Був, како милениче?

  • Креатор на темата Креатор на темата ^^GoRiLLaZ^^
  • Време на започнување Време на започнување

^^GoRiLLaZ^^

Happiness...?
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.792
Поени од реакции
8.069
Веб-сајт
www.wjungle.net
fba07d5dc5d9c81a5f33f5aecc748803.jpg

Одсекогаш сум ги сакал бувовите и секогаш сум сакал до мене да имам едно и да го галам... и да ми ги прави тие ретардираните фаци :icon_lol:

Сношти на сред пат сретнав едно бувче, мало, веројатно не знаеше да лета поради тоа што му свирав и никако не се тргнуваше. Почекав да видам што ќе се случи, па на разминување дојде друга кола, па еден човек излезе од колата, го фати и си го зема за него.

Се работаше за видот Кукумјавка (athene noctua)

4a476a550383a9a475d431512f159190.jpg

Криво ми е вака што испуштив шанса, ако ништо друго, додека да пораснеше да го гледав :cool:

Сте нашле ли некад бувче, сте го земале, чувале? Споделете некој искуства, каде сте ги чувале, со што сте ги храниле... па може еден ден стварно ќе го имам во раце :vozbud:
 
Последно уредено:
Буф е село во Егејска Македонија. Був е птица :)
Забележав минатата недела на бандера дремеше :) Некоја сивкаста боја :)
 
Особено снежните бувови се одлични за миленици ,но читав дека бувот има напаѓано и сопственици .
 
И јас многу ги сакам, ако имам прилика веднаш ќе земам да чувам едно. И ако се тетовирам, првата тетоважа ќе биде був, веќе имам најдено и скици.
 
Прашање е колку се припитомливи и колку е тешко нивното чување за некој кој главно чувал кучиња, мачки и папагалчиња (исхрана и начин на исхрана, агресивност, интелигенција, потребен простор, способни ветеринари) или ништо не чувал. Овие птици вообичаено се ноќни животинки па не верувам дека им е до гнавења и подбуцнувања преку ден. Дивите животни бараат многу повеќе грижа и посветеност, па по некое време воодушевувањето неминовно ќе опадне. Инаку да, супер е да се има.
 
Јас читав дека стануваат агресивни кон сопствениците после одредено време на чување .А сигурно има и некој начин за припитомување .
 
Јас читав дека стануваат агресивни кон сопствениците после одредено време на чување .А сигурно има и некој начин за припитомување .

Па веројатно има, но секако не е едноставно. Мислам дека не треба да се очекуваат чуда. Она што е сигурно е тоа дека нема да доставува метли за летање. :)
 
Не знам дали бувот може да се чува како домашен миленик
Не можат сите птици да се чуваа дома, едноставно не им одговара и угинуват ако некој ги затвори
И треба да се мисли за доброто на птицата
Најдобо земи си папагалче тие се дружељубиви
 
Не дека верувам во суеверија но жив був кој дошол на или во куќа се верува дека носи несреќа. Можеби во некој објект или дрво околу па да се грижи човек за него но дома помеѓу луѓе не фала...
 
Многу убави птици, но никако не смеат да се чуваат дома... ако имате среќа некој да се скости во вашиот двор, чувајте го тогаш, пазете го ако ви е мерак :)
 
Не знам дали бувот може да се чува како домашен миленик
Не можат сите птици да се чуваа дома, едноставно не им одговара и угинуват ако некој ги затвори
И треба да се мисли за доброто на птицата
Најдобо земи си папагалче тие се дружељубиви
Голема птица е,голем кафез и е потребен и преголем трошок е за чување,исхраната само е специфична.Само тоа е еден голем проблем.Земи подобро папагал или слично .Ќе ти го задоволи барем основното нешто задоволство дека имаш птица.
 
Не дека верувам во суеверија но жив був кој дошол на или во куќа се верува дека носи несреќа.
За ова и јас имам слушнато, го викаат утка и викаат дека кога утка во близина на некоја куќа или на самата куќа, можно било некој да умрел (чукни во дрво).

Иначе јас колку што знам, був не е за дома. Едноставно ти колку и да се грижиш за него, нема да можеш да му го пружиш она што што тој го бара како организам, а тоа е природата. Папагалот некако се привикнува на условите да живее во човечки дом и не бара некои посебни работи за негово чување. Но бувот како птица не е за во кафез.
 
Имам чувано був, но само додека не се опорави од падот, не потпорасна, после тоа одлета на слобода. Не дека се диви тие животни но се тешки индивидуалци. Овој беше малку и питом, па си доаѓаше од рака да зоба. Најчесто јадеше мелено месо со макарони, користеше ногата за да брца и после со клунот ги јадеше. Леташе слободно низ куќи, дење си имаше свој ќош за спиење. Не сакаше многу луѓето да му галамат.
 
Една од најубавите птици според мене, али знаат да станат премногу агресивни и гласни. Далеку повеќе и од типични птици грабливки дури. Така да не би ти препорачал баш. Особено ако не живееш сам.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom