Заедничко живеење

  • Креатор на темата Креатор на темата C/S/F/L
  • Време на започнување Време на започнување
Babata u dom, prodaj kukja, zemi eden stan za tebe i eden mal za tvoite blisku neka bidat, ke ti trebaat za dete cuvanje po nekad.
Ako ne se slagaat so ova fakjaj nadvor od tuka, krediti ne ti trebaat....uste zivot ne si pocnal.
 
прочитав не цела една страна
не сакаш да купиш стан, ќе го плаќаш 30 години, не сакаш под кирија, чекај бе , што мислиш во станство, што те чека таму, кралицана елизабета да не те пречека и во палата да не те смести ? Па и таму или ќе одиш под кирија или ќе плаќаш 30 години кредит.

Да потенцирам, тие работи важат само ако останам тука. Таму сепак не би било проблем зошто знам дека имам поголем просперитет х100 од тука :D
 
Да потенцирам, тие работи важат само ако останам тука. Таму сепак не би било проблем зошто знам дека имам поголем просперитет х100 од тука :D
A да резервираш карта за тебе и девојката и да ја дувните после празнициве што идат. Сам знаеш дека потајно во себе го сакаш истото ама немаш што би рекле во Прилепов Стискаец :)
 
Убаво ти спомнаа поназад, коа ќе почнеш да им пушташ по едно 2-300 евра секој месец ќе видиш како ќе се смират и омекнат. А и со тек на време ќе се навикнат.
Не си го пуни мозокот со таа глупа мисла што ти ја наметнале дека ги оставаш на цедило. За неколку години ќе се каеш што си пропуштал прилики ради глупи каприци на комунистичко закоравени мозоци.
 
Би сакал да чујам мислење претежно од машката популација зошто 90% од времето ние се соочуваме со вакви проблеми. Ситуацијата е малце осетлива,но ќе бидам краток во објаснувањето и ќе ви звучи можеби малце пластично..

Долга врска, одлично функционира од сите аспекти, дефинитивно води кон брак.
Следен чекор е заедничко живеење и да се удомиме конечно.Има услови за заедничко живеење,кај мене дома, но не се реализира од една причина мајка ми vs свекрва(баба ми).

Куќа на два спрата,доволно големи и потполно функционални со сите услови, на едниот спрат живее сама баба ми, на другиот останатите(татко, мајка, сестра и јас).

Приморан сум да барам алтернатива бидејќи не наидувам на разбирање од мајка ми, до некаде нејзино/нивно право, пред се оправдано зошто во младоста баба ми доста трауми и има нанесено зошто првично живееле заедно и не е способна во постари години да поминува низ истото.

Тука колатерална штета сум јас. Мајка ми нема проблем да живее со нас, но има проблем да живее со баба ми.Да напоменам дека до сега мајка ми си ги обавува сите човечки услови према баба ми, т.е. ја гледа и пази повеќе од родената ќерка, нега добива 24/7 зошто мајка ми епензионерка и е цело време дома.
Јас не можам да дозволам на еден спрат да живее сама жена, а на другиот да се гужваме пет души..кога веќе има физички услови..нема логика.
Татко ми нема проблем да живеат со баба ми и да ни отстапат еден спрат ама тоа е зошто он не треба да ја "тинтра" баба ми , цел терет паѓа на мајка ми за таа работа и нормално е до негде..

Од друга страна страда и девојка ми, има разбирање за ситуацијата, ама веќе ни влијае на врската поготово зголемениот обем на работа/обврски, сето тоа си зема данок на нашето гледање/дружење и осеќам дека е време да прејдеме на следниот чекор.

Една варијанта е да идеме привремено под кирија(додека природата си го направи своето,да не ме сфатите погрешно :) ама е неизбежен дел тоа и ќе се случи ), што ми е тотално апсурдно и фрлени пари за џабе, при имање услови.

Втора работа да се купи стан кој ќе го плаќаме 30 години и тоа не ми свиѓа како варијанта воопшто.

Најидеална опција би ми било-странство. Имаме сериозни шанси/понуди за во странство,дали за печалба со девојчето, дали за стално живеење, ама кога го кажувам дома ова паѓаат у несвест и испаѓа дека сум бегал и сум ги оставал на цедило. Значи фамилијарните односи ни се сосем нормални, нема некои значителни проблеми освен тоа што сум колатерална штета во "битки" што не ме засегаат.

И ситуацијата е статус-кво, треба јас да пресечам, знам дека некој мора да настрада...ама тоа, сепак на прво место би го ставил заедничкиот живот со идната жена, баш би сакал да чујам мислење пред да се случи тоа.
Што не одиш домазет?
 
Убаво ти спомнаа поназад, коа ќе почнеш да им пушташ по едно 2-300 евра секој месец ќе видиш како ќе се смират и омекнат. А и со тек на време ќе се навикнат.
Не си го пуни мозокот со таа глупа мисла што ти ја наметнале дека ги оставаш на цедило. За неколку години ќе се каеш што си пропуштал прилики ради глупи каприци на комунистичко закоравени мозоци.
ај тој не е сигурен/ не знае што сака ама и ти сега не го дупи, ептен ќе го збуниш
 
Убаво ти спомнаа поназад, коа ќе почнеш да им пушташ по едно 2-300 евра секој месец ќе видиш како ќе се смират и омекнат. А и со тек на време ќе се навикнат.
Не си го пуни мозокот со таа глупа мисла што ти ја наметнале дека ги оставаш на цедило. За неколку години ќе се каеш што си пропуштал прилики ради глупи каприци на комунистичко закоравени мозоци.
Треба да си даде и по некое евро за советите :D
 
Не си приоритет на листа кај мајка ти и тоа е причината што си сега колатерална штета,како што прочитав татко ти е спремен да направи компромис за тебе но мајка ти си се става себе си на прво место,на второ најверојатно сестра ти а ти си во најдобар случај трет на листата на нејзини приоритети.
Доволно совети имаш на темава но на крајот ти и девојкати си знаете најдобро што да правите.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom