Велосиепедски Пренос

Член од
1 август 2021
Мислења
2
Поени од реакции
1
здраво на сите формуџии, и велосипедисти. Знам дека е глупо да го прашувам следново , но ме интересира. Нели не е срамота ако нешто незнаеш да прашаш. Како што вика нашата народна поговорка: Од прашано не е грешено. Ќе ве замолам некој убаво, и детално да ми обајсни за преносот кај Точаците како функционира? Сооднос на задните звезди со предните. Што значи ако назад најмалата звезда има помалку забци ? Тоа значи дека ке биде потешко за возење? И напред кај педалата најголемата звезда ако има повеќе забци ке биде потешко за вртење/педалирање, и сл. Ве молам стварноз едно УБАВО и ДЕТАЛНО објаснување
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
4.115
Поени од реакции
4.623

Еве ти видео каде има доста детали и ако нешто дополнително да прашаш слободно имаш иако според мене дечково не ја кажува најбитната информација во каква состојба на телото се одржуваат тие 80 тина вртежи во минута бидејки од таа состојба зависи дали бајкерот ќе биде способен да извози ултрамаратонска тура до 24 часа:
 
Член од
18 декември 2020
Мислења
144
Поени од реакции
92

Ке те замолам да ми објасниш, зошто кога ги брои забците на касетата оди вака: 11,12, 13, 14, 15 па прескокнува на 17, 19 па зголемува за 3 (три) 22, 25 , 28 . И зошто пет пати по ред брои т.е зголемува за еден само еве на пр. во случајов 11, 12, 13,14, 15. Ова е за касета 10-ка пренос 11 - 28 ? Е сега како би се сметало на касета 10-ка , 12 - 28. Или касета 11-ка со 12 - 28 , зошто? Ке можеш да ми разјасниш ?
 
Затоа што со првите 5 се вози претежно на блага удолница и рамна подлога а потоа со поголемите се качуваат угорници и подобро е на пример да имам запчаници со поголем број на запци доколку до крајот на касетата има место за уште 3 или 4 отколку да продолжи низата со 16,17,18 и 19 бидејки со преден погон од 22 заба ќе имам мака да се качувам на било која стандардна угорница од 6 или 7%.Ако си приметил кај обичните касети со 7 брзини има еден модел кој се вика MEGARANGE и кај него првите 6 се исти како стандардните до 28 но последниот запчаник наместо 28 има 34 заба кој служи за искачување угорници.Е сега според мене не ми е јасно зошто барем претпоследниот не е 30 на пример за да има простор за маневрирање со вртежите на педалите али што е тоа е.Секогаш кога се работи за поголеми запчаници разликата може да биде по 2 или 3 заба затоа што како се зголемуваат степените на угорниците таа разлика во запчаниците се помалку и помалку е приметлива.Мој совет е да не се замараш толку и да возиш што повеќе за да си го зголемиш своето искуство бидејки во пракса многу работи ќе ти бидат појасни отколку теоретски кога ги читаш.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom