook.com/BackstageMacedonia/videos/752406145491802/?refsrc=http://www.google.com/&_rdr
Ја ја знам верзијата продуцент,али може и да сум грешка
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom