С
сашенко
Гостин
Јувентус е италијански професионален фудбалски клуб со седиште во градот Торино. Овој клуб е основан во 1897 година и ја има поминато целата своја историја, со исклучок на сезоната 2006-07 , во највисоката лига во Првата Италијанска Дивизија Серија А.
Јувентус е историски најуспешниот тим во италијанскиот фудбал и еден од најуспешните во светот. Според Меѓународната Федерација за фудбалска историја и статистика, организирана и признаена од ФИФА, Јувентус е најдобриот италијански клуб на 20-тиот век, и вториот најдобар и најуспешен Европски клуб во истиот период.
Јувентус има освоено 51 официјални турнири и трофеи, повеќе од било кој друг тим во државата, од кои 40 во националната Прва Дивизија, што исто така е рекорд, и 11 во УЕФА натпреварувања и други светски натпреварувања и турнири, што ги прави трет тим во Европа и шести во светот со најголем број меѓународни титули официјално признати од страна на нивните соодветни континентални фудбалски конфедерацији и ФИФА .
Во 1985 година, Јувентус стана првиот клуб во историјата на европскиот фудбал кој ги освоил сите три големи натпреварувања организирани од УЕФА, Европскиот Куп на Шампионите, (сега веќе непостоечката) УЕФА Купот на Победниците на Куповите и Купот на УЕФА (прв италијански и Јужноевропски освојувач на турнирот). По нивниот триумф во Светскиот клупски куп во истата година, Јувентус ФК исто така стана првиот фудбалски тим досега што ги има освоено сите официјални меѓународни натпревари.
Јувентус имаат поголем број на фанови од било кој друг италијански клуб, и со своите 170 милиони фанови, тие се една од екипите со најголем број на фанови во стетот. Овој клуб е еден од основачите на Европска Клубска Асоцијација, која беше формирана по распадот на Г-14 , колекција од најелитните клубови во Европа.
Како и секаде по светов, Јувентус има фанови и во Македонија и оваа година ние со гордост можеме да се пофалиме со подобрената организација.Тука спаѓа фан порталот, и дружбите кои се почесто се организираат за следење во живо утакмици на нашиот миленик Јувентус.На секоја средба сме се повеќе и повеќе и атмосферата е се подобра и подобра
ИСТОРИЈА
ФормирањеЈувентус е основан како спортски клуб Јувентус при крајот на 1897 од страна на учениците од Масимо Д'Азељо Ликеј училиште во Торино, но е преименуван како Фудбалски Клуб Јувентус по две години. Клубот се приклучи на Италијанско фудбалско првенство во текот на 1900 година. Во овој период боите на дресовите на тимот беа црни и розеви. Јувентус прв го освои домашното првенство во 1905. Во тоа време традиционални бои на клубот станаа црната и белата, инспириран од страна на Нотс Каунти
Ерата на Ањели
Семејството Ањели ја презема екипата на Јувентус во своја сопственост на 24 јули 1923 година. На чело на клубот застанува Едуардо Ањели, тогашен сопственик на автомобилскиот магнат FIAT. До денешен ден, фамилијата Ањели и понатаму се сопственици на Јувентус. По смртта на Едуардо, на чело на екипата застанува Џани Ањели а по неговата смрт контролата ја презема неговиот брат Умберто Ањели. Денеска на чело на Јуве се наследниците на семејството Ањели (синовите од сестрите на Умберто и Џани)
Ерата на Липи
Во 1994 година на кормилото на Јувентус застана Марчело Липи. Во неговата прва сезона тој заедно со Јувентус ја освоиа Серија А. Во летниот периоден рок во Јувентус се донесени славни играчи како:Чиро Ферара, Роберто Баџо, Џанлука Вијали и младиот Алесандро Дел Пиеро (моменталниот Капитен и легенда). Следната сезона Липи ги одведе Јувентус во финалето на Лигата на Шампионите, каде ги поразија Ајакс на пенали после резултат од 1-1.
По освојувањето на Лигата на Шампионите во Јувентус се преселија уште славни играчи како:Зинедин Зидан, Филипо Инзаги и Едгар Давидс. Следните две сезони Јуветус освои две Серија А титули, а истотака два пати стигна во финалето на Лигата на Шампионите, каде изгуби од Дортмунд и од Реал Мадрид.
По една сезона пауза, Липи се врати во Јувентус и донесе уште славни имиња како Џанлуиџи Буфон, Давид Трезеге, Павел Недвед и Лилијан Турам.. Тој ги предводи до уште две скудета во 2000-2001 и 2001-2002. Јувентус истотака беше и во финалето на Лигата на Шампионите каде изгуби од Милан на пенали по нерешениот резултат 0-0. Следната година Липи седна на кормилото на италијанската репрезентација
Нови времиња
Во 2004 година италијанскиот тренер Фабио Капело го напушти тимот на Рома и седна на тренерското столче на Јувентус. Капело ги предводи Јувентус до уште две скудета, но во 2006 година поради скандалот со местење на резултати Јувентус беа симнати во втората лига на италијанскиот фудбал, Серија Б, а истотака им беа одземени двете титули кои ги добија со Капело. После симнувањето на Јуве, Капело замина за Реал Мадрид. Од Јувентус истотака си замина и дотогашниот директор Лучано Моџи.......
Тука завршува една убава приказна и почнува делот кој сите навивачи на Јувентус сакаме да го заборавиме.И покрај тоа што мора да се заблагодарам овде на сите играчи наши кои останаа и се бореа за Јувентус да се врати на своите стари патеки, не сакам да го спомнувам овој дел овде и не би сакал воопшто да се потсетуваме на новава тема за овие неколку очајни години.Продолжуваме со она што се случува сега оваа година.Почетокот на нова ера, враќањето на Јувентус на старите патеки на чело со Антонио Конте.
ЈУВЕНТУС ВО СЕЗОНАТА 2011/12 (ерата на Конте)
После мизерните 3-4 години, време беше Јувентус да се врати на победничките патеки.Нема повеќе екперименти, нема повеќе промашени трансфери, нема излежавање на тренинзи и губење бодови од мизерни екипи.По стапнувањето на Антонио Конте во просториите на Јувентус како некоја магија да внесе со себе и работите почнаа нагло да се променуваат.Се засилија на неколку клучни позиции, тимската работа се подобори, играчите подобро соработуваат на теренот, се пронајде вистинската тактика, тимот е секогаш мотивиран, игра борбено и резултатите секако не изостануваат. Јувентус бележи одлична серија од 12 натпревари без пораз, а впрочем е единствената непоразена екипа во Серија А. Јуве сезонава има компактна екипа која е способна да се прилагодува без разлика на нечие отсуство од составот. Генијалноста на момците од средината, убиствената форма на нападот, цврстата одбрана и оној „стариот Џиџи“ на гол, се главните особини на овој Јуве - креација на Антонио Конте.
Маркизио: Јуве мора да победува, ако мора и ќе „плукаме крв“!
Лихштајнер: Конте е нашиот лидер;Сонувам да го освојам скудетото
Дресовите во сезоната 2011/2012
Новиот стадион
Еден од клучните фактори за успехот на Јувентус оваа година е секако новиот стадион.Играчите на многу пати изјавија дека играњето на новиот стадион е мотив плус за нив, фановите го обожаваат, така да резултатите од овој голем проект на Јувентус уште по првите неколку месеци од отворањето импресионираат.Да потсетиме новиот стадион на Јувентус се вика “JUVENTUS STADIUM” и тој има капацитет од 42,000 гледачи. Стадионот беше отворен на 8 септември 2011 кога Јувентус одигра пријателски меч со најстариот клуб на светот Нотс Каунти.Првиот официјален меч се одигра на 11 септември во рамките на второто коло од сезоната 2011-2012 во Серија А,кога Јувентус со 4:1 ја совлада Парма. Првиот погодок на стадионот го постигна Стефан Лихтштајнер гво 17. минута од натпреварот
Играчи
Голмани:
Одбрана:
Средина:
Напад: