ИТ фирми и пракси во Скопје

Член од
10 март 2022
Мислења
138
Поени од реакции
141
Јас не знам како уште му се запишуе на луѓето на ФИНКИ или по академии, ваљда од дома имат слушнато нивните има пари во програмирањето и оди сине тоа работи.

Еве сум трета година моментално на ФИНКИ, моментално барам пракса воа ноа за летото и општо се заинтересирав да видам плати шо како се нуде и можам да кажам дека ако не си од Скопје и ако изнајмујш стан за да седиш тука да работиш како програмер, си го ебал ежот нема пара да завртиш првите 2 години, ќе преживуваш на некој начин месец за месец, после тоа не знам, со искуство повеќе ако те платат во друга фирма повеќе или евентуално ако ти покачат доста плата. Воа посебно важи за во македонските фирми, за во странска имам аплицирано моментално во една и според тоа како е платата и другите работи далеку подобро е.

По академиите не знам колку се уче, не ми се веруе ногу, ама тоа што ФИНКИ прима по 1250 студенти годишно не помага ногу поради тоа што квантитетот е зголемен ама квалитетот е намален според мене, гледајќи претходно од 2013-2015 задачи шо давале и тоа што го решавав јас на колоквиуми е гола вода.
Доколку сакаш да учиш и насочиш кон .NET и Angular, би ти ги препорачал МБС(Македонски Бизнис Системи). Мене ми беше прво искуство таму и стварно доста научив. Мала фирма од 6 луѓе од кој 2ца програмери. Плата помала од просекот во индустријава али и покрај тоа мене ми беше добро искуство. Скоро имаа оглас на кариера и linkedin, може и се уште активни. Среќно
 
Diferans

Природно high
Член од
3 јули 2009
Мислења
93
Поени од реакции
156
секоја посериозна фирма (ремоте) ќе ти ја даде таа плата ако си доволно добар.
Ќе ти дадат старт-апи од САД/Израел само, со откачено работно време, со пишување пораки во сабота навечер, со работа во недела, со мора-се-да-проработи-за-месец-два-иако-пред-тебе-се-зафркававме-една-година муабети. Добро во овој случај е бескрајната слобода, нема хиерархии, нема да црнчиш со години, има другарство и страшно добра соработка.

Исто ремоте, за нормално работно време, за Европски компании платите се значително пониски. Добро е што е полежерно, ама на сметка на тоа ги имаш вообичаените канцелариски политики, некаде дури на ниво на Hunger games. Ништо не е идеално, повеќе на тоа кој каков тип на човек е треба да се гледа, отколку на платата.
 
Amaterasu

123123113
Член од
17 април 2012
Мислења
1.135
Поени од реакции
1.068

Не се согласувам. Последниот пат ко правев интервјуа, поголем дел од компаниите беа европски и нудеа супер услови.

Пример 1: https://www.goodnotes.com/careers
Овие се од Хонг Конг ама повеќе ко британски се декларираат.
Пример 2: https://www.juni.co/
Овие беа “startup” со близу 100 вработени од Шведс
Пример 3: online betting компании ко bet365

Сите овие нудеа (и верувам дека уште нудат) супер плати. Online betting компаниите се многу интересни, особено ако имаат голем број корисници.
 
Член од
12 март 2024
Мислења
400
Поени од реакции
531
Па да, мислам дека луѓето чија работа нема мисловен елемент, настрана од да искуцаат одлично дефинирано барање и да научат синтакса на програмски јазик, ќе ги снема од секторот.

Тие што учествуваат во дефинирањето, што размислуваат на перформанс, за скалабилност, интеграции и слично, нема да ги снема. Напротив, ќе станат многу поефикасни и многу повеќе барани. Е сега, како ќе се одрази врз сите првичниот бран на имплементација, кој знае. Општо познато е дека фирмите знаат да направат сериозни грешки тогаш, и некои ќе бидат паметни, некои ќе ги снема, некои нови ќе се појават.
Апроксимација кога куцачите би биле obsolete и дали ВИ значително ќе го афектира сајбер секјурити секторот?
@Lester Freamon otvori nova tema slobodno, ke se izgubi interesno info ako pisuvame ovde.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.137
Поени од реакции
25.568
Апроксимација кога куцачите би биле obsolete и дали ВИ значително ќе го афектира сајбер секјурити секторот?
Ух, многу неблагодарна работа е било какво предвидување на таа тема.

Од моето играње со неколку платени верзии на разни играчки, далеку сме од таму. Бар деценија. Ама немам никаква веродостојна информација со која брзина се развиваат и колку верзијата што ја нудат е најдоброто што го имаат.

Повторно, персонално мислење, денешното АИ одлично се снаоѓа со јазици и мапирање на јазични модели. И со еквивалентно исто ниво е неспособно да аплицира логика во ситуации кога јазикот на нуди едноставно решение, или очигледно погрешно/точно.

Тотално земам во предвид кога го пишувам мислењево дека за 6 месеци од сега може да испаднам комплетно смешен идиот.
 
Diferans

Природно high
Член од
3 јули 2009
Мислења
93
Поени од реакции
156
Сите овие нудеа (и верувам дека уште нудат) супер плати. Online betting компаниите се многу интересни, особено ако имаат голем број корисници
Не би се обложила, особено на оние во ЕУ. :LOL: Имав прилика да работам за еден голем гејминг провајдер од Малта, и од надвор, совршена слика, бренд и пол. Имаше доста ремоте работници, повеќето од Источна Европа, понекој од Шпанија. Менаџерот и продукт менаџерот од Англија, нели тоа ти е како по дифолт, УК, Холандија и слични се саде менаџери :cool:.

Доходи имаа во милиони евра, секое тромесечје фрштат позитивни извештаи за профит а ваму вработениве програмери се мрштеа и прашуваа кога ќе им се одрази тоа на зголемени плати.

И општо атмосферата внатре, за мене тотално токсична, нешто што некогаш го немам доживеано со фирми од САД.

ЕУ компаниите се супер за 9-5 работа, нема многу фрка, баланс живот работа, ама па тоа отвара пат за споредни работи како канцелариски политики, културолошки разлики и сл. ЕУ не е позната по стартапи и високи плати, но ако живееш во ЕУ каде имаш бесплатно здравство и образование, не ти ни треба висока плата.

Платата не е е најважна, па и да ти е мизерно некаде не бива. И мала фирма во МК може да е прекрасна, ако ти е забавно и имаш разбирање со другите.
 
Можеби просекот во ЕУ е помал од просекот во САД, ама сепак може да се најдат фирми кои даваат добри плати во ЕУ. Платите и некогаш изгледаат помали поради големите даноци во ЕУ, но ако ја гледаш платата бруто (каква што би ја земал/а како remote contractor) тогаш може да се дојде до добра бројка.
Што се однесува до работење во betting индустријата, моето искуство е скроз различно. Прво е огромен предизвик од технички аспект. Треба да имаш систем кој скалабилен, перформантен, да имаш опции за редундантност и се што имаш да биде максимално тестирано (нели со пари се работи).
Второ, имаш индустрија со огромна конкуренција. Цело време се работи на различни иновации кои ќе ти дадат некоја предност пред конкуренцијата. Downtime е неприфатлив, бидејќи корисниците лесно си одат. А еднаш кога ќе си замине, тешко се враќа. Да не збориме за тоа колку чини downtime во период кај што има добри утакмици.
На крај, поради тоа што работиш со пари, знаеш дека цело време има луѓе што пробуваат да најдат дупка во системот. Цело време гледаш софистицирани напади, од логички/бизнис exploits до full on DDOS. Многу работи кои во теорија која сме ја учеле изгледаат супер, тука не функционираат.
Има еден одличен пример за Twitter на оваа тема во оваа книга. Пробав да го најдам online, ама не упсеав. Во основа, објаснува како се менувала табелата каде што ги чувале twit-овите како што им растел load-от низ времето. Почнале со 1 табела, па направиле табела по корисник,за на крај да користат хибридно решение од табела по корисник плус главна табела за луѓе со многу следачи.
 
LepiDzoni

Profesionalen ulichen cigan
Член од
25 јули 2014
Мислења
1.331
Поени од реакции
3.236
Прв пут го гледам ова, претходно знаев за node cluster, а и така ми беше посочено од сениор јс девелопери кога ги прашував како се справуваат со голем број на конкурентни реквести. :)

Ама пак не ми е тоа тоа, или не е ко во go или php open swoole. Апликацијата не се лоуда од меморија, односно немаш тред пул со веќе постоечки тредови, тредовите не комуницираат меѓу себе преку канали односно не делат заедничка меморија на процесот. Во go да речеме не на секој нов реквест се бутстрапира апликацискиот код, туку се лоуда од меморија, исто и во php. Друго гледам сам го дефинираш бројот на тредови, дел од кодот се извршува во главниот евент луп, додека останатиот иде во тред, додека во свол односно кај хттп серверот на свол имаш приемтив скеџулер кој или лоуда или креира нови корутини/тредови самиот. Ако да речеме реквестот заглави во една корутина/тред поради икс причини - да речеме праќаш хттп реквест до некое страно апи од кодот, тогаш скеџулерот ја суспендира таа корутина привремено и врзува нов реквест со друга корутина/тред или го извршува остатокот од кодот во друг тред, немаш блокирање, за во ноуд не сум сигурен колку е тоа точно.

Сега читам и за мултитредингов у пајтон

While Multithreading took 20 seconds, Multiprocessing took only 5 seconds.

So now that we are convinced that they’re not the same, we would like to know why. For that let’s move to the next misconception about multithreading.

In Multithreading, threads run in parallel.
❌ FALSE !

Actually in a ThreadPool, only one thread is being executed at any given time t.

Благе везе нема ова со мултитрединг во пајтон ако не е возможно повеќе тредови на еден процес да извршуваат код паралелно.
Pa dobro, tredovite ne ni se zamisleni da komuniciraat megju sebe. Toa obicno e rabota na command & control sistemot sto gi kreira, i stepenot na negovata sofisticiranost. Node na primer se preveduva vo V8 C++17 pa vo ML. E sega C++17 podrzuva napreden paralelizam, ama V8 ne koristi nisto od toa. Sto znaci thread/workerot sto ke crashne ke ostane taka da zafakja memorija, zatoa shto nema koj da go sobere vo gjubre. Nov worker iako mozebi ne raboti na nisto ke zafakja ednakva memorija kako ostanatite workeri.

I mislam deka ova e pravilno, samiot node ne e zamislen za paralelen computing, tuku za brza asinhrona obrabotka na milion mali operacii. Zatoa i workerite ne naogjaat golema primena vo praksa.
Slicno e i so Python, ednostavno ima premnogu abstrakcii pomegju python i ML za da moze da se signalizira stejtot na eden thread od CnC i nazad.

Ama ova mislam deka e problem i vo posofisticiranite platformi. Koga golang ke frli panika, sistemot probuva da go restartira procesot. Ama ako panikata e konzistentna, threadot ostanuva zafaten vo memorija a aplikacijata prodolzuva so rabota.

Edistvena platforma sto ima reshenie za ova e Erlang. Erlang koristi kooperativen model na threading sto ne samo osloboduva memorija od padnat thread, tuku i taa memorija ja alocira na ostanatite threadovi koi se najafektirani. Ova go doznava preku built-in sistem na monitoring. Preku istiov sistem ne dozvoluva pogolema alokacija na memorija od sto e potrebno za eden thread i negovite realni potrebi.

Автоматски споено мислење:

5к нето е 7.5к бруто, треба да си луд таа плата да ја земаш нето :D
Иначе, последн што знам во мк, сениор/теам-лид земаат околу 3к нето. Рачунај дека над тоа имаш позиции какo tech lead, vp,некакви си архитекти итн. Дел од тие позиции земаат и по 5к нето

Што се однесува на 7.5к (да ги рачунаме и бонусите), секоја посериозна фирма (ремоте) ќе ти ја даде таа плата ако си доволно добар.
Mene ne mi e jasno zosto im e tolku golem problem na firmite vo MK da te prijavat na eve da receme 400 evra i da ti pustaat resto vo bruto. Niv nisto realno ne gi kosta, naprotiv bi mozel i da im spustam od bruto iznosot ama ne sakaat ni da slushnat.
Many such cases. Klovnovi.
 
Последно уредено:

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.606
Поени од реакции
34.827

На кратко: УЈП.
Ако те видат дека префрлаш големи суми на договори на дело, а имаш ниски плати, ќе се нацртаат да тресат.
 
LepiDzoni

Profesionalen ulichen cigan
Член од
25 јули 2014
Мислења
1.331
Поени од реакции
3.236
На кратко: УЈП.
Ако те видат дека префрлаш големи суми на договори на дело, а имаш ниски плати, ќе се нацртаат да тресат.
Ima povekje nacini kako mozat da ti izlezat vo presret, ama ako sakaat.
1. B2B contract. Ides u trgovski registar, otvaras DOOEL, se vrabotuvas sam sebe za minimalec i pravite dogovor firma so firma. Bonus, povrat na DDV.
2. Devizen priliv od maticnata stranska firma. Od makedonskava si prijaven na minimalec so 3 meseci otkazen rok, od maticnata ti stiga plata vo devizi. Si gi prijavuvas vo UJP i cao prijatno.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.606
Поени од реакции
34.827
Ima povekje nacini kako mozat da ti izlezat vo presret, ama ako sakaat.
1. B2B contract. Ides u trgovski registar, otvaras DOOEL, se vrabotuvas sam sebe za minimalec i pravite dogovor firma so firma. Bonus, povrat na DDV.
2. Devizen priliv od maticnata stranska firma. Od makedonskava si prijaven na minimalec so 3 meseci otkazen rok, od maticnata ti stiga plata vo devizi. Si gi prijavuvas vo UJP i cao prijatno.
За првото, месечно за ДООЕЛ имаш цирка 100 евра трошок (без канцеларија, без ништо), ни 10% од твоите колеги нема да сакаат да отворат, веќе разговарано. Втората работа немаш поврат на ДДВ ако не е и тој ДДВ обрзник, а ако не можеш да ги наговориш да отворат, уште помалку ќе ги кандисаш да се пријават за ДДВ (пак испробано, разговарано упм).
2. Апла се ретки фирми од надвор кои ќе ти дозволат да те исплаќаат директно тебе, а уште помалку да те пријават како подизведувач без да имаш осигурување (зборувам за сериозни проекти и сериозни фирми, за wanna be организации може да работиш и преку upwork).
 
Во однос на 2, зошто мора да биде странска фирма? Јас колку што знам има фирми во МК каде што те осигуруваат преку една фирма и ти исплаќаат дел од платата таму, а после тоа си потпишуваш договор (како контрактор) со друга МК фирма (реално и двете се нивни) која те исплаќа како контрактор.

Има контрактори од МК што добиваат директно плата во девизи од странски компании. Јас знам барем неколку. Некои добиваат директно (со испраќање на фактура од физичко лице до компанијата секој месец) а други користат некои third party провајдери.
 
Последно уредено:

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.606
Поени од реакции
34.827
Во однос на 2, зошто мора да биде странска фирма? Јас колку што знам има фирми во МК каде што те осигуруваат преку една фирма и ти исплаќаат дел од платата таму, а после тоа си потпишуваш договор (како контрактор) со друга МК фирма (реално и двете се нивни) која те исплаќа како контрактор.
Автоматски споено мислење:

Има контрактори од МК што добиваат директно плата во девизи од странски компании. Јас знам барем неколку. Некои добиваат директно (со испраќање на фактура од физичко лице до компанијата секој месец) а други користат некои third party провајдери.
Знам дека има што добиваат, проблемот е што ретки се сериозни фирми што би се нафатиле на ова. Во САД ги гони нивното IRS и не сум сигурен уште која служба, ако исплаќаат пари на овој начин (плус потешко им е да докажат дека не финансираат тероризам, а како држава не сме во најбезбедните земји). Има дупки како да се покријат, но од разговори со клиентите од таму имаат голем ризик и најчесто избегнуваат. Истото го имавме како искуство и од Велика Британија, Ирска и Австрија. На некои имавме побарувања дури и за pen test иако не чуваме никакви податоци кај нас, плус некои бараат и ISO 9000 сертификација.

Втора работа е осигурување, на сериозни проекти, мора да имаат некаква гаранција дека нема да ги заебеш. Ниту еден од поголемите клиенти не сакаа да чујат за соработка без да им доставиме professional indemnity insurance. Како фирма ние имаме покритие до 5 милиони евра, и ако го вадиш преку мк осигурителни ќе те фати од 13-15к евра годишно и тоа не го ни нудат сите осигурителни.
 
Разбирам дека е покомплицирано кога треба да исплатат поголема сума на пари (пример цел проект) на даден ентитет (фирма).
Ама кога станува збор за поединечни контрактори, тогаш постојат повеќе начини. Имаш системи како native teams, ruul, deel итн што можат да ја работат таа работа за тебе (не знам колку наплаќаат).
Од аспект на фирма/работодавач, реално мериш дали ти се исплати тој overhead во однос на тоа што ќе добиеш. Многу е полесно да најдеш 20 добри devs ако ги бараш во цела Европа, наместо да ги бараш во некој рандом град во UK.
 
Diferans

Природно high
Член од
3 јули 2009
Мислења
93
Поени од реакции
156
1. B2B contract. Ides u trgovski registar, otvaras DOOEL, se vrabotuvas sam sebe za minimalec i pravite dogovor firma so firma. Bonus, povrat na DDV.
2. Devizen priliv od maticnata stranska firma. Od makedonskava si prijaven na minimalec so 3 meseci otkazen rok, od maticnata ti stiga plata vo devizi. Si gi prijavuvas vo UJP i cao prijatno.
1. Комплицирано - од отварање, до почетен влог, па сметководства, комплицирано извлекување на пари (често и невозможно) оверхедот ти е верувај сличен дали си еден вработен или повеќе.
2. Не верувам дека некој би те пријавил, освен ако не е некоја од оние специјализирани фирми како native teams, што веројатно и не е толку лоша опција

Јас лично ја одбрав првата опција, премногу сум хај-хуј за да се врзувам со трети фирми, и од нив да зависам. Плус разделени ми се приливите на фирма од приливите на лична сметка, па тоа ми дава слобода работата околу фирмата да ми е поедноставена.

Би било супер да има некоја салам трета опција помеѓу фирма и фриленсер, можеби има некој искуство со овие посредувачи као Native teams...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom