Трендо - Сорос 1:0

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
635
Се започна со една свадба



и продолжи со СОРОС :pos2:




Subject: Racist content should be removed!

Dear On Net Editor,
My name is Enisa Eminova and I work for the Open Society Instutute, New York better known as Soros foundation.
I am writing this e-mail as a reaction to the document named: Invitation for a wedding ( with plan B) which was posted on your website today!
I called On Net today and asked for removal of this content from the website since it strenghtening the stereotypes about Roma people in Macedonia.
I would once again kindly ask you to remove this content from your website immediately and appologize for speading stereotypes and intolerance.
I am cc-ing European Roma Rights Center and my collegues from OSI - office in New York on this e-mail in case you need additional explanation why this content should be REMOVED!
If you do not want to remove this racist content, then i am afraid we would have to undertake other meassures and legal procedure against your company!

Please tell me if I should talk to the owener of On Net and give me his/her name and where he/she could be reached!
Hope to hear from you soon,

Enisa
Enisa Eminova
RWI Consultant

ОДГОВОР НА УРЕДНИКОТ


Здраво живо Ениса, здраво живо Сорос!

Веднаш да се разбереме околу некои процедурални детали. Ви одговарам на македонски а не на англиски јазик затоа што:


а) тоа е официјалниот јазик на државата во која живеам и работам и официјален јазик во државата во која е регистрирана вашата Фондација;
б) 'спорниот' сајт е комплетно пишуван на македонски јазик;
в) 'спорната' свадбена покана и најавата за неа се напишани на истиот јазик;

Оттука, дозволете ми остроумно да заклучам дека ако веќе сте го разбрале јазикот на кој е напишана 'расистичката' содржина околу која реагирате - ќе го разберете и ова мое писмо.
Иф ју ноу уот ај мин...

Одиме сега на вашето писмо, ред по ред, онака како што се чисти плевел во бавча (или како што се требат вошки, сеедно)

Значи:

Dear On Net Editor,

My name is Enisa Eminova (Задоволството е взаемно, јас сум Трендо) and I work for the Open Society Instutute, New York better known as Soros foundation (добро, ама што мене ми се жалиш?).

I am writing this e-mail as a reaction to the document named: Invitation for a wedding ( with plan B) which was posted on your website today!
Ок, и?

I called On Net today and asked for removal of this content from the website since it strenghtening the stereotypes about Roma people in Macedonia.
Знам, ми се јавија дома и ми рекоа дека некој дигал паника за поканата. Им реков да не се секираат, да ти ја кажат мојата адреса и да заборават на тоа. Знаеш, тоа се луѓе кои немаат врска со сајтот туку работат како техничка поддршка за корисниците на Он.нет услугите. На сајтот е наведен контакт со уредникот на сајтот, си можела веднаш да пишеш имеил. Зошто мислиш дека јас би сакал да се слушам телефонски со тебе или со некој друг од твојата Фондација?

I would once again kindly ask you to remove this content from your website immediately and appologize for speading stereotypes and intolerance.
- Молбата е одбиена.

I am cc-ing European Roma Rights Center and my collegues from OSI - office in New York on this e-mail in case you need additional explanation why this content should be REMOVED!
- Јас нема да цц-ирам никого. Ќе ја објавам оваа наша преписка на www.on.net.mk за да ја видат неколку десетици илјади луѓе оти длабоко сум уверен дека ги делиме истите уверувања за потребата од транспарентност и за користа од јавна дебата околу прашања за кои не се согласуваме.
И не туку ми пишувај со големи букви. Во пишаната комуникација, големите букви значат повишен тон, викање, дерење... А дерење - дома, не овде.


If you do not want to remove this racist content, then i am afraid we would have to undertake other meassures and legal procedure against your company!
- Повелете слободно.Туку, мене ме чуди една друга работа тука. Најавувате дека (доколку не биде отстранета 'спорната' содржина') "ќе бидете принудени да превземете други мерки и правни постапки против вашата компанија".
Ок, за легалната постапка, реков - повелете.
Мене ме интересира она: 'и други мерки'. Верувам дека македонската јавност живо ќе ја интересира да дознае кои тоа 'други мерки' и стојат на располагање на вашата Фондација?
И јас би сакал да дознаам на кои се 'други мерки' сметате и со кои се 'други мерки' се служите во Македонија, кога сакате да се пресметате со некој кој има различно мислење од Вас.
Гледате, досега не знаев дека и вие имате 'план Б'.
Да погаѓам?
Ќе се собирате на мистични сеанси да ми фрлате невладини клетви и оупен сосајети уроци, ќе пратите луѓе да ми ги искршат нозете, ќе им дадете задача на вашите блиски НГО-а да откриваат пикантерии за мојот сексуален живот, ќе ме киднапирате и ќе ме измачувате со снимени говори на вашиот обер шеф Џорџ Сорос или со документарци за неговите брилијантни берзантски дилови?
'Мило ќе ме радува' да дознаам нешто повеќе на оваа тема.


Please tell me if I should talk to the owener of On Net and give me his/her name and where he/she could be reached!

- Нема потреба, можеш слободно да почнеш со превземање "правни и други мерки".

итн, итн.....


За крај, уште неколку реда, гратис, од мене. Искрено, откако го прочитав писмото, мојата прва реакација гласеше:
- Добро, дали се овие нормални?
Но, (повторно искрено) ден потоа, кога го пишувам овој одговор и посмирено се се обидувам да ги систематизирам грозните обвинувања, мојата реакција гласи:
- Добро, дали се овие нормални?
Сепак, да видиме за што се работи: Сумирано, вие сметате дека објавувањето на свадбената покана на Ферди и Рамиза е:
а) расистичка содржина
б) шири стереотипи и нетолеранција кон Ромите во Македонија.

'Спорната' содржина има два дела:
1. најава
2. фотографија од поканата (објавена интегрално, без никаква текстуална или визуелна интервенција во неа).
И сега, каде тука видовте расизам, каде најдовте стереотипи, каде забележавте нетолеранција?

Каде побогу видовте Роми???
Од каде знаете дека Ферди и неговoтo гулабче Рамиза се Роми? На сајтот никаде не е наведено тоа! Но, дури и да се работи за Роми, дури и да сум навел дека Ферди и Рамиза се Роми, што со тоа? Објаснете ми го остатокот од обвинувањата, мило ќе ве замолам.
Свадбената покана е дел од рубриката 'Македонштина'. Разгледајте ја таа рубрика, ќе видите десетици слични фото, аудио, видео или текстуални бисери од нашата, македонска реалност кои ми се виделе интересни за објавување. Тука ќе најдете 'дела' од Македонци, Срби, Албанци, стари, млади, селани, граѓани, мажи или жени...

Цензори мои мили, мислите дека имате право да барате да ја отстранам поканата од сајт само затоа што Вие и Вашето Невладино Преосвештенство сте ја оцениле како расистичка? Приберете се малку, приберете си го малку и јазикот, во современиот политички дијалог на Европа, расизмот и нетолеранцијата се посебно сензибилни теми и за вакви обвинувања потребно е зад себе да се имаат дебели аргументи а не само една обична и со ништо (ама баш со ништо!) невтемелена проценка од ЦК на Сорос или некој друг сличен Комитет.

Ма уствари не ми е се верува колку време ви посветив! Предлагам за крај, да се разведриме со песна:

Трендо (пеe весело, на глас): Оф, оф, Ениса, да си моја данима, оф, оф Ениса....


со Македонија во срцето, со Сорос во мислите,
Трендо

п.с. ве молам, немојте со говори од Сорос, немојте со таа варијанта. Дајте тоа со сексот и пикантериите, ако може. Јас сум спремен дури и да ви помогнам околу неа. Можеби во следното писмо, драга моја Ениса...
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
:tv:
не е нормален :pos2:
(во позитивна смисла се разбира)
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Го обожавам човеков, еден од најпозитивните ликови во Македонија. Ова мислам дека е од малце поодамна, ако не се лажам така?
 

gunner_mkd

>МиСтЕр ТиПсТеР
Член од
12 септември 2009
Мислења
1.483
Поени од реакции
83
Оф Оф Ениса :pos2:
 

bRutal savaGe

ಠ_ಠ
Член од
10 јули 2009
Мислења
4.213
Поени од реакции
88
и шо бидна со случајов после 6 год. знае некој??

мое увидување.... колку и да е голем преварант Сорос ја ипак мислам дека ова не било некој член од организациите негови туку некој спамер... Трендо премногу сериозно си го сватил и тоа е тоа, зашто Сорос би се замарал за некоја пишлива свадбинска циганска покана која Трендо ја залепил и со неговата "компанија" која може да биде еден посран дисконт у споредба со корпорациите на Џорч.

ноу сенс
 
P

Princ

Гостин
Cc: (овојпат нема никого во Cc, којзнае зошто Ениса не сака да го подели и ова свое прекрасно писмо со колегите од Европа и САД?)
Subject: RE: Racist content should be removed!


Dobro fraeru.. odime panatamu a ti i mozes da pisuvas na koj jazik sakas...

Mozes slobodno da go objavis moeto pismo kade sakas.. so toa samo ke mi napravis usluga...
jas ke go prevedam tvoete pismo pa ke go pustam da cirkulira po nekolku listi..

Ne ti se zalam kade rabotam samo se pretstaviv kako sto e redot.. ako ti imas problem so toa.. neznam kako da ti pomognam!
Ke dokazeme i kako mislime deka stanuva zbor za Romi ne se sekiraj.. ako i toa ti treba!!!

Enisa

P.S Edno e sigurno.. taa pokana ke bide izvadena od vasata webstrana a toa najverojatno ke moras da go napravis ti sakal ili ne a jas i ti posle mozeme da se dopisuvame kolku sakame i da se nadmudruvame!!!


4 МИНУТИ ПОДОЦНА СТИГНА И ОДГОВОР...


ениса дарлинг,

полека малку...
штотуку го објавив првото писмо а ти веќе праќаш и второ!

па имам јас и други работи освен да се допишувам со тебе.

затоа, извини ми ако ова твое второ писмо не успеам да го објавам денес па го оставам до утре.
Но, ветувам дека ќе го објавам. Мислам дека е неопходно да видат луѓето како ти (или луѓето на Сорос, кој како си го разбере тоа) брзо еволуираат во вокабуларот ('добро фраеру...') и како дополнително ги радикализираат ставовите (сега си па сигурна дека ќе ме принудиш да ја извадам поканата од сајт).

мајко моја, па ти озбилно веруваш во тоа?


си ја утнала и земјата и векот а богами и човекот кому му се закануваш.

биди ми добра,
трендо
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.435
Поени од реакции
5.128
Улица Рељошестокрило! :pos2::pos2::pos2:
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Ух... праисторија, дајал ап + он.нет навечер = мераци и смеа до долзи.

Базе Ск арен си бе?
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
давај уште уште плис :tv:
 

честа

Спор
Член од
25 септември 2008
Мислења
1.317
Поени од реакции
1.033
Ова, Трендо од милионер?!
Човекот е ѕверка!
 
P

Princ

Гостин
ПИСМО ОД ВЛАДИМИР МИЛЧИН ДО УРЕДНИКОТ НА ОН.НЕТ



Почитуван уреднику,


Со задоцнување, откако ми укажаа дека на сајтот што го уредувате, се одвива полемика во која се спомнува фондацијата, Сорос, па и јас, ја прочитав кореспонденцијата помеѓу Енисе Еминова и вас.
Без да навлегувам во различните, односно противставените мислења, сакам само да појаснам дека Енисе Еминова не е вработена на Фондацијата Институт отворено општество Македонија. Колку што знам јас, таа е консултант на програмата Ромска женска иницијатива при ИОО - Њујорк. Според тоа, нејзината реакција е нејзин личен став.
Неправењето разлика меѓу "јас" и "ние" во нејзината реакција и тешката вербална артилерија што ја употребувате вие, за жал, уште еднаш сведочат за тоа колку лесно кај нас се извртуваат работите.

Со почит,
Владимир Милчин

ИСТО, САМО ОБРАТНО


Здраво живо професоре, како сте?

Богами, за малку ќе ми се изгубеше Вашава реакција во купот меилови кои постојано пристигнуваат во моето - веќе по малку уморно - сандаче. Па ќе испаднеше дека нејќам да Ве објавам, па ова, па она. Шуќур што го видов, да не испаѓам резил пред луѓево.

Енивеј, да се фатиме за работа:

1. Енисе во првото писмо тврди дека е Ваша:
"My name is Enisa Eminova and I work for the Open Society Instutute, New York better known as Soros foundation"....
2. А сега вие тврдите дека не е Ваша!

Дајте луѓе не ме заебавајте!

Ако Трендо му верува на Милчин, Енисе мртва ладна може да рече дека е тоа така само затоа што Трендо е докажан расист па никако не сака да и поверува нејзе, пошто е она Ром, јел'да? Ако пак и поверувам на Енисе (дека е Ваша) тогаш Вие ќе речете дека намерно го навлекувам гневот на јавноста кон Вашата Фондација со безобѕирно инфилтрирање на луѓе од страна. Хмм...

Во секој случај, или Милчин не знае кој се' му работи во Фондацијата или пак луѓево не знаат кој се' од нив е во неа!

Ма ок проф'соре, се зезам, во ред е, нека не биде ваша. Знаете, да ме прашате за формацијата на ФК Вардар од сезоната 1986/87 можеби и ќе можам да се сетам ама ова за формацијата на вашата Фондација, со опроштење на софра - тачно не ме интересира!

Туку, да го видиме она што се однесува на мојот дел од преписката. Велите дека сум употребувал тешка вербална артилерија а тоа да ти било сведоштво "за тоа колку лесно кај нас се извртуваат работите".
Ајде?
Како прво, каде видовте тешка артилерија?
Како второ, која тежина ќе беше адекватна и поднослива за вашите демократски плеќи во одговор на еден човек кој јавно е обвинет за расизам, ширење нетолеранција и стереотипи?
Трето (и конечно), кога веќе спомнувате артилерија, од каде професоре потребата за ваква милитантна терминологија?

Но, во ред, заради стилска конзистентност на нашата преписка, дозволете ми да заклучам во Ваш стил:

- Немојте со тие куршуми, професоре!

И знаете, имам едно проектче па дајте да видиме... џиги - миги... ако може некако спонзорство да се најде....
Се зезам професоре, се зезам :)

Иначе, арни?

секогаш Ваш (сакале Вие или не),
Трендо

Одјавна шпица:
Дискусијата ја прогласувам за затворена. Нема да ја тегнеме приказната понатаму. Како што гледате, Ениса остана сама, и мене малку веќе ме фаќа жал. Темава сепак ќе остане конзервирана на насловна до понеделник, како сведоштво за една непотребна глупост. (јануари, 2005-та)
Имајте убав викенд,
Трендо
-----

Толку :icon_lol:
 
H

HITCH

Гостин
абе а да каже некој како си поминале на свадбата :pos: :pos: :pos: :pos: :pos:

и да се провери дали врнело :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos:

п.с. лелеееее ова стварно човек да не може да поверува дека пак се почнува од една обична свдба :pos: :pos: :pos:
 

~DaRko

Поштен лопов
Член од
29 март 2009
Мислења
5.888
Поени од реакции
2.481
:pos2::pos2::pos2::pos2::pos2: закон се. посебно ова над мене :pos2::pos2: секогаш Ваш (сакале вие или не) :pos2::pos2:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom