Бистра Вода

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
15 јули 2007
Мислења
16.417
Поени од реакции
8.631
Возраст
34
FB_IMG_1673255433811.jpg

Бистра вода — македонска телевизиска серија во режија на Јани Бојаџи, снимена во 2022 година. Во продукција на Телевизија Алфа.

Целосно македонска продукција, без никаква помош од државата -прва македонска крими-драма серија -инспирирана од вистински настани -наскоро ќе има премиера на Алфа ТВ -режисер и сценарист Јани Бојаџи.

Над 70 актери меѓу кои е речиси целиот крем на македонското актерство: Мони Дамевски, Деан Лилиќ, Јелена Жугиќ, Роберт Вељановски, Владо Јовановски, Александар Микиќ, Кети Дончевска-Илиќ, Маја Љутков, Зоран Љутков, Васил Зафирчев, Горан Стојановски, Ирена Илиевска… -синоќа на Алфа ТВ беше промоција на трејлерот во специјалното издание на Вечерното шоу на Богдан Илиевски.




 
Над 70 актери меѓу кои е речиси целиот крем на македонското актерство: Мони Дамевски, Деан Лилиќ, Јелена Жугиќ, Роберт Вељановски, Владо Јовановски, Александар Микиќ, Кети Дончевска-Илиќ, Маја Љутков, Зоран Љутков, Васил Зафирчев, Горан Стојановски, Ирена Илиевска… -синоќа на Алфа ТВ беше промоција на трејлерот во специјалното издание на Вечерното шоу на Богдан Илиевски.
Не мораше да се мачиш да ги пишуваш имињата, можеше само: цело ВМРО актери, и ќе знаевме. Чудно само Шанац го нема.
 
Син му на Јанко Бурек е мислам дали режисер или сценарист на една или повеќе епизоди . Го имаше на телевизија .
 
Не мораше да се мачиш да ги пишуваш имињата, можеше само: цело ВМРО актери, и ќе знаевме.
Што има лошо во тоа што се сите актери членови на ВМРО политичката партија? Ок убаво би било да имаше и од СДСМ ама нема.

Да бидеме среќни што се снима нешто во ова време лошо. Конечно се разбудија некој луѓе и продукции да снимаат серии.

Е сега Алфа треба да поработи на квалитетот на сликата на телевизијата aко сака сериите да ги емитува како што треба во HD стандарди. Од сите македонски телевизии кој емитуваат каква таков HD формат и квалитет на слика Алфа има лош квалитет. Барем тоа сум го приметил на Телеком MaxTV а сите кој имаат MaxTV знаат дека Телеком го има намален квалитетот на HD каналите поради интернетот и со таков намален квалитет Сител, Телма, МРТ, Канал 5 имаат подобра слика од Алфа.
 
Последно уредено:
На прв поглед интересна ми изгледа. Што е со етикити вмровски актери ? Тие се фали најдобриот Никола Ристановски...
 
Гледам на Јесбук го најавуваат наскоро на Алфа и на Кинемое.

Логично мое размислување тоа Кинемое можеби е некоја платформа за гледање филмови и серии но дали тоа е проект од Алфа и Јани Бојаџи или нешто што веќе одамна постои?
 
Кога ќе почне да се емитува серијава?
Некаде пред крај на фебруари најверојатно.

Во емисијата Богдан Бетмен која беше темата за серијава пуштаа и сцени од серијата.
 
И вечерва во емисијата на Богдан ќе биде за Бистра Вода.
Вечерва на ТВ Алфа гледајте уште еден дел од нашата преубава екипа :) 22:30, во Вечерното шоу на Богдан Илиевски.
 
Партиски режисер, уредник на партиска телевизија, ангажирал партиски актери за серија која ја промовира на својата телевизија, во емисија кај водител партиски војник.

Ова на километри смрди на некоја огромна партиска пропаганда. Така да јас со задоволство ќе ја одминам серијава, не планирам ни минута да погледнам.
 
Во емисијата на Богдан пак гостуваа актери од Бистра Вода и се пуштија 2-3 сцени.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom