Данок на немажени и неженети лица

  • Креатор на темата Креатор на темата pozdrav eden topol
  • Време на започнување Време на започнување
  • Истакнато
Мислам дека овој данок за кој што размислуваат во влада, не е за да се подигне наталитетот, туку обид да се удри по џебот на луѓето за да го полнат буџетот.
Јасно ни е на сите дека оваа влада е спремна на разни подмолни начини да го уништи животот во Мк, а не како што они изјавуваат да ни го подобрат.
..и после зошто бегале од државава!
 
Ете ви кажа на конференција немало да има данок само ве дупел малце вас комуњарите. Интересно како сектата почна со пиштење и вриштење по најавите за ваков данок, нема ќар од нив не работат ништо, не се размножуваат, за кој кур постојат државата нема никаква корист.
 
Ова е совршена прилика тие шо сме останати, да не останеме.

Само, ако се имаат договорено да ја уништат државава, нека кажат. Ќе се иселиме колективно сите и нека си ем.

Вака ако се дига наталитет...Кој му е советник жити Господ? Идете прајте муабет со некој професор на Економски, на Филозофски. Јас имав предмет демографија, не се сеќавам да видов ваква ,,мерка'' или што год да е ова. Народов едвај вака преживува, не живее, преживува. Уште тоа фали.

Со 500 евра плата И ДА САКАМ НЕ МОЖАМ ДА СЕ ОМАЖАМ.
Идиоти.
Автоматски споено мислење:

Како тоа 400 евра? Што работите за 400 евра?
Па во КАМ даваат 600 евра + сега добија и К-15 750 евра.
Мојата прва плата, со диплома од Економски, УКИМ беше 24,000 нето.
После 2 месеци си дадов отказ :D
не смеам да кажам што поточно, а ако ти кажам и тебе ќе ти падне жал.

после 3 што заминаа, им текна да качат на 30,000.

ми викаа ,,за џепарац". Тоа кога го чув...
 
Не се секирајте ,нема да има никаков данок.Жестоката реакција на јавноста ги разубеди.Избори се ближат.
 
Цехот од слабиот наталитет си се плаќа без разлика дали има формален данок или не.

Тоа е точно ама сите го плаќаат а не само една таргетирана група на луѓе, еве Мицко нека биде џек и нека даде 100-150 евра детски додаток за секое дете до својата 15 годишна возраст. Нека им даде пензија на сите жени што ќе имаат 3-4 и плус деца или барем нека одат значително порано во пензија на пример на 52 наместо на 62 години, дај им 20-30000 евра субвенција за купување на прв дом на млади брачни парови и нека ги ослободи од трошоци партиципација за градинка и факултет многудетните семејства или намали им данок што го плаќаат ама не подобро е вака рокај казни да се полни буџетот за административците да имаат плати

Или нека се запраша прво како ги штитат мајките што добиваат отказ после породилно ? Буквално најмалку 5 случаи вакви знам, се враќаат од породилно и толку добиваат отказ од фирмата или не им го продолжуваат договорот и после раѓај деца
 
Тој додаток нема работи добро кај нас. Се знае кој ќе стане најголем "уживател" ако се плаќа за секое дете. Исто мислам дека нема да има голем ефект ако е на ниво на држава, затоа што одма ќе се кренат цените (исто како што се креваат со покачување на минимална плата).
Имаше пример со Унгарија мислам, каде што жената што ќе роди барем 2 деца ќе биде ослободена од персонален данок. Е ова е веќе добар бенефит. Им даваш нешто на луѓето кои работат и допринесуваат. А не на тие што ќе родат 10 деца само за да цицаат од државата.
 
Заборавивме една клучна работа. Влатко клатиглавче Ѓорчев е национален координатор за демографија, млади и човечки ресурси. Ретко неспособен човек, не ме чуди идејава со данокот да е негова.
 
Идејата е уште од Груевски 2008-2009 со ширење лаги и страв.
 
Тој додаток нема работи добро кај нас. Се знае кој ќе стане најголем "уживател" ако се плаќа за секое дете. Исто мислам дека нема да има голем ефект ако е на ниво на држава, затоа што одма ќе се кренат цените (исто како што се креваат со покачување на минимална плата).
Имаше пример со Унгарија мислам, каде што жената што ќе роди барем 2 деца ќе биде ослободена од персонален данок. Е ова е веќе добар бенефит. Им даваш нешто на луѓето кои работат и допринесуваат. А не на тие што ќе родат 10 деца само за да цицаат од државата.

Уживатели ќе бидат тие што сакаат да имаат и чуваат деца, јбг не можеш со сила Македонки да натераш да имаат повеќе деца кога собирање лајкови на инстаграм и патување им е врвно достигнување во животот. Тоа со персоналниот данок е супер, реално има многу можности модификации како да има најголем ефект - а она со кревање на цените може да се избегне со ограничувања, на пример ќе ти дадеме 20-30.000 евра за млад брачен пар ама не доколку м2 е повеќе од толку и толку да бегаат на страна периферија и сл

Пишав и погоре за отказ по враќање од породилно, ама реално треба на повеќе фронтови да се работи за да младиве се охрабрат да гледаат иднина и чуваат деца тука. Еве во Велес веќе 4 години на пример немаме локален еколошки инспектор, на градоначалникот побитни му се пар капиталисти отколку да го направи градот подобро место за живеење и ни се случуваат неколку хаварии до сега..
 
Идејата е уште од Груевски 2008-2009 со ширење лаги и страв.
Абе знам ама мерак ми беше да го поплукам Влатче клатиглавче. Еден од многуте примери на политички неупотреблив човек што зема државна плата.
 
Прво нека размислат со тимбите и нека го решат стандардот во државава а потоа нека размислуваат за наталитет. Вака како што сега се работите, нема никакво фајде од зголемување на наталитетот, напротив, жива штета е. Се раѓаат, ги одгледуваш, воспитуваш, школуваш и на крај бесплатно им даваш готов производ на јенките, швабите, арапите... и за кој к.... си инвестирал и стимулирал наталитет?
 
Тоа е точно ама сите го плаќаат а не само една таргетирана група на луѓе, еве Мицко нека биде џек и нека даде 100-150 евра детски додаток за секое дете до својата 15 годишна возраст. Нека им даде пензија на сите жени што ќе имаат 3-4 и плус деца или барем нека одат значително порано во пензија на пример на 52 наместо на 62 години, дај им 20-30000 евра субвенција за купување на прв дом на млади брачни парови и нека ги ослободи од трошоци партиципација за градинка и факултет многудетните семејства или намали им данок што го плаќаат ама не подобро е вака рокај казни да се полни буџетот за административците да имаат плати

Или нека се запраша прво како ги штитат мајките што добиваат отказ после породилно ? Буквално најмалку 5 случаи вакви знам, се враќаат од породилно и толку добиваат отказ од фирмата или не им го продолжуваат договорот и после раѓај деца

Вчера кажаа дека све ова е предвидено и со глава гарантирам дека ќе се реализира и пак нема да има фајде. Зборено е повеќе пати, најмал проблем се парите кај категоријата 35 плус градски самци од кои и произлегува проблемот.
 
Поголем апсурд од ова не постои. Дискриминација по личен избор не е начин да се решаваат проблемите со наталитетот. Љубов и семејство не се создаваат со законски мерки, туку со подобрување на условите за живот.

Наместо да се решаваат реалните причини за намалена стапка на брак, немањето работа, ниските плати, екстремно скапи станови, емиграција и хроничен стрес, ајде да ги казниме оние што одлучиле да живеат сами од било која причина, оти така е полесно, да се удри по џебот на народот, отколку да се подобрат условите за живот.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom