Температурата ти зависи од големината на куќата/станот - колку се поголеми просториите кои треба да се загреваат, толку подолго време ќе треба да помине додека да се загрејат.
Кај мене дома температура на водата во радијаторите помеѓу 45 и 50 степени Целзиусови одлично ми врши работа.
Во јануари и февруари кога е` најстудено, го појачувам котелот помеѓу 50 и 55 степени Целзиусови и одлично ми врши работа.
А кога сме кај потрошувачката, истата зависи повеќе од енергетската вредност, односно калоричноста на пелетите, отколку од траењето на временските интервали додека се користи котелот. Ми се случувало да потрошам половина вреќа за едно деноноќие, а котелот бил вклучуван само наутро помеѓу 6:00 часот и 8:00 часот и навечер помеѓу 21:00 часот и 24:00 часот, тоа се помалку од 6 (ШЕСТ) часа искористеност во 24 часа, а сепак половина вреќа завршила потрошена поради слабата енергетска вредност на пелетите.
Минатата зима 2017/2018 ги користевме овие пелети од А1 класа и максимално бевме задоволни од истите, имам уште околу 10 вреќи останати во подрумот, најверојатно ќе нарачаме повторно од истите за нареднава зима 2018/2019.
http://www.on-tim.com.mk/peleti.html
Имам пишувано за овие пелети во пост
#536.
https://forum.kajgana.com/threads/Греење-со-пелети.71991/page-36#post-8267661