Дали ќе падне Владата на Заев?

Дали ќе падне Владата на Заев?

  • Вкупно гласачи
    112
  • Гласањето е завршено на .
Член од
14 ноември 2013
Мислења
6.378
Поени од реакции
20.003
Зеќир Рамчиловик и Панчо Минов?
Навистина биле пратеници, грешка сум бил. Како и да е, мислам дека е завршено со нив. Се зависи од Мицкоски, има шанса да се отараси од СДС, ДУИ и привезоци, се надевам нема да сјебе на крај. Со приберањето на овие двајца ќе си пука во глава така да не верувам да ги земе.
 
Член од
14 август 2018
Мислења
4.628
Поени од реакции
10.295
Три дена веќе поминаа со триста објаснувања и пак на некои треба да им се нацрта дека не постои нова Влада каде ќе бидат коалиција дпСмне, Левица и АА!
Толку е тешко да се сфати тоа?! Па @PIRATIC уште и анализи пишувал :facepalm:

Се што треба е мнозинство од 61 пратеник за да се изгласа недоверба на сегашнава Влада(мање битно дали Заев ќе си поднесе оставка), и формирање на преодна Влада до одржување на предвремените парламентарни избори!
Според пржино и онака треба 6 месеци пред избори да се направи ова, со давање на клучните ресори на опозицијата.
Иронијата да биде поголема, во овој случај сдс и дуи би биле опозиција :pos:
Можна е и комбинација од експертска(над партиска) Влада до изборите на пролет, во која би учествувале сите партии со свои претставници(експерти)!
Ама познавајќи ја експертизата и посебно демократскиот капацитет на смрдсм-дпСмне-Дуи, такво нешто е речиси невозможно да се случи, а и ако се случи ќе биде се само експертска Влада не!

За сега едно е сигурно! Предвремени парламентарни на пролет, за што сета опозиција е согласна, макар колку и да се идеолошки далеку...

Edit: во постов по грешка беше цитиран Дамби! Дали во брзање или нешто последно од него читав... како и да е моја грешка.
 
Последно уредено:
Член од
14 август 2018
Мислења
4.628
Поени од реакции
10.295
На оваа тема немам напишано ништо, кој мој став ("анализа") те мачи?
Големо извинување и поклон до земја!
Mea culpa погрешен човек сум цитирал, @PIRATIC бил талентот!
Уште еднаш извинување.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Уште еднаш извинување.
Уживај! Пробувам на темата Ковид да најдам некој компромис. Може таму си ме читал. Ама џабе, види кој сѐ се врти на темата. :icon_mrgr:

На темава, не гледам никаков оптимизам во коалицијата која е на власт. Еден по еден челниците го напуштаат бродот кој тоне, а можеби и некој привезок ќе пребегне со оглед на тоа што можеби ќе добие нешто од идната власт која ќе дојде по предвремени парламентарни избори во 2022. Сдссм тешко дека ќе остане на власт и по тие избори.

Опозицијата има 61 пратеник и на сите партии во опозицискиот блок им одговараат избори. Само сметам дека албанскиот опозициски блок мора и треба да се обедини против Дуи. Вака излегува дека Беса и Дуи се во неформална коалиција затоа што се дел од владиниот состав и од парламентарното мнозинство, а со тоа носат и гласаат исти политички одлуки! Чуден е нивниот ривалитет на терен! Сепак некогаш беа дел од Дуи.

Само да не заборавиме, сега во овој парламентарен состав, Сдссм како сама партија има 30-31 пратеник, другите се пратеници од привезоците. Сега за сега сите се изјаснија дека остануваат дел од тој блок, но секоја наредна нова изјава од партиското седиште на Сдссм е поочајна и поочајна!

Лидерот им е во оставка. Рада се повлече пред неколку месеци. Мила, што посебно ме израдува, поднесе оставка. Сугарески си поднесе оставка. Бранко започна да ги критикува! Не знаат ни кој ќе им биде лидер. Обиџуко е најекспониран, а веќе беше и претседател на Влада. Николовски ми е некоја резервна опција.

Сламката за спас на Сдссм ја гледам само ако успеат да ги сочуваат Дом-Лдп (22К гласови) и ако повратат дел од гласовите од Куманово. Така ќе дојдат на некои 20К разлика со Дпмне. Тоа е најоптимистичко сценарио, без еуфоријата која владее во Дпмне, која ќе им донесе извесен број гласови.

Но, за оваа држава, најдобро е техничка Влада. Мене ме загрижува енергетската криза (посебно по настаните во Битола), а има и фискална, здравствена и економска. Фокусот мора да е тука, а не на пролет/лето кога ќе бидат изборите. :)
 
Член од
14 август 2018
Мислења
4.628
Поени од реакции
10.295
Апсолутно се согласувам со тебе, и можам реферат за секој пасус да дополнам.
Засега само овој дел ќе го коментирам:

Искрено и мене ме плаши техничкава Влада! На крстопат сме дојдени, и тоа на последниот буквално! Ако и сега го згрешиме патот, следно ќе е провалија за државава.
Мерк и Фејзер веќе имаат лек или барем јас сакам да верувам во тоа. Што пола народ нејќе да се вакцинира, нејќе. Туку што побрзо да го донесат лекот и да почнеме да се враќаме на нормала! Немаме време за министри, заменици, секретари, нивните ќерки и швалерки!
Некој треба уште од утре да засука ракави и да си ја сработи работата! Ако конечно се среди пандемијата и економијата ќе пркне.
И Енергетската криза ќе помине со поголема или помала штета! Битно е што ќе направиме после тоа! Нова гасна централа или пак тендерите на смрдсм-дпСне?!
Не сум дете, па добро го памтам владеењето и на другиве... и тоа ме плаши... и кај нив е партијата(cough бизнисот cough) прв, вработувањето клати врата-зимај плата на државен(наш грб) втор, а државата им е таму негде на последно место :(
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Апсолутно се согласувам со тебе, и можам реферат за секој пасус да дополнам.
Засега само овој дел ќе го коментирам:

Искрено и мене ме плаши техничкава Влада! На крстопат сме дојдени, и тоа на последниот буквално! Ако и сега го згрешиме патот, следно ќе е провалија за државава.
Мерк и Фејзер веќе имаат лек или барем јас сакам да верувам во тоа. Што пола народ нејќе да се вакцинира, нејќе. Туку што побрзо да го донесат лекот и да почнеме да се враќаме на нормала!
Проблемот е во тоа што 20-30% од вакцинираните со кинеските вакцини воопшто не развиваат антитела, згора на сѐ после 6 месеци од ревакцинацијата антителата опаѓаат до тој интензитет што речиси сите тестови за антитела се негативни! Оваа вакцина ништо нема да смени на долг рок, макар се вакцинирале и 90% од луѓето кога ќе треба да се ревакцинираат на секои 6-7 месеци! Ние сме на 40%. Нема ни теорија ни сите овие да ги натераш пак да се вакцинираат. :icon_mrgr:

Нека направат вакцина која ќе ми даде заштита 10 год, добро испитана и која ги поминала сите 4ри фази, ќе се вакцинирам, со било која, сем со Фајзер.

Прогласувањето и ставањето крај на пандемијата е политичка одлука, а со Ковидот ќе живееме уште пар години, додека најголем дел од нас стекнат природен иминитет. Дури тогаш ќе излеземе од Ковид кризата.

Со другото, горе-доле, се согласувам. :)
 
Искрено со ова не се согласувам, ама не е ни тема, ни време. Сепак десетици мртви секој ден од заразна болест не е никаква политика. Здравствена, морална, па дури и здраворазумна одлука... да.
(Ама и ја веќе не идам на таа тема...) :)
Битно нормалата мора да се врати, новите работни места, туризмот, инвестициите, итн итн.
Конечно и би дал предлог(иако знам дека ненормален ќе звучам), а тоа е да се намалат платите на државната администрација. За бркање никој ни до сега ни од сега бркал, ама ако им се вреднува трудот реално... тогаш сами да бегаат од таму! Кога обичен работник, продавачка во маркет, возач на такси и сл. Би заработувал мин 50% повеќе од баграта што ние ја викаме администрација би бил среќен. И само така така би се запрале партиските вработувања и формирањето на гласачка армија за нив!
П.С. а сигурен сум дека и понатаму ќе ина дегени што попрво би зимале 7-8000ден да не работат ништо, отколку да земат 18000 со работа! (n)
 
Член од
18 април 2014
Мислења
373
Поени од реакции
678
Дс сум човек кој гласал за левица сеа би си пукал у глава, поголемо е8е** и бушење на членовите на една политичка партија до сеа не е имало. И со право им е на гласачите на левица, апасиев ги изџвака вашите гласови и идеологија си го избриша г**от и ви се исплука во фаца. Заслужено

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
28 септември 2014
Мислења
981
Поени од реакции
1.399

како тоа?
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.728
Поени од реакции
9.837
И да падне и да не падне,исти к*рац за обичниот човек.Никој ништо нема да му даде,може само да му земат.
Автоматски споено мислење:

Дс сум човек кој гласал за левица сеа би си пукал у глава, поголемо е8е** и бушење на членовите на една политичка партија до сеа не е имало. И со право им е на гласачите на левица, апасиев ги изџвака вашите гласови и идеологија си го избриша г**от и ви се исплука во фаца. Заслужено

Sent from my iPhone using Tapatalk
Абе ај,што наприча бе.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom