Кучето имаше апетит за цело маало, бидејќи не го земав директно дома, туку почна по малку да се привикнува кај мене во дуќанот. После само ми се завлече и во стан, па немав воопшто таква мака. Срце беше ... како очајно да бараше помош ми изгледаше ...
Туку освен тоа, јас не сум видела попаметно куче ... малото што го роди и што решив да го чувам не верувам дека некогаш такво питомо ќе биде ... чудо е, чудо.
Туку, не сум го оперирала затоа што од сите двајца ветеринари, никој не ми е асален ... страв ми е да не го зае*аат полошо, а гледам вака добро е. Освен тоа, на прашање, одговорија само дека најверојатно е криво зарастена коската од ноџето, па залудно би било. Катастрофа.
А во врска со стерилизацијата (дека и кучево ми е женка, а веќе три роди од кои две со солзи ги дадов), ќе можеш кога ќе имаш време да ми кажеш како ја поднесуваат тие? Дали имаат потешкотии после стерилизацијата и сл. работи. Ептен не поднесувам да се тажни или болни беспомошни животни, па да знам до каде оди ова, да се спремам кога веќе со сигурност е така, а тебе ти верувам повеќе.
Кога имав доберман на времето, ушите кога му ги сечеа паднав во несвест од што неможев да поднесам ... после тоа мислам дека мене ми беше потешко, отколку нему т.е. неа
... ах, тешко е.