Греење со пелети

  • Креатор на темата Креатор на темата bakigvg
  • Време на започнување Време на започнување
Не е џабе, ќе имаш парно, само стварно е мрсна инвестиција за денешно време! Јас како тебе ставив подно(водено) на струја, после една година купив печка(камин на дрва или брикети, како сакаш), наредната година ставив панели и ги поврзав сите тие три работи заедно! Струјата ја исклучив како опција оти за 62-3 м2 одше до 200 евра месечно, продолжив на дрва со помош на сончевите панели. Функционира, ама напорно тоа одржување на огнот и се што оди со греење на дрва. Трошокот е некаде некои 3000 денари на месец, ама е многу нефлексибилно, пошто имаш преодни периоди кога мора да ложиш, а не е многу ладно, тука панелите веќе помагаа. На крај плукнав на сето тоа и купив уште една клима и сега со две клими ги греам тие 63 м2, трошокот е 3000-4500 денари за греење, зависи од надворешната температура, прошлиот месец 2000 беше за греење. Затворениот систем ако има сонце крева накај 40 степени па го пуштам за подобар филинг, да го згрее подот, ама тоа е мноогу ретко, во зима обично е облачно!
Е сега ти ќе заштедиш растрчување околу печката, ама не до толку! Плус прашање е до кога ќе држи модата на пелетите? Плус печките на пелети не се ефтина инвестиција.
Како да вртиш инвертер ти е најдобра опција, со 1 киловат струја добиваш минимум 2 киловати топлина, почесто соодносот е и подобар. Нит влечеш дрва, нит вреќи со пелети, ако сакаш потопло соедно притискање на копче можеш да зголемиш. Е сега има и минуси, се слуша дување, плус треба да имаш некој постручен и поискусен што ќе ти пресмета колку клими и каде да ги ставиш. Ако не си тенок со пари разгледај системи воздух-вода, па и парното ќе го ставиш во погон.
Ете тоа е моето искуство, сум пробал се', дојодов до ваков заклучок. Може некој има поинакво искуство!
Ти како мој пријател, се грее на дрва, пелети не пробал, а знае колку БИ трошел месечно кога БИ се греел на пелети. Колку што разбрав, и ти си пробал се, освен пелети.
 
Ти како мој пријател, се грее на дрва, пелети не пробал, а знае колку БИ трошел месечно кога БИ се греел на пелети. Колку што разбрав, и ти си пробал се, освен пелети.
Имам живи примери, комшијата кој дојде од Италија и реши комотно да се грее и колешката во офис! Остај комшијата, он машко срце ќути и да се зезнал нема збор да чуеш, а му го знам поминот!
Колешката пошто сме заедно на работа ја слушам во жив пренос! Ивко Панговски беше помалку возбудлив кога пренесуваше фудбал од Градски од неа, со вртење телефони, по мајстори, штелување, набавки, горело не горело, димело не влечело. Фала не треба!
Јас во мојот пост го изнесов моето искуство, не реков не се грејте на пелети! Секој со својот ум, ако сакате и уопште не се грејте, ваша лична работа.
 
Дали некој користел вакви цевки за инсталација на парно до радијатори.
Не се ваљда зелена боја само, има бела?
Имаат некоја маана, или ок се. Мислам дека најбрзо оди вака, обична цевка како за купатила разбрав не е добра, се витка од топло. Ова било подобро, повеќеслојно, поцврсто, поизолирано.
Мислев со алупласт, цевките не се скапи но колена спојки, рачви, цените се доста скапи.
Бакарот на метар е ептен скапо, па лемење, фарбање...
Нема да е во под инсталацијата, надворешна ќе е, долу ниско на ѕид.
Околу котел најверојатно диекотек 16, роднина користи веќе 2 сезони, се е ок.
 
Zdravo na site,
Mi treba informacija,sakam da kupamTHERMOFLUX INTERIO 20 ( 20 kW )
Me interesira dali vo prostorijata kade e postaven kamin ot treba da se stavat radiatori kako niz cela kuka ili samiot kamin ja zagreva istata. Prostorijata e 28 kvadrata.
 
Слободно стави радијатор во таа просторија доколку планот ти е прозорецот да го оставиш постојано отворен додека работи котелот. :D

Секако дека нема потреба од радијатор во толку мала просторија во која веќе има грејно тело со толкава моќност, има поголеми надворешни тераси од угостителски објекти кои се грејат со печка - не со котел, туку со печка - на пелети со моќност од 8 киловати или од 10 киловати, а за котел со моќност од 20 киловати па да не правиме муабет.
 
Zdravo na site,
Mi treba informacija,sakam da kupamTHERMOFLUX INTERIO 20 ( 20 kW )
Me interesira dali vo prostorijata kade e postaven kamin ot treba da se stavat radiatori kako niz cela kuka ili samiot kamin ja zagreva istata. Prostorijata e 28 kvadrata.
Во зависност од распоредот на собите (дали оваа соба е отворена кон другите соби или не) изолацијата што ја имаш и сл. јас би размислил и да се стави некаков радијатор. Оваа печка иако е 20kw само 2.2kw шири топлина самата печка а останатото оди кон радијаторите.
Подобро да имаш некаков радијатор и во таа соба, и да си стои исклучен поголемиот дел од сезоната, а по потреба да се вклучува, отколку воошто да го нема а самата печка да не задоволува. Сепак 2.2 kw не се нешто што би задоволило за 28 квадрати.
 
Дали некој користел вакви цевки за инсталација на парно до радијатори.
Не се ваљда зелена боја само, има бела?
Имаат некоја маана, или ок се. Мислам дека најбрзо оди вака, обична цевка како за купатила разбрав не е добра, се витка од топло. Ова било подобро, повеќеслојно, поцврсто, поизолирано.
Мислев со алупласт, цевките не се скапи но колена спојки, рачви, цените се доста скапи.
Бакарот на метар е ептен скапо, па лемење, фарбање...
Нема да е во под инсталацијата, надворешна ќе е, долу ниско на ѕид.
Околу котел најверојатно диекотек 16, роднина користи веќе 2 сезони, се е ок.

Бакар си е бакар... За во стан само пластични цевки се ок, ама доколку живееш во куќа не освен ако имаш пасивна куќа што се доста ретки...
Еднашка плаќаш за бакарни цевки ама ќе ти траат засекогаш... Исто така така најголема топлина спроведуваат тие..
Јас ставив пред неколку години и до ден денес не ја имаат сменето бојата... тука зависи нормално од мајсторот и како ти е вградена инсталацијата.. Поз
 
Сакам да инвестирам во парно на пелети во веќе изграден куќа но некако не ми е јасно како ќе биде изведено решението за инсталацијата на цевките во целата куќа.Има некој искуство,кои се решенијата и дали е изводливо?
 
Ако распоредот на соби ти е добар нема да има никаков проблем за пробивањето на цевките да биде безболно. Обично на постарите градби или доградби е позафркатно.
Викни мајстор и на лице место ке ти скројт кај ќе стојат цевките и радијаторите.

Иначе сакав да пишам, со оглед на тоа што е крај на година, се повеќе луѓе ги интересира потрошувачката, а мене ми беше 1ва година на пелети, сезоната ќе се затвори со 135 вреќи пелети или 26800 денари.
100м2 спрат со солидна изолација. Дневно од 8 до 14 часа работа (комо 21)
50м2 се со цело време пуштени радиатори, 50м2 се затворени на 2ка или 3ка по потреба.
Температура кај котелот (дневната) 23 степени, вода 55 степени, јачина 2ка многу ретко и во многу ладно на 3ка со 60 степени.
Пелети 40% еколајф, 60% некој 100% бука од локална пилана, но драстично сум позадоволен од еколајф поради повеќе топлина, помалце пепел и црнила на стаклото, како и помалце пилевина и прашина во самите вреќи. За наредна сезона планирам да земам уште на лето по поефтина цена.

Се на се јас сум задоволен.
 
Искуства со Thermoflux 25kW котел на пелети?
 
Сакам да ставам парно во куќа и ми нудат со бакарни и со галванизирани поцинкувани,имате искуства и која е разликата?
 
Ако распоредот на соби ти е добар нема да има никаков проблем за пробивањето на цевките да биде безболно. Обично на постарите градби или доградби е позафркатно.
Викни мајстор и на лице место ке ти скројт кај ќе стојат цевките и радијаторите.

Иначе сакав да пишам, со оглед на тоа што е крај на година, се повеќе луѓе ги интересира потрошувачката, а мене ми беше 1ва година на пелети, сезоната ќе се затвори со 135 вреќи пелети или 26800 денари.
100м2 спрат со солидна изолација. Дневно од 8 до 14 часа работа (комо 21)
50м2 се со цело време пуштени радиатори, 50м2 се затворени на 2ка или 3ка по потреба.
Температура кај котелот (дневната) 23 степени, вода 55 степени, јачина 2ка многу ретко и во многу ладно на 3ка со 60 степени.
Пелети 40% еколајф, 60% некој 100% бука од локална пилана, но драстично сум позадоволен од еколајф поради повеќе топлина, помалце пепел и црнила на стаклото, како и помалце пилевина и прашина во самите вреќи. За наредна сезона планирам да земам уште на лето по поефтина цена.

Се на се јас сум задоволен.
Од прилика и јас слично греам и толку трошам. Јас баш и не сум најзадоволен имам проблеми понекогаш со котелот. Вратичката сама се отвара и чади. Екоспар 24кв ми е котелот.
 
Може да споделите искуства со пелети што сте ги користеле, од кои сте задоволни, од кои не. Јас до лани ги користев ekolife, супер се, само оваа година нема да ги купувам, заради раното поскапување.
 
Здраво на сите, само што нарачав Термофлукс интерио 22 кв со 6 радијатори конвекс (22*900*1200 х 2) (22*600*1400 х1) (22*600*1600 х 2) (22*600*2000 х 1)и еден регистар копа 500*1600 за тоалет, и цела инсталација со бакарни цевки.
Собен Ви-Фи термостат Смарт Бел ХТ500.
Ќе грејам површина од околу 110 квадрати, одлично изолирана куќа со нови пвц прозори.

Дали ќе може некој да ми препорача пелети.
Ви благодарам
 
Дали некој користи УПС за непрекинато напојување, кога ќе снема струја, но и кога нема струја да го стартува котелот на пелети?
Пример за 25kw котел(земав Диекотек), пишува 300вати ќе троши струја, 300вати бил грејачот кој работи само 2 минути на почеток, понатаму само работи транспортер, вентилатори и пумпа.
Имам еден упс од 1300VA/720 вати, пред некој ден го тестирав кога снема струја, но за крајниот процес, веќе се гасеше котелот и издувуваше гасови/вртеше пумпата. Постигна тоа што му требаше и се исклучи котелот, но за рестарт на котелот, упсот почна да бипка и се исклучи.
А приклучен е на 2 х 55 ампери акумулатори.
Претпоставувам 720вати упс е слабо, па или упс-от сам се исклучува ако е преголемо оптоварување или на акумулаторите им ослабнала ампеража.
Барам нешто саглам да купам да функционира, да е тестирано дека функционира, да не дозволи да се гаси котелот па да чекаш да издува и пак рачно да го палиш.
Пример дали може упс од 2-3000VA, кое дава снага од 900-1200вати, веројатно треба да дава чист синусен бран...
Или нема шанси да работи котел на вакво/било какво упс?
Инвертерот е како што знам помоќна работа, но нема функции како упс, ем да работи на струја а кога снема струја да се префрли на упс.
ЕВН често нешто сервисираат па стално снемува струја:mad:.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom