Вовед во Stock Photography (комерцијална фотографија), терминологија и поделба

Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
DSCN0036.JPG Јас конечно го инсталирав Никон софтверот на комјутеров мој и сега можам да ги вадам сликите...Почетник сум во фотографирање и се надевам дека ќе се усовршувам со тек на време...Еве една сликичка од мене, која е малку само дотерана во фотошоп, ептен малку...Иначе кажете ми каде има тема каде што си споделувате ваши фотографии и си давате критики меѓусебе, за јас моите таму да ги ставам...Ќе ми значи многу мислењето на некои од вас, посебно од Тончи, Нако, Мистичен итн...Иначе дигиталец ми е апаратот...Понатаму може ќе земам нешто појако...
 
DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
Прегледај го приврзокот 33021 Јас конечно го инсталирав Никон софтверот на комјутеров мој и сега можам да ги вадам сликите...Почетник сум во фотографирање и се надевам дека ќе се усовршувам со тек на време...Еве една сликичка од мене, која е малку само дотерана во фотошоп, ептен малку...Иначе кажете ми каде има тема каде што си споделувате ваши фотографии и си давате критики меѓусебе, за јас моите таму да ги ставам...Ќе ми значи многу мислењето на некои од вас, посебно од Тончи, Нако, Мистичен итн...Иначе дигиталец ми е апаратот...Понатаму може ќе земам нешто појако...
Оваа тема е за сток фотографија, помини овде и според тоа каква фотка имаш, во соодветната тема. :)

За оваа фотка прво не ти е многу во фокус, а и светлото е некако чудно. Потоа горе ја имаш сецнато малку тиквата (такви работи избегнувај, најчесто гледаш да ги ставиш објектите цели во сликата.

Добар е моментот со рефлексијата, на твое место би осветлил таму малку повеќе за да ја истакнам повеќе, и исто ми се допаѓа што калинката е црвена, во поглед на тоа дека другите две се зелени.

Блицот избегнувај да го користиш, научи се да го користиш тоа светло што ти е дадено, па потоа со блиц. Пошо обичните дигиталчиња автоматски ја кратат експозицијата и се освен објектот е малте не црно. Сигурен сум дека повеќе ти било осветлено одколку што испаднало на сликата.

Немој да ме мразиш, секогаш сум вака груб со критики, ама така најдобро се учи, така и јас учев :)
 
Фала најмногу за критиките...Без прифаќање на совети од другите кои многу добро се разбираат од оваа област нема да научам да правам добри фотки...И треба труд да се вложи секако...
Мислам дека јас во фотошоп повеќе ја зезнав сликата отколку што ја дотерав...Таму правев некои маневри со светлото :oops: ...На оригиналот не е сецната тиквичката... Можеби подобро да избегнувам фотошоп дури не се научам прво добро да сликам...
Читав многу за фотографирање али треба тоа во пракса да се примени...И вашите совети...
 
првите 10 000 фотки дур да научиш, после тоа следува интересниот дел :)
 
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
The beautiful yard.JPG Што мислите за оваа фотка? Во Грција ја направив и само малку користев фотошоп... :unsure:
 
Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.344
Поени од реакции
7.465
Фина фотографија.

Е сега малку е офтопик. Ова не е сток фото.
И може да се подобри, детенцето да биде свртено кон тебе.

Како и да е, добар Напредок - Брегалница: 2 - 0
 
bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.700
Поени од реакции
6.627
Кој е најдобар сајт од овие за да се почне како аматер и почетник?
 
Boomerang

Немој CTRL+W.
Член од
18 јуни 2006
Мислења
3.709
Поени од реакции
809
Мртва темава, има ли кајганџии што сеуште се занимаваат со ова? Како се продаваат сликите во последно време? Правите ли пари како порано? Или помалку / повеќе?
 
nako

No1
Член од
22 јануари 2006
Мислења
918
Поени од реакции
35
Мртва темава, има ли кајганџии што сеуште се занимаваат со ова? Како се продаваат сликите во последно време? Правите ли пари како порано? Или помалку / повеќе?
има има, како што можам да пратам има се повеќе Македонци по агенциите, некој профи си работат некој аматерски и се задоволуваат по 50-100 долари месечно.
Јас освен фотографија работам и видео кое многу повеќе се плаќа ама и повеќе време ти одзема, сега ги чекам 3-те машини со процесор 4930к па да рендам и во 4к резолуција, инаку како што реков конкуренцијата сега МНОГУ поголема па така да споредба од ставени фотографии/видеа помалку се заработува но сепак многу повеќе од една просечна македонска плата ( која касни )
 
bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.700
Поени од реакции
6.627
Јас 2-3 пати ставав слики на шатерсток, ми ги одбиваа, а сликани професионално и во смисла на опрема и фотограф...и некако изгубив интерес, ептен се пребирливи да ги ебам. Си терам јас дизајн фриленсинг ;)
 
nako

No1
Член од
22 јануари 2006
Мислења
918
Поени од реакции
35
Јас 2-3 пати ставав слики на шатерсток, ми ги одбиваа, а сликани професионално и во смисла на опрема и фотограф...и некако изгубив интерес, ептен се пребирливи да ги ебам. Си терам јас дизајн фриленсинг ;)
е препирливи се, но не се откажувај, имаш најмалку 10 агенции каде што можеш да понудиш слики и видео, но еднашка ако ти одобрат и се продадат фотките, тогаш рачунај дека секоја втора ќе ти ја одобрат, еве на пример баш денес пред 10-тина минути благопријатоно ме изненадија од шутерсток со еден мејл дека сум надминал заработувачката од 10000 долари, а тоа е период од 5 годишна работа :)
--- надополнето: 28 ноември 2013 во 18:30 ---
и ќе заборавев, ако почнеш да заработуваш на сток агенциите тоа ќе ти биде МНОГУ големо искуство кое можеш да го искористиш во некоја Македонска фирма, ќе сватиш дека пазарот бара нешто ново а не нешто што е веќе видено
 
DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
е препирливи се, но не се откажувај, имаш најмалку 10 агенции каде што можеш да понудиш слики и видео, но еднашка ако ти одобрат и се продадат фотките, тогаш рачунај дека секоја втора ќе ти ја одобрат, еве на пример баш денес пред 10-тина минути благопријатоно ме изненадија од шутерсток со еден мејл дека сум надминал заработувачката од 10000 долари, а тоа е период од 5 годишна работа :)
--- надополнето: 28 ноември 2013 во 18:30 ---
и ќе заборавев, ако почнеш да заработуваш на сток агенциите тоа ќе ти биде МНОГУ големо искуство кое можеш да го искористиш во некоја Македонска фирма, ќе сватиш дека пазарот бара нешто ново а не нешто што е веќе видено

Океј, ќе моеш да ме упатиш у сток ствариве? Не од фотографски аспект, туку од финансиски, шо се ми треба каква сметка, која банка, кои агенции и тие срања?
 
nako

No1
Член од
22 јануари 2006
Мислења
918
Поени од реакции
35
Океј, ќе моеш да ме упатиш у сток ствариве? Не од фотографски аспект, туку од финансиски, шо се ми треба каква сметка, која банка, кои агенции и тие срања?
тоа е едноставно, ете мое искуство ќе ти го пренесам, првин ставав видео и фотографии, кога дојде до добра сума во агенцијата ( околу 100 долари ) си отворив сметка во манибукерс ( сегашно скрил ) ти праќаат писмо они со код и кодот го впишуваш и тоа е тоа, си ги префрлаш парите на на твоја сметка девизна ( користам комерцијална банка бидејки брзо даѓаат за 2-3 дена а провизијата за трансакција е 21еу, мада последниот пат ми земаа само 13 еу ), е сега најтешкиот дел, дали да ги пријавиш парите во УЈП или не, искрено јас од почеток не ги пријавував бидејќи беа мали суми ( 200-300еу ) и пишував дека ми се поклон... но кога почнав повеќе да земам ги пријавувам ( никој не може да ти дава 2000-3000 еу на поклон за секој три месеци :) ), данокот е мал 10% од земената сума и тоа ги плаќаш дури после 2-3 месеци таман кога ќе ти дојдат другите пари ;)
друго навистина не знам, најбитна работа е да ти се продаваат фотографиите и видеата
 
bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.700
Поени од реакции
6.627
е препирливи се, но не се откажувај, имаш најмалку 10 агенции каде што можеш да понудиш слики и видео, но еднашка ако ти одобрат и се продадат фотките, тогаш рачунај дека секоја втора ќе ти ја одобрат, еве на пример баш денес пред 10-тина минути благопријатоно ме изненадија од шутерсток со еден мејл дека сум надминал заработувачката од 10000 долари, а тоа е период од 5 годишна работа :)
--- надополнето: 28 ноември 2013 во 18:30 ---
и ќе заборавев, ако почнеш да заработуваш на сток агенциите тоа ќе ти биде МНОГУ големо искуство кое можеш да го искористиш во некоја Македонска фирма, ќе сватиш дека пазарот бара нешто ново а не нешто што е веќе видено
Браво, секоја чест! Ти се дивам на бројкиве (y) Кажи ми дали нешто друго професионално се занимаваш со ова или имаш некоја сосема друга регуларна работа, па ова ти е плус или уште подобро дали живееш само од ова? Ако е така тоа е супер (y) Да си бидеш сам свој газда нема поубаво. И јас сум задоволен од фриленсингот со графички дизајн. 2013 беше откровение за мене. Имам некои планови и за сток сајтовите ама кога сум зафатен со пуста работа по 7-8 саати на ден кај да мрднам :(
 
nako

No1
Член од
22 јануари 2006
Мислења
918
Поени од реакции
35
Браво, секоја чест! Ти се дивам на бројкиве (y) Кажи ми дали нешто друго професионално се занимаваш со ова или имаш некоја сосема друга регуларна работа, па ова ти е плус или уште подобро дали живееш само од ова? Ако е така тоа е супер (y) Да си бидеш сам свој газда нема поубаво. И јас сум задоволен од фриленсингот со графички дизајн. 2013 беше откровение за мене. Имам некои планови и за сток сајтовите ама кога сум зафатен со пуста работа по 7-8 саати на ден кај да мрднам :(
работам во една компанија по 10-12 часа на ден плус некој пат ( скоро секогаш ) и сабота и недела, ова го започнав чисто онака си велам во животот плус 100-200 долари топ, ама испадна да земам и плата и пол накај две плус со работа од 2-3 саата на ден, сега за сега купувам опрема ( последно што земав 3 пц со процесор 4930к ги користам за 3д рендер ), ја меркав камерата на сони некс фс700 ама некако скупичка ми е, но напролет ( веќе ги обезбедив финансиите ) ќе земам сони пхикс зе100 снима 4к а тоа ми е најбитно бидејки 2014 е година каде 4к ќе се промовира во светот и неколку телевизии ќе почнат да емитуваат во 4к ( на ју туб веќе имаш опција во 4к да гледаш ), така да кога ќе се инзнабилдам со добра опрема сигурно ќе си станам сам свој газда, бидејќи во компанијата каде што работам ми се случило да ми кажат не знаеш да сликаш, или не те бидува, малку смешно ама тоа е:pos:
Впатем... имаше ден дечко ( Љупчо Смоковски ) идеше на форумот ако не се лажам, подолго време работи сток фотографија и фотките му се едни од најпродаваните ( има некој кој му се продадени и по 2000 до 20000 пати )
како ли да е, во сток ( видео фотографија или било што да е ) најбитно е да набилдаш материјал ( видео или фото ), да имаш топ опрема ( не се потпирај со искуство тука во Македонија, тука дури немаш ни телевизија која емитува фул хд, а камо ли 4к да се спремат, значи со опрема треба да бидеш најмалку чекор пред сите ) и најбитно да не се предаваш, една фотографија која си мислел дека ќе ти се продаде 1000 пати не ти се продало ни еднаш, а онаа која си се двоумел и да ја ставиш воопшто ти се продала 1000 пати
 
Kajgana Shop

На врв Bottom