Филмови/документарци со економска тематика

Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.324
Поени од реакции
15.576
Долго време се мислам да ја отворам темава, али никако да најдам послободно време за да ја склопам убаво.

Прв филм кој ви паѓа на памет сигурно е Wall Street, но темава ќе ја започнам од поновите филмови/документарци, а на Wall Street ќе се навратам друг ден :)

Нешто што е многу активно во последно време е Светската економска криза која започна во 2008, па се направени неколку филмчиња/документаци на таа тема:

1. Margin Call
Филм со добра актерска екипа, но недоволно подготвен. Низ imdb читав дека за некои бил ептен тензичен, за мене пак сосема обратно.
Интересна поврзаност има почетокот од филмот со Up in the Air, каде што поради кратење на трошоците, беа отпуштани работници. Скоро истиот принцип на претходно споменатиот филм.
Еден од отпуштените е дел од секторот за анализа на ризикот, кој е пред откривање на голема опасност за банката. Пред да си замине од банката, своите недовршени анализи му ги предава на еден од помладите вработени кој подоцна ја открива опасност и го известува неговиот претпоставен. Од тука започнува целото дејство во филмот што е предвесник на целата криза.
6/10

2. Too Big to Fail
Behind the scenes филмче во кое се гледа улогата на Hank Paulson(Secretary of Treasury, аналогно на Министерот за Финансии во други земји), Ben Bernanke(Chairman of the Federal Reserve, аналогно на Гувернер на Народната Банка/Централна Банк) и Tim Geithner(President of the New York Fed, Претседател на ФЕД Њујорк) во справувањето со кризата која се наближува и обидот да се спаси Леман Брадерс.
За мене подобар филм од Margin Call, но со еден многу голем минус во однос на претставувањето на гореспоменатите тројца „актери“ во финансиската криза. Да беше направен без трошка почит кон Полсон, Бернанки и Гајтнер како што го направи тоа Inside Job, филмов ќе беше... филмиште.
7/10

3. Inside Job
Last but not least, Inside Job! Ремек дело е мал збор за овој документарец(значи документарец, не филм) кој доби и Оскар.
Само ќе кажам да го гледате со целосна концентрација, обавезно со сабтајтл (англиски,македонски,српски,хрватски што било), и ако сте ја прочитале Основи на Економија од Таки Фити не значи дека сте економисти и туку така ќе прелетате преку документарецов. Потребно е барем основно познавање на она што се случувало 2008та, иако во филмот е се убаво објаснето/нацртано.
10/10

Не знам по кој редослед би ви препорачал да ги гледате, јас најпрво го гледав Inside Job, па Margin Call и на крај Too Big to Fail. Вие како сакате.

Поради тоа што добив совет да ја скратам темава, нека биде ова воведниот пост, а останатите филмови во наредните денови.

Значи, освен овие погоре три, гледани ми се уште: Rogue Trader, Wall Street, Wall Street: Money Never Sleeps, Capitalism: A Love Story.

Па повелете со некое мислење или некој филм што го нема во воведниов пост. И да дополнам дека глумата не ми е на прво место во овие филмови/документарци.



(се надевам нема да отидете темава во погрешен правец)

п.с. Ме интересира економистиве на форумов што имаат гледано од ова :)
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.324
Поени од реакции
15.576
Филмови со пљачкање банки спаѓаат тука?
Сериозен си? Секако дека не спаѓаат, освен ако не се опљачкани без оружје и од страна на вработените во банката, т.е. со финансиска измама.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
Не бе, ненормален е овој, дури и тема за филмот отвори. :icon_lol: Повеќе од die hard фан!

Па ај да не биде толку очигледно, смислил „дипломатско“ име на темава... :icon_lol:

извинете за оф-топик ама морав... :D
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.624
Поени од реакции
59.475
Овој краток филм (30-ина) минути го видов на тв пред некој ден и ми се допадна:


За нас барем, што немаме појма од економија :)
Доловува некои моменти што сме ги гледале во други филмови, посебно во филмот на Мајкл Мур мислам дека се зборуваше за Федералната Банка во САД.
Поучно во секој случај.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.324
Поени од реакции
15.576
Не бе, ненормален е овој, дури и тема за филмот отвори. :icon_lol: Повеќе од die hard фан!

Па ај да не биде толку очигледно, смислил „дипломатско“ име на темава... :icon_lol:

извинете за оф-топик ама морав... :D
На Џимеј е насловот, јас мислев нешто: Inside Job и останатите :)
 

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.814
Не ми се верува дека овој фундамент на финансиска измама во светски размери,сте го прескокнале.

Вистинита приказна од прва,до последна буква во сценариото(попросто кажано: сите ликови,си се глумат самите себе си):


Enron: The Smartest Guys in the Room (2005)









Еве ви информации и на Wiki: Enron scandal
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.324
Поени од реакции
15.576
Енрон скандалот ми е ставен во букмарк, секое отварање на мозила го гледам линкот од Вики, али никогаш не сум го дочитал до крај, иако знам за што се работи. Не сум знаел дека има и филм, т.е. гугл не наоѓа вакви филмови.
Одлична препорака.
 
Член од
30 декември 2007
Мислења
794
Поени од реакции
330
Wall Street ми е еден од омилените филмови. Inside job го гледав двапат за подобро да ги разберам дел од работите, инаку top notch филм.

Tука би можеле да ги вброиме и The Money Masters, a бидејки темата е за филмови со економска тематика и Food Inc.
 

stormspeaker

Бекрија
Член од
4 октомври 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.343
The Corporation, документарен филм за создавањето и подемот на корпорациите. Исто како и сите други вакви филмови, бара малце познавање од областа, или додатно чепкање по интернет, за да се разјаснат некои работи (барем за мене е така).

Линк за онлајн гледање
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.324
Поени од реакции
15.576
Еве едно филмче базирано на вистински настан:

Rogue Trader(1999)

Доколку не сакате никакви спојлери за филмов, не читајте ништо надоле, бидејќи нема што да се напише а да не биде спојлер, али во секој случај чувството е исто и ако знаете што се случува и ако не знаете...
....
Значи, филм за пропаѓањето на најстарата банка во Лондон, Barings Bank. Во центарот на вниманието е главниот и единствен(до некад) виновник за пропаѓањето на банката, Ник Лисон, кој со недозволено шпекулативно тргување успеа да и стави крај на најстарата инвестициски банка во УК.
Има една многу добра поука од филмов од кој можат да извлечат сите кои се зависни од коцка, кладилница, итн.. не дека до сега не е кажано..
Секогаш ќе го памтам делот..
...кога му кажаа за бонусот што ќе го добие, и го прашаа:What are you going to do with all that money?
Nick Leeson: Well, I'm not going to spend them on futures and options!

Мислам дека е многу добар филм за дискутирање...
 

isoffProd

pluskavec
Член од
21 февруари 2011
Мислења
371
Поени од реакции
162
Capitalism: A Love Story дефинитивно!
Не сум некој фан на вакви „документарни фимови“ , а и не ни планирав да го гледам филмот воопшто, но го затекнав пред година/две на ТВ и човекот едноставно ме изненади, а и насмеа многу добро! :D Michael Moore е гениј! :D Многу паметно направен филм, супер склопено беше се, според мене, и го препорачувам иако не сте фан на филмови или документарци со економска тематика. :)
Ќе дознаете доста работи, а и ќе се изнасмеете од човеков! :D
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.906
Поени од реакции
11.247
Boiler Room (2000) - Ова е едно филмче што ретко кој го збори, незнам ни дали сум го начекал на форумов, но по мене е доста квалитетно.
Со брокерска тематика е, дечко (Џовани Рибиси) се вработува во брокерска фирма и се оди идеално (пари, забава, жени) на почетокот, додека не сфати колку "чесно" неговата фирма прави пари. Глумат и Вин Дизел и Бен Афлек во филмов, го препорачувам не само на љубителите на вакви филмови туку воопшто на сите, добар е филмот ;)
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.324
Поени од реакции
15.576
Capitalism: A Love Story дефинитивно!
Не сум некој фан на вакви „документарни фимови“ , а и не ни планирав да го гледам филмот воопшто, но го затекнав пред година/две на ТВ и човекот едноставно ме изненади, а и насмеа многу добро! :D Michael Moore е гениј! :D Многу паметно направен филм, супер склопено беше се, според мене, и го препорачувам иако не сте фан на филмови или документарци со економска тематика. :)
Ќе дознаете доста работи, а и ќе се изнасмеете од човеков! :D
За разлика од Inside Job, Мајкл Мур иде многу подлабоко во самиот проблем, т.е. не се фокусира на „техничките детали“ туку повеќе на претставување на Капитализмот како појава која што не може да се контролира/регулира бидејќи е зло, а злото не се контролира/регулира туку се уништува.
Има едно интервју за Гуд Морнинг Америка, каде што нешто што кажа ми привлече внимание, одма го побарав на гугл и ми даде доста резултати, што значи дека Американциве знаат да ги извлечат значајните зборови. Имено, се работеше за legalized greed, кое доколку убаво се размисли, капитализмот во основа тоа и е, иако сите пробуваме да го живееме американскиот сон...

A ситизен арест е навистина многу смешно, штета не може да се најде на јутуб како посебно видео, али го има во следниве кои се исто така добри да се погледнат:

edit: Се мислев и пак заборавив, доста лајкуваш и дај искоментирај нешто барем за овој документарец, сакам да прочитам твое мислење. @IOsono
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.624
Поени од реакции
59.475
edit: Се мислев и пак заборавив, доста лајкуваш и дај искоментирај нешто барем за овој документарец, сакам да прочитам твое мислење. @IOsono
Види, не е дека не ја почитувам темава :) , јас сакам вакви филмови ама не можам да се впуштам во посериозни дискусии зошто го немам потребното знаење од лаги и манипулација ... овај, економија де, економија мислев... Така да повеќе сакам од вас економистите ( :oops: ) да прочитам некое поиздржано мислење, ама на форумов од кога памтам многу мал интерес има за анализа на вакви филмови.

Во секој случај мене филмот ми се допадна, макар што предходно ги имав гледано Sicko и 9/11 од кои овој е послаб. Би рекол дека е на рамниште на Bowling for Columbine. Но во секој случај темата ми се допадна и храброста/дрскоста на Мајкл Мур, како и неговиот стил на изразување кој го почитувам, мислам дека е оригинален. Знам дека беше присутен на Occupy Wallstreet а како што се случија и доста немили сцени, се надевам дека собрал доволно материјали и основа за нов документарец. Мислам дека нема да издржи да ја премолчи таа тема.

Како и да е, јас ги препорачувам неговите филмови на секој. Лаиците како мене ќе бидат задоволни од филмот, а економистите (еве го пак :oops: ) ќе си имаат нешто за размислување, претпоставувам.

Кога сум тука, се сетив на нешто: има некој Србин од Канада кој го викаат „српскиот Мајкл Мур“, од причина што е копија на стилот на Мајкл Мур. Не го мислам ова лошо, сметам дека треба да се биде оригинален ама не е страшно. Кај бев... е, човеков снимил еден филм кој се вика The Weight of Chains. Филмот има повеќе врска со историја и политика отколку со економија, но при крајот на филмот се бави со економски прашања. Јас исто како и секогаш сакам да знам дали наведените работи се точни и дали имаат основа, но пак нема кој да прочепка низ ова. Пишав на некоја друга тема но не добив одговор. Ако некој се реши да го гледа и да дискутира, имајте во предвид дека се освен делот за економијата (кој не е голем и се однесува на поранешната држава и државите кои произлегоа од истата) на оваа тема е оф-топик.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom