ИТ фирми и пракси во Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата StaticStupid
  • Време на започнување Време на започнување
Абе се менуваат работите и тука, не секој се осудува да брбори за финансии наоколу (што е далеку попрофесионално, отколку да се фалиш наоколу на сите).
Се менуваат, да. Порано ги знаеа платите само колегите од иста фирма меѓусебно, сега ги знаат и уште во 5-6 други конкурентни. :D
 
Се менуваат, да. Порано ги знаеа платите само колегите од иста фирма меѓусебно, сега ги знаат и уште во 5-6 други конкурентни. :D
Не би рекол, еве како ги унапредуваат нагоре не му ги знам платите ни на најдобри другари, ниту пак сакам да му ги знам.
Познавам луѓе и во фирмата кај тебе, сум седел сто пати и никогаш не сум се замарал да ги прашувам такво нешто, ниту пак некој друг ми кажал :D
 
Си потпишал некогаш NDA?

Од аспект на работодавец ти кажувам дека не е добро да му пратиш договор без да потпише NDA, или да го потпише договорот со клаузулата за тајност на податоците.
Автоматски споено мислење:

Абе се менуваат работите и тука, не секој се осудува да брбори за финансии наоколу (што е далеку попрофесионално, отколку да се фалиш наоколу на сите).
Не сум потпишал, меѓутоа ете имам клаузула во договорот за тајност. Па пак си ги знаеме платите, горе доле и луѓе од струката по други фирми ги знаат. Како ќе докаже дека ја или било кој кажал.
Смешно е да се очекува дека колеги со кој работиме долго време и сме блиски нема да си ги кажеме платите. И никој не се буни зашто скраја да е нема тим лидер што зима исто плата ко обичен работник.
 
Другарче, во помали фирми ги знаат платите само газдата, вработениот и максимум еден човек од доверба во човечки.
Колку е тешко да докажам од каде излегол муабетот?
 
Другарче, во помали фирми ги знаат платите само газдата, вработениот и максимум еден човек од доверба во човечки.
Колку е тешко да докажам од каде излегол муабетот?
Па со оглед на тоа што не сум чул некој да добие тужба за ова, би рекол многу тешко.
 
Не би рекол, еве како ги унапредуваат нагоре не му ги знам платите ни на најдобри другари, ниту пак сакам да му ги знам.
Познавам луѓе и во фирмата кај тебе, сум седел сто пати и никогаш не сум се замарал да ги прашувам такво нешто, ниту пак некој друг ми кажал :D
Прашај ги нареден пат, ќе видиш колку не ги знаат. :D
 
Па со оглед на тоа што не сум чул некој да добие тужба за ова, би рекол многу тешко.
Генерално големите фирми не се замараат, тој што треба да ти потегне постапка е само вработен и гледа да му помине денот. Може да те бркаат ако издадеш цени кон клиент или некаква деловна тајна.
За помала фирма знам една ситуација, се пофалил дека му пуштиле бонус, а уствари само тој и уште 2ца добиле бонус од цел сектор :D Го казнија 3 месеци по 15% на плата, уште работи таму ама сега е друг човек, се плаши да ти каже кој фрејмворк го користи на проектот, а не колку зема плата или бонус :D
Автоматски споено мислење:

Прашај ги нареден пат, ќе видиш колку не ги знаат. :D
Плата може да ме интересира само и само ако планирам да го барам да работи за мене, инаку не ми требаат вишок инфо, не сум УЈП :)
 
Нема голема филозофија, зборувањето за плата само ја отвара Пандорината кутија колку вработените не се сразмерно наградени за трудот/експертизата/вештините. Тоа е проблем на компанијата, а се решава преку вработените.
 
Може да зборува, ама знаеме само јас и ти и ако муабетот стигне до мене или до некој што може да потврди, може да те тужам за тоа без разлика дали ќе потпишеш или не.

Неблагодарно е да се зборува отворено за платите во денешно време. Со колегата што ја работевме истата работа, имавме исто звање, седевме еден наспроти друг имавме огромна разлика во плата, но додека не знаевме за платите ситуацијата беше далеку поинаква. Дечкото се пофалил на новогодишната забава за плата пред другите колеги, и кога слушнав бројката беше за 34 000 денари повисока на нето сума од мојата плата. Знаеш какво е чувството после тоа? Побарав покачување за многу скоро и ми понудија само 120 евра повеќе, со муабет дека тоа било максимум што дозволуваат од HR. Како бе максимум, кога на другиот му даваш + 500 евра? Исто покачување побараа и други колеги после ова бидејќи испадна тим лидерот да зема речиси иста плата со колегава, а тој си ебаваше матер од работа и имаше далеку повисока одговорност. Со еден збор, настана тотален хаос од нешто што претходно функционираше и никој не дискутираше за плати. Во година дена си заминавме 4 луѓе заради ова.

Ако сакаш да задржиш атмосфера, платите треба да останат меѓу тебе и лично вработениот. Плати може да се знаат само и само ако има бодирање и сите на таа позиција да се горе/доле исти. Во градежните компании пример сите си ги знаат платите оти има бодирање. Пример инженер на таа позиција зема 31 000 нето и другиот може да зема 31 600 ради стаж или до кај 33 000.
Во ИТ платите се разликуваат за многу, и моментот кога ќе излезат бројки во јавност ќе имаш проблем. Да не правиме муабет што ќе имаш проблем и со конкуренцијата која ако може да си дозволи ќе проба да ти земе кадар.

Еве ако некогаш си работодавец пробај да ги отвориш платите во јавност и ќе правиме муабет каква ќе биде атмосферата после тоа и со што ќе се соочиш.

Не знам врз основа на што би тужел, едноставно потенцијален кандидат кој не се обврзал со никаков договор прекажал на некој трет колкава плата нудите.

Пошо работам во земја кај што висината на платата е јавно достапна информација, можам да кажам дека атмосферата во сите фирми кај што сум работела е супер. Ако сметаш дека не си доволно платен, и ако навистина не си доволно платен за работата што ја работиш, секогаш имаш можност да преговараш со менаџерот, или едноставно да заминеш.
 
Достапна како статистичка информација, или достапна по име на вработен? Дали ако ме интересира колку заработуваш ти конкретно може да отворам и да видам цифра после оданочување?
Како статистичка информација е достапна секаде, имаш просек од колку до колку се движат платите во одредена област.
 
Достапна по име на вработен. Може да ги контактираш УЈП и да побараш информација колкава плата земам.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom