Дали на наркоманите треба да им се одземе родителското право?

  • Креатор на темата Креатор на темата AlternativeF
  • Време на започнување Време на започнување
Да,треба.Човек што конзумира опојни средства,тешки дроги, е неурамнотежен,психички нестабилен и зол човек.Таков човек не заслужува деца.
Опојни дроги и тешки дроги не е иста работа.

Sent from my SM-G950F using Tapatalk
 
Да го кажам моето мислење на темава дали да му се одземе родителското право на наркоман.Кој што не осетил на своја кожа не може точно да кажи.Еве кажете ми дали треба дете да живее со татко наркоман.Јас знам како е . Не мисли дали е гладно дали му студи дали има што да облечи тој единствено мисли како да дојди до дрога.Детето го носи мајката на училиште и треба да оди на работа а таткото да го земи а тој издрогиран паднат во транс детето го чека плачи на училиште и си тргнува само по улици си оди дома тој заклучен а тоа му тропа да му отклучи плачи се плаши и не можи да го разбуди и во дворот седи додека да дојди мајката од работа.И гледа како тој ја тепа мајката и ја брка да оди кај нејзините родители и да бара пари.И ред други безброј работи и сега кое е вашето мислење тој дали заслужува родителско право?
 
На наркоманите не треба да им се одземе само родителското право туку и правото на живот.

Треба превземање на порадикални мерки за наркоманите (куршумот в чело, гасна комора, фрлање врзани во река/провалија, или евентуално правење на сапун)...

А може и да се сместени во затворска ќелија и давањеа што може поголема количина на дрога и тоа со вреќиња се со цел да цркнат што побргу...

Што фајде општеството од наркоманишта?
 
Кој си ти да одземаш нечиј живот, поготово на луѓе кои си наштетуваат првенствено сами на себе?

Што правиме ако утре твоето дете, твојот брат еден ден стане наркоман?
Дали и него треба да го убиеме?
Автоматски споено мислење:

Да го кажам моето мислење на темава дали да му се одземе родителското право на наркоман.Кој што не осетил на своја кожа не може точно да кажи.Еве кажете ми дали треба дете да живее со татко наркоман.Јас знам како е . Не мисли дали е гладно дали му студи дали има што да облечи тој единствено мисли како да дојди до дрога.Детето го носи мајката на училиште и треба да оди на работа а таткото да го земи а тој издрогиран паднат во транс детето го чека плачи на училиште и си тргнува само по улици си оди дома тој заклучен а тоа му тропа да му отклучи плачи се плаши и не можи да го разбуди и во дворот седи додека да дојди мајката од работа.И гледа како тој ја тепа мајката и ја брка да оди кај нејзините родители и да бара пари.И ред други безброј работи и сега кое е вашето мислење тој дали заслужува родителско право?
Во таков случај не заслужува. Како што не заслужува и обичен насилник.
 
Како некој што живее во непосредна близина на наркоман (со дете), мислам дека родителствувањето не е за овие луѓе. Како родител, треба да бидеш пример за детето и да го научиш кои се вистинските вредности во животот. Љубовта на родителот према детето треба да биде безусловна и неизмерна.

На мојот сосед, постојано му доаѓаат полицајци дома. Во куќата прибира криминалци. Нема никаква почит ниту кон комшиите. Агресивен е и премногу често има испади со караници и расправии на цел глас. И сето тоа се одвива непосредно пред очите на неговата ќерка. Тоа е многу токсичен начин на воспитување и верувам дека кога тогаш ќе се одрази и врз девојчето.

Знам дека сите луѓе се различни и генерално зависи од карактерот на човекот, ама родител (наркоман), ако не сака да се потруди да си помогне себе, пред се заради своето дете, тогаш сметам дека таквиот родител не заслужува да биде родител.
 
Интересно, но и тешко прашање.

Прво мора да се расчисти што се подразбира под наркоман. Според мене, под наркоман се подразбира секој кој што ЗЛОУПОТРЕБУВА и прекумерно користи психотропни супстанци, било тоа да се легални (алкохол, цигари) или илегални и со тоа си прави директна штета на својот секојдневен живот како и на животите на луѓето околу него и на општеството.

Родител наркоман кој што ги троши последните пари на илегални дроги не е поинаков од родителот кој што последните пари ги фрла на две кутии цигари додека детето му гладува во школо и нема основни животни елементи. Алкохоличарот не е ништо поразличен од хероинашот кога е во прашање воспитувањето на децата.

Дали на наркоманите треба да им се одземе родителското право зависи од тоа дали и колку родителот му прави штета на своето дете. Постојат наркомани кои имаат нормален секојдневен живот и покрај тоа што се секојдневни корисници на одредени супстанци, но постојат и наркомани кои се отидени скроз и поради тоа децата секојдневно се изложени на психофизичко малтретирање како и на трауми.

Нажалост во општеството каде што живееме нема доволно информации за рекреативните супстанци и нивната злоупотреба, но затоа има огромна стигматизација која што зависниците ги тоне се повеќе и повеќе.
 
Мислам дека треба во дефиницијата да стои и „зависник“, не само дека злоупотребува ... Како и да е, и коцкарите веројатно спаѓаат во таква групата: родителот кој што последните пари ги фрла на (пополни по свое видување) додека детето му гладува
 
Токму тоа е суштината на дефиницијата на зборот наркоманија.
Зависност, односно компулсивно и повторливо користење на наркотични средства.

И без разлика на т.н. навлезеност на човекот во тие води....човекот не ја контролира дрогата, туку дрогата го контролира човекот.

И сега, имаш родител, кој што своето дете треба да го воспитува и да го изведе на правиот пат. Како би успеал, зависник од хероин да го постигне тоа? Како би го воспитал детето на одговорност и убаво однесување, кога и самиот тој родител е агресивен, нервозен, непријателски настроен. Човек кој што е зависник од наркотици, не е во состојба да се грижи сам за себе, за своето милениче, а не па ли за своето дете. И се додека не му се укаже дека треба да побара помош, или самиот тој не го сфати тоа, без разлика колку и да е добар родител во очите на другите, тој/таа не е добар . Всушност, не е тука поентата дека ќе потфрли (совршенство не постои), туку немањето желба за промена и подобра иднина на своето дете.
 
Овој дел повеќе ме потсеќа на зависник од ракија отколку хероин. Особено делот со "агресивен, нервозен, непријателски настроен".
 
Точно. Хероинот е опиод.
Но, зависник од дрога, при една апстиненцијална криза е во ситуација да направи се што е во негова моќ за да дојде до дрога. Па дури и да биде агресивен, нервозен, насилен.
Во секој случај е тоа токсично за воспитувањето на децата.
 
Денес наркоманите се заштитени како бели мечки...

Jaс пред едно 4 години за малку ќе си кркав казна од 400 до 600 евра и затворска казна во Идризово за применување нужна самоодбрана врз наркоман...(И тоа за само еден удар без разлика дали е шамар, бокс, клоца или удар со глава)...

Во кафич изненадно од зад грб ме напаѓа наркоманот јас тргнав за да му дадам барем еден бокс или еден удар со нога во гениталиите, ама ме спречија другите луѓе... Повикаа полиција дојде и ме предупредија дека за само еден удар (иако е во самоодбрана) ќе бидам казнет од 400 до 600 евра и башка што некој период ќе одлежам затвор... Пак се фати полицијата за то што им кажав какви намери имам (да го сечам парче по парче со шлајферица и да го бушам во колената со бормашина)... И ми викаат сакаш ли сега да те притвориме за закани??? Сега на полицијата поважно им е што сум рекол како сум рекол отколку нападот на наркоманот врз мене!!!

Денес самоодбраната од напад на наркоман се третира како напад врз немоќно лице. Па добро бе ако е наркоман што треба да ме отепа? Да му седам со скрстени раце?

Тоа што се заштитени наркоманите се вредности увезени од државите Британија, Франција, Германија, Австралија, Бенелукс и Скандинавските земји...
 
и стварно на цајканите им рече дека сакаш да го бушиш со бормашина и да го сечеш со шлајферица? :popce:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom