ИТ фирми и пракси во Скопје

Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Епа ништо, откако сетирав продукција и тест околина, сега сетирам дев околина на ec2. А што све од набројаново вклучува? Купување на хост, конфигурирање на ssh пристап, купување на домеин и креирање на неколку сабдомеини и насочување на домеинот/сабдомеинот до хост адресата, сетирање на тлс сертификат со помош на certbot на letsencrypt, сетирање три околини кои ќе покажуваат на три различни ремоут бренча на моментално иста инстанца и да се конфигурираат во апаче ко виртуелен хост, а после се свичаме на nginx на различни ec2 инстанци, па креирање на CI/CD за секоја околина засебно со помош на вебхукс на гитхаб, креирање на шел скрипта за деплоимент која што тој вебхук ќе ја тригерне да се изврши на пуш и мерџ за секоја околина засебно.

One man show сум, следен тикет ми е да ја поделам апликацијата на фронтенд во некој фронтенд фрејмворк и на бекенд и да се тргнам од монолитот, ама нели тоа ми е работа, па програмер сум, а тие референтите за набавка у тинекс колку работат? До 10 навечер на телефон муабет прават. :ROFLMAO:
Infrastructure as a code. Куцаш еднаш, после тоа на сто милиони околини ќе направиш enroll без да тупиш глава. Ако кревање нова околина е захтевен таск, значи дека нешто смрди. (Смрди и кај што јас работам, не глумам најпаметен.)

Ај вака ти ко неразлигавен. Дај објасни ми ја поентата на тимови тогаш? Зошто постојат девопс луѓе, зошто постојат дизајнери, зошто постојат фронт-енд и бек-енд девелопери, солушн архитекти? Кога еден човек може да намести датабаза сервер, може да намести queue сервер со supervisor инсталиран и со redis инсталиран и функционален, и засебни сервери за апликацискиот код ако се работи за микросервиси, и кога нешто нема да работи само тој еден човек да се замара и да седи до 10 навечер да дебагира.
За мене, сениор што не знае како оперативно му функционира апликацијата на која што кодира, не е сениор. Тимови постојат за работата да се заврши оптимално, ама клучните луѓе на проектот/продуктот, мора да знаат се. Тоа не значи дека сениор дев ќе иссетира околина подобро од сениор девопс, ама од мид девопс, јас лично очекувам да знае да иссетира.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
Да превземеш за истата плата може? :)
Автоматски споено мислење:

Мене ме интересира колку е голема фирмата за која што го работиш ова, и како сте организирани, дали секој имате свој проект, или пак ве фрлаат од еден на друг проект?
 
Z

zmej gorjanin

Гостин

Њама друг, сам сум. И тој некој (цто то) пробува да го импресионира клиентот со мојата работа као да има цел тим а уствари е еден човек, а роковите се ко за цел тим. Имаше еден Кинез ама го снема него.
Infrastructure as a code. Куцаш еднаш, после тоа на сто милиони околини ќе направиш enroll без да тупиш глава. Ако кревање нова околина е захтевен таск, значи дека нешто смрди. (Смрди и кај што јас работам, не глумам најпаметен.)

За мене, сениор што не знае како оперативно му функционира апликацијата на која што кодира, не е сениор. Тимови постојат за работата да се заврши оптимално, ама клучните луѓе на проектот/продуктот, мора да знаат се. Тоа не значи дека сениор дев ќе иссетира околина подобро од сениор девопс, ама од мид девопс, јас лично очекувам да знае да иссетира.
Тачно така, и на темава све се ит волшебници на кои им е пичкин дим 5 позиции у едно да работат, па имаат време и за солење памет на форумов покрај толку обврски.

Ете така, за да работата се заврши оптимално и за да ја имам приватен живот, ама се сфати као кој што може и знае и знак за мерење кур. А и не е еден клиент, утре ќе дојде и друг клиент и кој друг ако не освен човекот за се.
 
Член од
24 април 2024
Мислења
469
Поени од реакции
888
Тачно така, и на темава све се ит волшебници на кои им е пичкин дим 5 позиции у едно да работат, па имаат време и за солење памет на форумов покрај толку обврски.
Ајти Мастери а не ит волшебници. Внимавај да не повредиш некого па да откачи кабел и замине во неповрат.

Ме интересира колку твојот труд е вреднуван? Може на пп. Дискреција загарантирана.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
Њама друг, сам сум. И тој некој (цто то) пробува да го импресионира клиентот со мојата работа као да има цел тим а уствари е еден човек, а роковите се ко за цел тим. Имаше еден Кинез ама го снема него.
Тачно така, и на темава све се ит волшебници на кои им е пичкин дим 5 позиции у едно да работат, па имаат време и за солење памет на форумов покрај толку обврски.

Ете така, за да работата се заврши оптимално и за да ја имам приватен живот, ама се сфати као кој што може и знае и знак за мерење кур. А и не е еден клиент, утре ќе дојде и друг клиент и кој друг ако не освен човекот за се.
Претпоставував, цел тим само на големи проекти и во поголеми фирми, во помали е вака, исто и ако си фриленсер и фатиш тезга директно со клиентот, не како подизведувач во програмерска фирма.

Една од опциите која работеше за мене, и ја давам како совет, е да научиш да менаџираш, т.е да знаеш што да оставиш за тебе, а што да дадеш на луѓе што се експерти на таа тема. Дури и кога бев фриленсер, се што ќе ми земеше мене повеќе време и нерви, го давав на колеги кои се специјализирани за тоа.

Пример, го фаќав проектот за 40к евра, од мене бараат клуч на рака и треба да го сработам во наредните 10 месеци. Од старт ризикувам 10-15к од тие пари и го цепкам на делови кои би ги завршиле други колеги побрзо и поефективно, а јас бркав друг проект на кој што можев да го направам истото.
Наместо да сработиш само еден проект и да ти останат сите пари (а да се начукаш со фрустрации), ќе сработиш 2-3 проекти, ќе заработиш повеќе, плус правиш уште појаки конекции со колеги кои во иднина може да ти бидат дел од тимот за да бркате поголеми проекти, или да те викнат на нивни проекти.
 
Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.225
Поени од реакции
14.561
Ај вака ти ко неразлигавен. Дај објасни ми ја поентата на тимови тогаш? Зошто постојат девопс луѓе, зошто постојат дизајнери, зошто постојат фронт-енд и бек-енд девелопери, солушн архитекти? Кога еден човек може да намести датабаза сервер, може да намести queue сервер со supervisor инсталиран и со redis инсталиран и функционален, и засебни сервери за апликацискиот код ако се работи за микросервиси, и кога нешто нема да работи само тој еден човек да се замара и да седи до 10 навечер да дебагира.
Друже, ти имаш проблем со фирмата, не ги истурај фрустрациите на друго место.
Дали треба до 10 навечер да се дебагира? - Не
Дали ако се дебагира до 10 навечер треба да е платено дополнително? - Да

Тоа е да си го испреговараш со фирмата, или да си најдеш нова.
Имаш негативна енергија од тоа, и ја истураш на погрешен начин.

А што све од набројаново вклучува? Купување на хост, конфигурирање на ssh пристап, купување на домеин и креирање на неколку сабдомеини и насочување на домеинот/сабдомеинот до хост адресата, сетирање на тлс сертификат со помош на certbot на letsencrypt, сетирање три околини кои ќе покажуваат на три различни ремоут бренча на моментално иста инстанца и да се конфигурираат во апаче ко виртуелен хост, а после се свичаме на nginx на различни ec2 инстанци, па креирање на CI/CD за секоја околина засебно со помош на вебхукс на гитхаб, креирање на шел скрипта за деплоимент која што тој вебхук ќе ја тригерне да се изврши на пуш и мерџ за секоја околина засебно.
Бекенд сениор дев со 10+ години искуство треба све ова да знае, и не само да знае туку треба да има готови шел скрипти кои ги користи на повеќе проекти. Целиот овој процес горе нема шанси да ти земе повеќе од 1 ден, а ако веќе си го правел порано и имаш готови скрипти ќе се скрати целиот процес на неколку часа.

И нормално многу е битен контекстот, дали ова ти е дадено како дел од нормален работен ден, немаш ништо друго планирано или пак ти е испланирано во спринтот, не ти влијае на деливери итн итн, или пак е дадено наеднаш како екстра таск. Ако е второто - види што ти пишав погоре.

Од друга страна, преку пенисот ми е од девс што само дигаат раце "не е моја работа тоа" ако знаеш да го завршиш и е клучно во тој момент, а во исто време се платени страшно добри пари.

Еве пример работиш во фирма со 4 луѓе, еден бекенд, еден фронтенд, еден девопс, еден ПМ, сите сениори. Ако е на одмор девопсот 20 дена, или е болен или ватевер, и треба да се конфигурира нешто зарем ќе го чекате 20 дена и сите ќе дигате раце за да не ви паднат курињата пошто сте фатиле девопс?

На крај краева си кажа дека си сам, што очекуваш да правиш САМ во фирма што развива продукт/проект?
Како што ти кажав погоре, ти имаш проблем со фирмата, појди од таму.
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Друже, ти имаш проблем со фирмата, не ги истурај фрустрациите на друго место.
Дали треба до 10 навечер да се дебагира? - Не
Дали ако се дебагира до 10 навечер треба да е платено дополнително? - Да

Тоа е да си го испреговараш со фирмата, или да си најдеш нова.
Имаш негативна енергија од тоа, и ја истураш на погрешен начин.

Бекенд сениор дев со 10+ години искуство треба све ова да знае, и не само да знае туку треба да има готови шел скрипти кои ги користи на повеќе проекти. Целиот овој процес горе нема шанси да ти земе повеќе од 1 ден, а ако веќе си го правел порано и имаш готови скрипти ќе се скрати целиот процес на неколку часа.

И нормално многу е битен контекстот, дали ова ти е дадено како дел од нормален работен ден, немаш ништо друго планирано или пак ти е испланирано во спринтот, не ти влијае на деливери итн итн, или пак е дадено наеднаш како екстра таск. Ако е второто - види што ти пишав погоре.

Од друга страна, преку пенисот ми е од девс што само дигаат раце "не е моја работа тоа" ако знаеш да го завршиш и е клучно во тој момент, а во исто време се платени страшно добри пари.

Еве пример работиш во фирма со 4 луѓе, еден бекенд, еден фронтенд, еден девопс, еден ПМ, сите сениори. Ако е на одмор девопсот 20 дена, или е болен или ватевер, и треба да се конфигурира нешто зарем ќе го чекате 20 дена и сите ќе дигате раце за да не ви паднат курињата пошто сте фатиле девопс?

На крај краева си кажа дека си сам, што очекуваш да правиш САМ во фирма што развива продукт/проект?
Како што ти кажав погоре, ти имаш проблем со фирмата, појди од таму.
Не беше поентата дали знам или не знам. Готови скрипти неам пошто очигледно ова не сум го правел на секој проект и за секоја фирма во која што сум работел али пошто имам знаења и се снаоѓам, иако да беше цел тим ќе беше доста побрзо се. Поентата беше што во изминатава година од толку апликации за работа овие барања му доаѓаат ко добро утро, и веројатно треба да се навикнам на новата реалност дека ако сакаш да најдеш работа денес мораш да си спремен да работиш се. И не се исклучок ниту фирмите отворени во државава, ако побараш повисока плата гледаат да те оправдаат ко трошок со тоа што ќе те стават на што повеќе проекти или ќе имаш повеќе задолженија, односно те гледаат ко ресурс пред се, не ко живо човечко битие, што доста збори за хипокризијата кога ќе видиш како се рекламираат по социјални мрежи и слично.
Автоматски споено мислење:

Претпоставував, цел тим само на големи проекти и во поголеми фирми, во помали е вака, исто и ако си фриленсер и фатиш тезга директно со клиентот, не како подизведувач во програмерска фирма.

Една од опциите која работеше за мене, и ја давам како совет, е да научиш да менаџираш, т.е да знаеш што да оставиш за тебе, а што да дадеш на луѓе што се експерти на таа тема. Дури и кога бев фриленсер, се што ќе ми земеше мене повеќе време и нерви, го давав на колеги кои се специјализирани за тоа.

Пример, го фаќав проектот за 40к евра, од мене бараат клуч на рака и треба да го сработам во наредните 10 месеци. Од старт ризикувам 10-15к од тие пари и го цепкам на делови кои би ги завршиле други колеги побрзо и поефективно, а јас бркав друг проект на кој што можев да го направам истото.
Наместо да сработиш само еден проект и да ти останат сите пари (а да се начукаш со фрустрации), ќе сработиш 2-3 проекти, ќе заработиш повеќе, плус правиш уште појаки конекции со колеги кои во иднина може да ти бидат дел од тимот за да бркате поголеми проекти, или да те викнат на нивни проекти.
Не сум доволно платен за да делегирам и на други луѓе, нит па кога се преговарало овие таскови биле дел од работниот опис.

Ај вака пошто ти имаш искуство во градежништво, замисли го ова, во градежништво имаш повеќе фази, имаш фаза архитектура, имаш фаза статика, водовод, машинство, електрика итн. Замисли фирмиве да почнеа во огласи да бараат инжињери за све? М? Ќе беше ок? Ќе се бунеа луѓето или немаше да се бунат? И таму ти е све шаблон, нели?
 
Последно уредено од модератор:
Член од
17 август 2011
Мислења
10.256
Поени од реакции
18.205
Ај вака пошто ти имаш искуство во градежништво, замисли го ова, во градежништво имаш повеќе фази, имаш фаза архитектура, имаш фаза статика, водовод, машинство, електрика итн. Замисли фирмиве да почнеа во огласи да бараат инжињери за све? М? Ќе беше ок? Ќе се бунеа луѓето или немаше да се бунат? И таму ти е све шаблон, нели?
Ti si IT inzener, se ova e pod IT. Masinstvo elektrika i gradeznistvo se 3 razlicni struki.
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Ti si IT inzener, se ova e pod IT. Masinstvo elektrika i gradeznistvo se 3 razlicni struki.
Ја сум PHP (фулстек еве) дев, под IT спаѓа и мрежи, мрежна безбедност и конфигурирање и сервисирање на ит опрема, уште тоа остана да не сум го работел.
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.502
Поени од реакции
8.180
Не беше поентата дали знам или не знам. Готови скрипти неам пошто очигледно ова не сум го правел на секој проект и за секоја фирма во која што сум работел али пошто имам знаења и се снаоѓам, иако да беше цел тим ќе беше доста побрзо се. Поентата беше што во изминатава година од толку апликации за работа овие барања му доаѓаат ко добро утро, и веројатно треба да се навикнам на новата реалност дека ако сакаш да најдеш работа денес мораш да си спремен да работиш се. И не се исклучок ниту фирмите отворени во државава, ако побараш повисока плата гледаат да те оправдаат ко трошок со тоа што ќе те стават на што повеќе проекти или ќе имаш повеќе задолженија, односно те гледаат ко ресурс пред се, не ко живо човечко битие, што доста збори за хипокризијата кога ќе видиш како се рекламираат по социјални мрежи и слично.
Автоматски споено мислење:

Не сум доволно платен за да делегирам и на други луѓе, нит па кога се преговарало овие таскови биле дел од работниот опис.

Ај вака пошто ти имаш искуство во градежништво, замисли го ова, во градежништво имаш повеќе фази, имаш фаза архитектура, имаш фаза статика, водовод, машинство, електрика итн. Замисли фирмиве да почнеа во огласи да бараат инжињери за све? М? Ќе беше ок? Ќе се бунеа луѓето или немаше да се бунат? И таму ти е све шаблон, нели?
Не дека имам искуство со овие инфраструктурни работи кои што ги напомена претходно (сетирање околини и тн, што технички се девопс работа), но сепак мислам дека можам да искоментирам.
По ова што го читам и што го кажуваш, реално треба да си репреговараш услови и да си седнеш убаво да го имаш "the talk".
Не да им се закануваш од типот "земи или остави", ама ако продолжиш вака да прифаќаш да бидеш one man show, само уште толку ќе го јадеш. Веројатно си свесен за муабетиве.
Од друга страна те разбирам дека пазарот на труд е катастрофален моментално, им иде во прилог на работодавците да цедат уште повеќе и константно да зголемуваат scope... Но ако не ти бидат испочитувани барањата, време е да си направиш еден escape plan. При тоа битно е да си дадеш време (ради пореметениот пазар нели), и да претпочиташ да пребегаш у поголема фирма каде што нема нужно да се сретнеш со овакви one man show срања.
Читајќи те, реално постои фрустрација, можеби и прегореност/измореност и тн. Делува како да овде доаѓаш ментално да се празниш, што е ок, неам проблем, сите се соочуваме со срања, и споделување на истите макар и на форум е добро по менталното здравје (краткорочно). Ама така не го решаваш проблемот што го имаш.

Еве пример работиш во фирма со 4 луѓе, еден бекенд, еден фронтенд, еден девопс, еден ПМ, сите сениори. Ако е на одмор девопсот 20 дена, или е болен или ватевер, и треба да се конфигурира нешто зарем ќе го чекате 20 дена и сите ќе дигате раце за да не ви паднат курињата пошто сте фатиле девопс?
А што ако девелоперот отиде на одмор 20 дена а треба да се напише дизајн за нов фичр или па скроз ново решение ? Девопсот ќе го пишува дизајнот и ќе ја воспостави архитектурата?
Во такви сценарија, не дека е невозможно тоа да го направи, ама тоа ќе биде неквалитетно, ќе биде плукни залепи, пошто го немаат знаењето едноставно за нешто што не е негов домејн на работни одговорности. И на крај тоа ќе резултира со скроз неквалитетно решение.
Што е најтрагично, немаш никаков support. Тоа мислам дека е најлошото нешто што може да се случи во една фирма. Дури и за сениори од 5,6,7,8,10 години се случува да постојат ствари коишто не ги знаат. А немаат кого да прашат за нешто во principal, lead или како и да е внатрешната структура. Тука гледаш дека си во лоша околина, кога немаш кого да прашаш за нешто, било што, макар и онака неформален разговор чисто колку да ги кажеш нештата и плановите на глас, и да бидеш површно разбран од соговорникот.
Крај краева, не е негов проблем што фирмата не е покриена во поглед на кадар, нека си кршат глава они.
 
Последно уредено:

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
Не беше поентата дали знам или не знам. Готови скрипти неам пошто очигледно ова не сум го правел на секој проект и за секоја фирма во која што сум работел али пошто имам знаења и се снаоѓам, иако да беше цел тим ќе беше доста побрзо се. Поентата беше што во изминатава година од толку апликации за работа овие барања му доаѓаат ко добро утро, и веројатно треба да се навикнам на новата реалност дека ако сакаш да најдеш работа денес мораш да си спремен да работиш се. И не се исклучок ниту фирмите отворени во државава, ако побараш повисока плата гледаат да те оправдаат ко трошок со тоа што ќе те стават на што повеќе проекти или ќе имаш повеќе задолженија, односно те гледаат ко ресурс пред се, не ко живо човечко битие, што доста збори за хипокризијата кога ќе видиш како се рекламираат по социјални мрежи и слично.
Автоматски споено мислење:

Не сум доволно платен за да делегирам и на други луѓе, нит па кога се преговарало овие таскови биле дел од работниот опис.

Ај вака пошто ти имаш искуство во градежништво, замисли го ова, во градежништво имаш повеќе фази, имаш фаза архитектура, имаш фаза статика, водовод, машинство, електрика итн. Замисли фирмиве да почнеа во огласи да бараат инжињери за све? М? Ќе беше ок? Ќе се бунеа луѓето или немаше да се бунат? И таму ти е све шаблон, нели?
Не е многу различно и во другите области, јас бев дете за се во фирмата каде што работев градежен сектор.
Очигледно си имал среќа да не се расправаш до вакви работи, но реалноста е дека во мнозинството фирми е вака, и не само Македонија, туку секаде, погледни ги и огласите и ќе ти стане јасно.

Затоа и пишав пред некое мислење, имаш сениори кои "не се толку добри" пред се затоа што немале шанса, морало да работат на 20 технологии и ги фрлале на се можно.
Автоматски споено мислење:

Не дека имам искуство со овие инфраструктурни работи кои што ги напомена претходно (сетирање околини и тн, што технички се девопс работа), но сепак мислам дека можам да искоментирам.
По ова што го читам и што го кажуваш, реално треба да си репреговараш услови и да си седнеш убаво да го имаш "the talk".
Не да им се закануваш од типот "земи или остави", ама ако продолжиш вака да прифаќаш да бидеш one man show, само уште толку ќе го јадеш. Веројатно си свесен за муабетиве.
Од друга страна те разбирам дека пазарот на труд е катастрофален моментално, им иде во прилог на работодавците да цедат уште повеќе и константно да зголемуваат scope... Но ако не ти бидат испочитувани барањата, време е да си направиш еден escape plan. При тоа битно е да си дадеш време (ради пореметениот пазар нели), и да претпочиташ да пребегаш у поголема фирма каде што нема нужно да се сретнеш со овакви one man show срања.
Читајќи те, реално постои фрустрација, можеби и прегореност/измореност и тн. Делува како да овде доаѓаш ментално да се празниш, што е ок, неам проблем, сите се соочуваме со срања, и споделување на истите макар и на форум е добро по менталното здравје (краткорочно макар). Ама така не го решаваш проблемот што го имаш.

А што ако девелоперот отиде на одмор 20 дена а треба да се напише дизајн за нов фичр или па скроз ново решение ? Девопсот ќе го пишува дизајнот и ќе ја воспостави архитектурата?
Во такви сценарија, не дека е невозможно тоа да го направи, ама тоа ќе биде неквалитетно, ќе биде плукни залепи, пошто го немаат знаењето едноставно за нешто што не е негов домејн на работни одговорности. И на крај тоа ќе резултира со скроз неквалитетно решение.
Што е најтрагично, немаш никаков support. Тоа мислам дека е најлошото нешто што може да се случи во една фирма. Дури и за сениори од 5,6,7,8,10 години се случува да постојат ствари коишто не ги знаат. А немаат кого да прашат за нешто во principal, lead или како и да е внатрешната структура. Тука гледаш дека си во лоша околина, кога немаш кого да прашаш за нешто, било што, макар и онака неформален разговор чисто колку да ги кажеш нештата и плановите на глас.
Крај краева, не е негов проблем што фирмата не е покриена во поглед на кадар, нека си кршат глава они.
Абе треба пазење на што се нафаќа секој. Ова ми личи на проект кој во очите на нарачателот е клуч на рака, ако ги дефинирале работите јасно на старт, гарант ќе си барал други, т.е фирма.
Не за џабе зборувам и за цените, се нафаќаат сами фриленсери на клуч на рака проекти и одат со 50+ проценти помала сума, во најголем процент случаеви ваквите завршуваат или со фрустрации кај тој што се нафатил, или со фрустрации кај нарачателот и неретко тиња квалитет.
 
LepiDzoni

Profesionalen ulichen cigan
Член од
25 јули 2014
Мислења
1.382
Поени од реакции
3.567
Епа ништо, откако сетирав продукција и тест околина, сега сетирам дев околина на ec2. А што све од набројаново вклучува? Купување на хост, конфигурирање на ssh пристап, купување на домеин и креирање на неколку сабдомеини и насочување на домеинот/сабдомеинот до хост адресата, сетирање на тлс сертификат со помош на certbot на letsencrypt, сетирање три околини кои ќе покажуваат на три различни ремоут бренча на моментално иста инстанца и да се конфигурираат во апаче ко виртуелен хост, а после се свичаме на nginx на различни ec2 инстанци, па креирање на CI/CD за секоја околина засебно со помош на вебхукс на гитхаб, креирање на шел скрипта за деплоимент која што тој вебхук ќе ја тригерне да се изврши на пуш и мерџ за секоја околина засебно.

One man show сум, следен тикет ми е да ја поделам апликацијата на фронтенд во некој фронтенд фрејмворк и на бекенд и да се тргнам од монолитот, ама нели тоа ми е работа, па програмер сум, а тие референтите за набавка у тинекс колку работат? До 10 навечер на телефон муабет прават. :ROFLMAO:
Земам плата за сениор php дев, али очигледно не само тоа работам
Ne e problemot vo slozenosta na rabotata, problemot e sto rabotis za skrzava firma i te nacekale i te cedat.
Da zemase nesto kao 7/8 bona mesecno sigurno nemase da ti smeta da im uklucis eden certbot :D
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Сегментацијата на работните обврски во ИТ умира за сите фирми, и мали и големи, откако умреа евтините кредити. Во наредни 5 години главна мантра ќе биде you build it, you own it. Тие што сакате да си поминете убаво во професијава, инвестирајте малку време за да станете поразновидни во тоа што може да го понудите, end to end.
 
Член од
20 април 2023
Мислења
988
Поени од реакции
2.430

AI ke ja zameni i raznovidnosta
 
Amaterasu

123123113
Член од
17 април 2012
Мислења
1.208
Поени од реакции
1.239
Сегментацијата на работните обврски во ИТ умира за сите фирми, и мали и големи, откако умреа евтините кредити. Во наредни 5 години главна мантра ќе биде you build it, you own it. Тие што сакате да си поминете убаво во професијава, инвестирајте малку време за да станете поразновидни во тоа што може да го понудите, end to end.
Зошто би умирала кај големите фирми? Ако имаш потреба од специјалисти, ќе мора да најдеш специјалисти. Пример, во случајот што го опиша @zmej gorjanin , ако фирмата секој ден има devOps обврски, сигурно ќе вработи човек за тоа. Ако има devOps обврски неколку пати месечно, тогаш е нормално некој од BE инженерите да ги заврши.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom